Пренаселеност

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување
Exlexmk, природата ќе си го стори своето. Развојот на здравство, технологија...не може (или не се дозволува) да го следи темпото на порастот на населението (иако последната деценија тој пораст е многу забавен па дури и во земји каде владее религиозниот концепт за подмладок како Иран), животниот век некаде е намален (како што знам во Русија последните неколку децении се намалува). И доколку се постигне тој некој плафон на население (кој теоретски постои како резултат на околината, ресурсите), се постигнува токму како резултат на вируси, бактерии, радијација, загадување, вода, гориво...сето тоа делува на густината на населеност.
А неправилната распределеност никој ниту ја решил, ниту ќе ја реши. Се порамнува најмногу со миграции, но пак и со достапност на ресурсите во тие области.

Абе за 200 години не знаеш што се ќе се измисли, може ќе се пресеиме на друга планета, може некако ќе ја продолжат Земјава во смисла на површина
Тешко веројатно. Ние имаме делови на Земјата каде човек не може да живее, камоли да се изгради систем кој ќе открие планети со добри услови за живот и систем кој ќе го понесе и насели населението. Е сеа, за 200 години...можда, но попрво ќе поверувам во експлозијата на Јупитер и Монолитот на Старите отколку на нашите шанси да заживееме макар и на "соседниот" ѕвезден систем.
 
Ех,атомски бомби,чуми и четирите јавачи на апокалипсата...

На земјината топка 41,4 милиони км2 се обработлива површина. (4,14 милијарди хектари)
Бидејќи се повеќе на планетата земја се намалуваат земјоделските обработливи површини, научниците го гледаат спасот во Генетски модифицирана храна и зголемено консумирање месо.
 
Бидејќи се повеќе на планетата земја се намалуваат земјоделските обработливи површини, научниците го гледаат спасот во Генетски модифицирана храна и зголемено консумирање месо.

На некои места се намалуваат,на некои се наголемуваат,иако генерално земено повеќе се намалуваат...
Но исто така методите за претворање на необработлива во обработлива земја постојат одамна...
Има доволно обработлива површина за 15 пати повеќе раја...

Генетски модификуваните организми се патентирани.
Тоа значи патентиран ориз,пченка,пченица,грав,свиња,теле,кокошка...
И за нив треба да се плати соодветна цена.
Финанскиска и здравствена.
“Монсанто“ на пример ...
Нивниот семенски материјал дава една реколта и толку.Новото семе од ГМО плодовите кои се добиваат - е бескорисно...
Генетски е модификувано за една реколта.
И така по нови семиња кај Монсанто и друштво секој пат кога се сади нешто...

Растенијата и животињите нема да се модификуваат за да се нахранат гладните.
За поголем профит и контрола.

Здравствените импликации да не ги споменуваме...:nesum:

ГМО? :nenene:

Засадите по принцип на перманентна култура даваат повеќе плод по хектар,органска,здрава храна.
Нема никаква потреба од ГМО...
 
Има начин како да се реши тој проблем : Редистрибуција на населението во Канада и Австралија каде што густината на населението е 3 жители на километар квадратен.
Па ни Македонија не заостанува во тој поглед- пола од вкупното население и’ е во Скопје- пишурии :pos:
кај нас е обратно
недоволно населена , така да немаме никаков проблем од тој вид на пренаселеност
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom