Преголем си плати два билета?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е добро да се плаќа билет дупли билет за луѓето со прекумерна тежина?

  • ДА

    Гласови: 40 56,3%
  • НЕ

    Гласови: 31 43,7%

  • Вкупно гласачи
    71
L

.Lost Angel.

Гостин
Вака бидејќи видов на интернет каде што луѓето со прекумерна тежина мораат да платат Авиобилет x2 бидејќи нели не ги собира во едно седиште? што мислите според вас дали треба да има посебни места за луѓето со прекумерна тежина или сепак нормално е да се плати билет x2 еве еден пример:

Предебела си да леташ – навредена жена ја тужи авионската компанија

Кенли Тигеман била еднаш навредена во мај лани од продавачот на билети за авио компанијата „ Southwest Airlines“ со забелешката дека е предебела да лета. Кога истото и се случило во ноември, решила да тужи – јави NBC News.

getImageThumbnail.axd
Кенли е политички стратег и блогер од Њу Орлеанс. Таа вели дека не тужи за да добие пари, туку да ја принуди компанијата да престане со „дискриминирачката политика на избирање на корисници според бројот на облека“.
Според правилата на компанијата, секој што не може да се собере во едно седиште во авионот мора да плати два билети!
Првиот пат кога на Кенли и на нејзината мајка им било речено дека се предебели да летаат, таа го сврте вниманието на јавноста со своите блогови, компанијата се извини а парите за билет им биле вратени. Вториот пат, во ноември, според блогот на Кенли, вработениот во авио компанијата и рекол – па погледни се, се гледа дека ти требаат два билети!
И се извинувам поради грешката во анкетата !!!
 
Да бе, вака си е. Сметаат дека зафаќаш 2 седишта и зашто да му сметаш на другиот? Барем со тие авиокомпании со кои имам патувано вака е. Ништо ново и спектакуларно.
 
Па ако има гз ко 2 седишта , зашо да не плаќа 2 седишта ???

Ако зафаќа 2 места мора да си плати 2 места , компанијата иде у загуба у спротивно ( зборам за билетот на дебелиот ).
 
Еве и како што е ред да си дадам јас мислење мислам дека никој не сака да биде толкав дебел и сл. Мислам дека секоја Авиокомпанија треба да има барем 10 седишта наменети за луѓето со прекумерна тежина. а не да и наплаќаат дупли билет. :)
 
Лол. Па сосем нормално. Секако дека нема да трпам свиња два часа да ми се пика у седиште.
 
Ако зафаќа простор за двајца, и ако тоа е единствениот начин на кој она може да лета со авионот тогаш нека си ги плати и нека и ги дадат двете седишта за неа
 
Еве и како што е ред да си дадам јас мислење мислам дека никој не сака да биде толкав дебел и сл. Мислам дека секоја Авиокомпанија треба да има барем 10 седишта наменети за луѓето со прекумерна тежина. а не да и наплаќаат дупли билет. :)

Да бе, карго авион само за нив да прават. :)
 
Еве и како што е ред да си дадам јас мислење мислам дека никој не сака да биде толкав дебел и сл. Мислам дека секоја Авиокомпанија треба да има барем 10 седишта наменети за луѓето со прекумерна тежина. а не да и наплаќаат дупли билет. :)
Да брат али авиокомпаниите не ги изградуваат авионите. За тоа треба некое "креативно" македонче да даде идеја. :D
 
Не заебавајте и вие сега, а шо не плаќаат по пола цена слабите на кои им фура од страна. Нека направат поголеми седишта за вакви луѓе и готово.
 
Пошто сум по автобуси секој ден, реално ќе коментирам ЕПТЕН смета кога ќе седне некој дебел до тебе, ама мислам на ептен дебели луѓе.

стварно зафаќа седиште ипол, и немам намера ја поради него да "страдам", и цел пат да седам на пола седиште, ја за мојата карта сум платил исто како тој, и ако автобуската компанија што ме превозува не ги оддели седиштата со 10 сантима растојание и рачка измеѓу, за дебелиот батка да не ми седи на моето седиште, има да се бунам.
 
За авиокомпаниите незнам не сум се возела со авион и не верувам дека ќе се возам малку страв ми е туку идеава е одлична за ЈСП автобусите :D
jsp.JPG
па да видиме дали ќе пружат уште нозе, додека доле луѓето се гужваат од други елегантно пополнети личности кои не успеале да се качат горе. :)
 
За авиокомпаниите незнам не сум се возела со авион и не верувам дека ќе се возам малку страв ми е туку идеава е одлична за ЈСП автобусите :D
Прегледај го приврзокот 43037
па да видиме дали ќе пружат уште нозе, додека доле луѓето се гужваат од други елегантно пополнети личности кои не успеале да се качат горе. :)

:pos: паметна жена нема што тука :D си се испружила ехеее уште перница и готова е за патување Скопје - Ржаничино :D
 
За авиокомпаниите незнам не сум се возела со авион и не верувам дека ќе се возам малку страв ми е туку идеава е одлична за ЈСП автобусите :D
Прегледај го приврзокот 43037
па да видиме дали ќе пружат уште нозе, додека доле луѓето се гужваат од други елегантно пополнети личности кои не успеале да се качат горе. :)
Елегантно пополнети :pos::pos::pos:.....оваа кој знае со што е полнета .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom