IvicaPunK
Старо нов член
Демократската унија за интеграција денеска во Собранието на Македонија и официјално поднесе иницијатива за самораспуштање на парламентот и за одржување предвремени избори. Иницијативата во собраниските служби ја поднесе шефот на пратеничката група на ДУИ, Рафиз Алити, а на неа се потпишани сите пратеници од партијата. Во образложението на иницијативата се вели: "Македонија минува низ важен период во кој треба да се дејствува рационално. Сите овие процеси како решавањето на несогласувањата со Грција, исполнувањето на политичките критериуми и европската агенда бараат ангажирање и функционирање на институциите со полн капацитет. Бидејќи овие работи во Македонија недостасуваат и земајќи ја предвид општата политичка состојба во земјата, ДУИ се залага за распуштање на Собранието и за предвремени избори". Членот на раководството на ДУИ, Џевад Адеми за телевизија "Телма" изјави дека власта во државата - Владата и парламентот немаат капацитет да се справат со сите предизвици што се пред државата“. СДСМ, пак, доцна синоќа на седница на Централниот одбор зазеде став дека предвремени избори треба да се одржат но откако ќе се затворат клучните прашања - добивање покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Како што изјави денеска лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска, на овие задачи Македонија мора да се посвети во наредните шест месеци заради што бара од претседателот на парламентот да има разбирање за националните интереси и позитивно да одговори на барањето на СДСМ за итна седница на таа тема..Лидерката на СДСМ смета дека одржувањето на предвремени избори во овој момент ќе значи бегање од одговорноста и одлагање на преговорите со Грција, што според неа, воопшто не и одговара на Македонија и ќе значи дека во 2008 година ќе нема покана за НАТО и ЕУ. Партијата не ја исклучува ни можноста за формирање експертска или техничка влада, но во секој случај бара засилување на тимот што ги води преговорите со Грција со искусни експерти. За поранешниот претседател на ДПА, пратеникот Арбен Џафери иницијативата на ДУИ е израз на страв од можноста неговата партија заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ги решат клучните прашања на Албанците заради што се формирани работни групи. Тој дури оцени дека иницијативата на ДУИ за предвремени избори е спротивна на националните интереси на Албанците. За лидерот на НСДП Тито Петковски идејата за избори доаѓа во лош момент, кога по Самитот на НАТО земјата треба да се соземе и да се изгради стратегија. Според ЛДП, пак, како што изјави пратеникот Андреј Жерновски, неверојатно е како Македонија работи по грчко сценарио и наместо да ја искористи поддршката од САД, како што вели , сами си ставаме вето.
Превземено од
http://www.telma.com.mk/vest.aspx?vest=745
Јас сум против предвремени избори дефинитивно.. Во оваа криза со имево е лошо да се троши голем дел од буџетот на Р. Македонија..
Затоа треба ние граѓаните да излеземе на на штрајк, за да нема предвремени парламентарни избори
Превземено од
http://www.telma.com.mk/vest.aspx?vest=745
Јас сум против предвремени избори дефинитивно.. Во оваа криза со имево е лошо да се троши голем дел од буџетот на Р. Македонија..
Затоа треба ние граѓаните да излеземе на на штрајк, за да нема предвремени парламентарни избори