Заборавив денес за натпреваров скроз, отворам тука и гледам четири нови страни. Веднаш се потсетив дека резултати ком нема да ми биде следен весел таб за посета.
Ајде, сега барем ќе падне притисокот од непоразени на домашен терен па ќе може да почнат да прикажуваат игри како што знаат.
Да изгубиш од Барнли дома е полошо од високиот пораз против Астон Вила во гости.
Очајно лош напад против бункер екипи кои ги доминираш 90 мин и каде немањето добар дефанзивец е најмалата кривица што може да се посочи.
Клоп може само да му рече клавајте голој оти го кркавме стапо. Би бил лут ако играат лошо, вака ова се натпревари каде водство од 1-0 може многу лесно да заврши 4-0, освен тоа против ВБА.
Дури и Артета да го прашаш ќе се чуди како може резултатите да бидат вака лоши знаејќи колку голем е процентот за победа.