Прекршување на општите услови за работа

  • Креатор на темата Креатор на темата demjan lacky
  • Време на започнување Време на започнување
Не функционира ова. Особено не во земја каде царуваат мито и корупција.
Значи не треба барем да се обиде?

Премногу дефетистички менталитет имаме во државава. Макар да го натера газдата да плаќа повеќе за подмачкување, можеби ќе му испадне поевтино да им ги подобри условите за работење на работниците... А ако ништо друго, ќе има нашиов колега од форумов некаква морална сатисфакција дека се обидел да направи нешто.

За разлика од вас другите.
 
Ванлок, имам пријавено, не дало никаков резултат. Поддршка на друг начин, ама не би на форум за тоа.
 
Ванлок, имам пријавено, не дало никаков резултат. Поддршка на друг начин, ама не би на форум за тоа.
Само напред, Анфем, кажувај како. Со молотов коктел, напалм, диверзии и саботажи? Пази додека објаснуваш, не ракувај со рачниот миксер. Сигурноста е најбитна!
 
Организација со колегите за добивање на некои основни човекови и работнички права е добра и функционална работа, ама тешко изводлива поради лабилноста на голем дел од луѓето, и ти тврдам дека за неколку часа организацијата ќе се разбере од раководството и организаторите ќе го извлечат подебелиот крај :drk: за жал тебе ти останува само опцијата со анонимна пријава и ако веќе си решил да пријавуваш направи го тоа сам никако преку други луѓе колку и да ти се денес блиски утре не знаеш што може да биде (а и не е тајна сето она што го знае повеќе од една личност)!​
Задолжително користење на анонимен пребарувач кој можеш да го симнеш од тука https://www.torproject.org/ или сличен на овој, преку кој ќе можеш анонимно да пријавиш па крвопијците и да сакаат и да имаат кој да им каже (А И САКААТ И ИМААТ) од кого или од која IP адреса е испратена пријавата да неможат да дознаат, затоа што они ќе добијат некоја IP но нема да биде твојата ;) .
Поздрав до тебе затоа што со самото тоа што си постави прашање тука ТИ направи нешто за да си ја промениш ситуацијата во која се наоѓаш.
секоја чест би сакал да има повеќе борци како тебе (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom