Предвремени избори!

  • Креатор на темата Креатор на темата kmitev
  • Време на започнување Време на започнување
А навистина овија само дубат со тоа компромис-компромис, и тоа демек ќе сме испуштеле шанса за член во НАТО, кога не завоси од нас, туку од Караманлис.

Значи Караманлис е Алфа и Омега и у НАТО и у ЕУ за нас сега. И стварно дајте конкретен предлог кој би бил прифатлив за Караманлис. Занзибар?! Одговара, или и тој предлог не би го прифатил караманлис.
 
Неможам а да несе изнасмеам .Ај прочитајсе сам неколку пати и трезвено расуди пресуди.Дане одам точка по точка да ги објаснувам.И тебе би те запрашал како ке се реши спорот конкретен предлог дали имаш? Веке е јасно дека грција сака име без зборот да содржи име Македонија.Баш сакам да видам конкретен предлог за спорот со името, кое име ке се одбере од страна на сдсм што ке ги задоволи.И што вие мислите дали до септември ке се реши спорот? Зарем за такво прашање од национален интерес треба да има временска рамка? Дај лугје малку трезвено мислете.:toe:

Абе некој треба да погледне трезвено, убаво каза АБЦ подоле или имаш политичка катаракта
 
smole не удостои со пост која ако се одпечати зазима страна и половина А4 формат.... предизборните кампањи почнуваат, ќе биде интересен период за модераторите на кајгана :)
 
Да почекаме до утре, да видиме што ќе се деси на седницата, а вечерва најверојатно доста ќе биде активна американската амбасада, така да утре се е можно.
 
Да почекаме до утре, да видиме што ќе се деси на седницата, а вечерва најверојатно доста ќе биде активна американската амбасада, така да утре се е можно.
нема што да се чека, утре парламентарците сигурно ќе се самораспуштат. американците си го имаат кажано своето предвреме :)
 
Избориве се сигурни...само сега треба да има единство и масовност на изборите:)
 
Добро стварно не им ја свакам поентава на ДУИ со ова што ги актуелизираа предвремениве избори, се надеваат за во влада или...?
 
Добро стварно не им ја свакам поентава на ДУИ со ова што ги актуелизираа предвремениве избори, се надеваат за во влада или...
Погоди од трипати, еднаш имаш право...
 
bravo majstore

Вие морони сте или само неќите да разберите. Моментално владата е во криза, нема стабилност меѓу коалиционите партии а и опозицијата ја дупи работата (читај спрема широка коалиција за промена на името). А ако мислите дека проблемот со грците ќе се реши за брзо само си прајте бајрам со умо, или вие сте спремни за продажба на Македонскиот идентитет???
Bravo majstore.Objasni im vo sto e problemot.Dosta se pravat deka se golemi patrioti,avsusnost sakaat da go prodadat nasiot identitet i nasata istorija.
 
Добро стварно не им ја свакам поентава на ДУИ со ова што ги актуелизираа предвремениве избори, се надеваат за во влада или...?


Tоа е вистинското прашање , според рејтингот ВМРО повторно би биле на власт , ДУИ би ја имале поддршката на албанците а Грујо никогаш со нив не би формирал влада , значи го имаме сценариото од претходните избори кога повторно би се формирало влада меѓу ДПА и ВМРО , али проблемот е како ДУИ по втор пат би се носеле со истото ( т.е. 80% од албанците ) , прво ке плукаат врз составот на владата пред американциве и европјаниве у стил видете " kako oни повторно ги газат албанците '' ( a знаеме какви симпатии имаат истите пред Се кај американците ), истото би им идело у корист на Грците , или што би било уште полошо за земјава пак би се кренале албанциве ( и онака едвај чекаат ) што би било катастрофа за Македонија .

Сценариово е изводливо али условите се ВМРО да победи на изборите а ДУИ да победи кај албанските гласачи .
Каква корист ке има Македонија од истото ?
 
koj ke ne izlaze najkvalitetno i ke ni vrze masna kvalitetna ke ne ebe toj
samo sdsm da ne e bidejki narodot go boli gazot od niv a ne rokaat i vmro
heheeheee.znaci birajte
zmija da ve klukne ili magare da ti go fukne
eeeeeeeeeeeee
 
Ништо ич....не се главна дилема изборите, главна дилема е тоа шо ке се дешават по изборите, ќе имат турканици кој попрв да влезе во влада, ако ДПМНЕ победи (како што се навестува), шиптариве ќе се тепаат кој прв да влезе во коалиција а СДСМ ќе седат настрана ко избркани и ќе се надеваат на влез во влада со некоја си широка коалиција или пат до столче без победа на избори.
Е сеа тоа што ме плаши е следново, ако има некоја си скриена политичка игра на ДУИ и ДПА па никој од двете да не влезе во влада(а мора да има во владата ал. партија) би паднала некојаси широка коалиција и тогаш сме наебале.

Само ме интересират што ако ДПМНЕ не коалицира со ниедна ал. партија(ни ДПА ни ДУИ), дали тогаш ке може да оформи влада???

А голем ќејф ке ми се напрајт да добиет ДПМНЕ 61 пратеник(можеби и не е возможно ама...) и сами да формирет влада, јако би било тогаш. :)
 
Koj ti kaza toa deka sme mozele da sme vlezele 91va 92 POD USTAVNO IME?
Дел од интервјуто на Васил Тупурковски за овонеделниот број на Фокус....
...Да се вратиме на нашите маки.Вашата теза е дека клучни грешки се направени меѓу 92 и 94 година.Зошто Македонија веднаш на аплицирашево ООН?Имаше ли Глигоров стратегија?
Тупурковски:
-Со Глигоров разговаравме и градевме стратегија.Со кога тој понатаму ја пласираше како претседател на РМ беше негов избор. Во таа стратегија ние прво во март 92г. издејствувавме писмо од претседателот Буш сениор дека ќе ја признае РМ. Претходно,од 15 јануари,веќе го имавме позитивниот став на ЕУ преку Бадентеровата комисија која се однесуваше само на Словенија и на РМ.Значи,тоа можевме да го ставиме во игра околу нашиот прием во ООН.Дури во јули 92г. на смитот во Лисабон,ЕУ формулираше став како израз на единствена и задолжителна политика во полза на позициите на Грција.
Фокус: Зошто тој период, од јануари да јули 92 г. не се искористи за нашиот прием во ОН?
Тупурковски:
Напротив, во мај 92 обезбедивме работна средба со генералниот секретар на ООН. Таа беше така подготвувана пто ќе го дадеше процедуралниот патоказ за влез на РМ во ООН под нејзиното уставно име.
Фокус: Кој го спречи тоа? Или зошто не се искористи?
Тупурковски: Никој друг освен КИРО ГЛИГОРОВ кој не го покрена прашањето за нашиот прием во ООН на така организираниот состанок на 18-ти мај 92 г.НИКОЈ ДРУГ!
Јас бев на тој состанок,јас го организирав, а освен мене и Глигоров беше присутен и министерот МАЛЕВСКИ и шефот на кабинетот на претседателот. Никој ништо не спомена бидејќи не можеме ние да зборуваме во присуство на претседателот на државата. Според тоа претседателот Глигоров одбра да не го покрене прашањето. Јас можев само да паднам во несвест. Ќе беше апсурдно во негово присуство јас да покренувам прашање што е сосема спротивно или поинакво од тоа што Владата го третира во тој момент.
Фокус: Дали потоа го прашавте зошто?
Тупурковски: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18 мај, на позицијата претставник на претседателот на РМ во САД. Мојот став беше јасен, беше политички, но никогаш не се дозволи да се расправа за тоа во собранието на РМ.
.......
Фокус: Околу оној фамозен разговор со Алојз Мок. Ви било ли понудено за промена на името, Македонија да добие 3 милијарди долари, но и брза асоцијација во ЕУ?
Тупурковски: Пакетот што ми го пренесе Мок беше во времето кога јас веќе имав дадено оставка. Мок само ми ги пренесе пораките од Мицотакис кои што му биле дадени нему бидејќи тие се партии од иста политичка ориентација.
Фокус: Кое име беше понудено?
Тупурковски: Немаше разговор за конкретно име. Никогашне сум преговарал за името. Јас верувам дека има други формули и ги понудив. Пакетот предвидуваше економска поддршка, бидејќи на секој му е јасно дека само низ економски развој ќе се стабилизираме и легитимираме. Тој предлагаше гаранција за безбедност од Советот за безбедност, значи една избалансирана поддршка од Исток и од Запад.
Значи уште тогаш че се ослободевме од проблемот на територијалниот интегритет и неговата несигурност и конечно асоцијација во ЕУ како сигурен пат за влез. Таа понуда во 92 ќе беше крајно корисна за РМ, а ја жртвувавме за само некој да биде прогласен за предавник.

Ќе ти се прогледа малку сега, или пак ќе лупеташ!?:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom