- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6
За Груевски претседателот на државата е небитен
Согласно со Уставот и законите ќе имаме кохабитација, изјави премиерот
БИТОЛА - „Бранко Црвенковски во политичкиот живот е човек со прилично мали ингеренции. Ние ќе одржуваме добри комуникации со него, но тој е небитен. Ние имаме други значајни работи. Се разбира, согласно со Уставот и законите ќе ја имаме таа кохабитација што ја имаме”, изјави премиерот Никола Груевски при вчерашната посета на Општина Могила, одговарајќи на новинарско прашање за комуникацијата со претседателот на државата.
Во врска со смената на министерот за локална самоуправа, Зоран Коњановски, Груевски рече дека таа е од политички причини. „Заради влегување на нова партија во коалицијата, ние решивме да направиме ваков чекор. Коњановски добро ја вршеше својата работа, но заради потребата и ПДП да се вклучи во власта како најстара албанска партија, го отстапуваме ова министерско место. Јас веќе имав средба со идниот министер. Станува збор за доста квалитетен човек кој нема никаква дамка во неговата досегашна кариера. Мислам дека Коњановски ќе има добра замена”, нагласи Груевски.
Во врска со забелешките од страна на опозицијата дека со Законот за рамномерен регионален развој се издвоени малку средства за општините Груевски одговори „Опозицијата критикува но токму таа во изминатите четири години не го донесе овој закон и не ги издвои ни тие средства”. При посетата на општините Могила и Новаци, Груевски имаше средба со земјоделските производители од овој крај, а вчера ја посети и Битола.
UBAVO KAZANO OD PREMIEROT, DEKA TAA LICNOST E NEBITNA VO MAKEDONIJA ZATOA STO STANA PRECEDATEL NA MNOGU NELIGITIMEN NACIN.