Premier League - 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Манчестер Сити

  • Арсенал

  • Ливерпул

  • Челзи

  • Манчестер Јунајтед

  • Тотенхем

  • битно е да се учествува


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Не е второкласен, ама за да биде нешто на нивото на ЛШ, што е ко НБА во кошарката, е да тимовите се во ситуација да го даваат најдоброто на тоа натпреварување, и да се спремни да играат со најак состав и да се у прајмот на формата.
Ова натпреварување и периодот кога истото сега се одржи тоа не можеше да го даде, немаше никаков интерес у Америка за истото иако грдни пари се дадоа за маркетинг, али ај они посебни се, ама и во Европа гледаноста не беше на потребното ниво. Многу тимови играа со млади играчи, ротираа, и на моменти делуваше све ова ко пријателските натпревари пред сезона, едноставно на сезона ко ланската све беше истрошено, повредено и отидено во три лепе.

Во било кое време би го трампал тој трофеј за титула во ЛШ или ПЛ, реално, форматот е поинаков ама секако секоја година имаа прилика тимовите кои ги освојувале куповите на својот континент ко што е ЛШ во Европа, да играат меѓу себе, и така да се добие тој условно речено светски клупски шампион, тука само апла е форматот ко да е СП на нации, ама никад тој трофеј не бил вреднуван ко што е домашното првенство или ЛШ, тоа од увек било така.

Дали овој трофеј ќе добие на тежина во иднина ќе видиме, историјата тоа ќе го покаже, сеа ко деби натпреварување немаше некој воув ефект меѓу фудбалските фанови а и фудбалски работници, трпеше доста критики и се поставуваше прашањето дали фудбалот има потреба од вакво нешто, ретко и кој го гледаше, па и немаше ТВ кај нас што пренесува, она со dazn мене ми беше дефектно.

Не постоеше ни некоја еуфорија меѓу фудбалските фанови за ова, едноставно не беше тоа тоа, и на крајно педерски начин тимот на Меси го бутнаа само ради него, зашто знаеа дека фијаско се надзираше со посетеност во Америка, тој тим реално не смееше таму да игра апсурдно беше како ги бутнаа таму а тоа многу говори за самото натпреварување, освоија некој измислен небитен куп што се играше на помошни терени и ги бутнаа, многу смешно и очигледно беше све тоа направено.
Горе-долу, комрадите опфатија тоа што го мислам и јас.

Фудбалот е дефинитивно најпознатиот спорт во светот, ама не е најпопуларен и во САД, држава во која има четири спорта сигурно пред фудбалот. И баш тоа имаше големо влијание врз самата гледаност, и на стадионите и пред телевеизиските екрани, како и врз еуфоријата околу натпреварувањето. Да не навлегуваме во политиката и сè што се случуваше таму во тој период. Поголемиот дел од утакмиците се играа на работни денови, самата оддалеченост на стадионите, како и времето на кое започнуваа некои од натпреварите, си го направија своето.

Најголемите клубови се од Европа. Имаше доста утакмици што се играа по полноќ. Е, сега, на некои тоа нема да им претставува проблем, ама многу побројниот дел што не е навикнат нема воопшто да се замраат со фудбал во тоа време, особено во фудбалска нација како Англија, на пример. Голем проблем беше и тоа што самата држава во која се одржуваше турнирот не е пристапна. Од виза па сè до финансии, за побогатите нема зима, ама за нас обичните фанови тоа е речиси невозможна мисија. Ете, да не земам нас за пример од Македонија: го поддржуваш својот клуб од Х причини и си во можност да го гледаш директно од трибина, што би избрал попрво: да одиш во САД да гледаш фудбал, или да одиш на повеќе утакмици на Меаца или на гостувања по Италија и Европа за ЛШ? Мислам дека одговорот е сосема јасен.

Ако ги земеме предвид овие работи, тогаш мислам дека бројката од скоро 40.000 просечна посетеност на стадионите и над 2 милијарди гледаност на целиот турнир е сосема океј.

Пишав и во некој од претходните постови дека речиси сè што е ново доаѓа со некаков отпор и тешко прифаќање кај широката маса, па така и во фудбалот. Треба да се даде малку време пред да почнат да се лечат комплекси и да се лепат разни епитети за турнирот: второкласен, селски, кловновски и слични изливи на мозок.

Со самата егзотика на турнирот и фактот што ќе се игра на секои четири години, тоа е голем плус уште во старт во однос на стариот формат. Во стариот формат, овие утакмици беа на ниво на пријателски сред сезона, и наместо сега ПСЖ да си лапне уште еден лесен трофеј, наидоа на потешкотии. Нема веќе толку изразен фаворит како порано. Видовме дека бразилските тимови можат да изненадат и да се борат со европските тимови. Видовме и дека Ал Хилал го лупна Манчестер Сити. Па, подобро нека се испукаат вака на секои четири години, отколку да ни се мешаат во ЛШ секоја сезона, како што се мешаат во кошарката и Евролигата. Секако, тука се и останатите европски тимови кои придонесуваат за квалитетот. Јас, колку што паметам, целиот елиминациски дел од турнирот, тимовите играа со најдобрите можни играчи. Ако не грешам, и Интер и Сити испаднаа со првите тимови. Што се однесува до повредите, за жал, и тие се неизбежен, непосакуван дел од секој спорт. Истото важи и за истрошеноста на играчите. Ако се играше нормалното СП на репрезентации, повредените пак ќе беа повредени, истрошените пак истрошени. Тоа е. Јас мислам дека поголем проблем се непотребните репрезентативни паузи за пријателски мечеви во текот на сезоната и некои лига-купови, како и оваа нова Лига на нации, отколку што би бил проблем месец дена фудбал на секои четири години.

Пополека ќе се гради такмичарскиот дух на ова натпреварување, и треба да му се даде време. Далеку е ова од перфектно деби, ама имаше и многу фактори кои влијаеја врз самиот квалитет на турнирот.

Самиот турнир е на светско ниво, па така мора да има дел од колачот и за клубови од целиот свет. И Океанија е дел од светот, па мора да има свој претставник. Среќата се насмевна на Окленд, буквално аматерски клуб, играчите имаат плата од 90 долари неделно, и овие неколку милиони што ги освоија ќе им помогнат многу во градењето на реномето на фудбалот во тој дел од светот, што најверојатно и е целта на ФИФА. Што се однесува до нив и до такмичарскиот аспект, секако дека има 1000 подобри тимови, ама има такви и во ЛШ, екипи како Слован, Славија, Јанг Бојс, Црвена ѕвезда и слични клубови што служат за билдање статистика и ротирање играчи.

Неспорно е дека Лигата на шампионите и националните лиги се SS+ тиер и се на врвот на пирамидата, ама КСП комотно е S и има потенцијал да биде заедно на врвот со двата најпрестижни трофеи. Никој не гарантира дека останатите тимови од Северна Америка, Африка, Океанија нема да го достигнат нивото барем на бразилските и арапските тимови, исто како што никој не гарантира дека ова нема да биде промашај на ФИФА од епски размери. Би било убаво во остатокот од светот да гледаме квалитетен фудбал, па да можеме да уживаме во светско клупско првенство како што заслужуваме. Нормално, само времето ќе покаже што ќе се случува со фудбалот, а и со останатите сфери од животот.
 
Каква клапа на напаѓачи дојде у ПЛ не ми се веруе и тоа ултра преплатени. Почнувајќи од нашиот клон на Снуп Дог преку Ѓоко у Арсенал и сеа за Шешко 100 факин милиони. ВОВ. Се надевам дека ќе бидат голема утка сите до еден.

Kaде пишува 100 милиони?
 
1754404958159.png

Братов за сега прав Давид Нгог по конституција и трчање.
Фримпонг реинкарнација на Стерлинг.

Уште Хоџсон и се враќаме на мрачната ера.
 
Чекајте, не сум у тек, Светко Клупско Првенство веќе ќе се оддржува на секои 4 години или покрај овај бонус куп, ќе си играат секоја година континенталните шампиони?

Некој да одговори на ова.... @vidooq @Syn @Донев
 
У тој случај треба и континенталните шампионати клубски да се напраат на 4 години за ова клупсково да има логика, вака тури му курот.
 
Сега у декември нема да играат ПСЖ и остали шампиони? :confused:
Ќе се одржува ова бе не знам зашто ти викаат дека нема, ќе си тера стандард истово еднаш годишно, а ова светсково клупско од летово, на 4 години.
 
Ќе се одржува ова бе не знам зашто ти викаат дека нема, ќе си тера стандард истово еднаш годишно, а ова светсково клупско од летово, на 4 години.

Безпотребно такмичање со 0 важност, освен пари. Ајде ако не, нека направат и ЛШ на секои 4 години, со топ 4 екипите од 5 топ лиги според коефициент, башка да се игра ЛШ секоја година како до сега, бог да чува. Добро е што Челзи го овои, небитни натпреварувања за небитни клупчиња пустински.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom