Предновогодишна еуфорија...некогаш и сега

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
~*~

Аххх како силно уживав и сеуште уживам во празнична атмосфера, тогаш сите околу мене се среќни и насмеани, и се ми е толку семејно, топло и ми е толку пријатно во сопствена кожа.
Посебно зошто традиционално јас ја китам елката, тоа знае да ме исполни како да сум мало дете.
Никогаш не сум обрнувала многу внимание на изгледот на градот пред Нова Година, повеќе внимание им обрнувам на луѓето.
Битно ми е да ги направам среќни, скоро секогаш и тие мене.

Аххх ... празници се ближат!:angelcic:
 
Ова како реклама за Кока Кола, а?

Незнам ако ви текнува таа рекламата мислам дека 2 години по ред се емитуваше.... беше со дедо мраз и со камиони означени со знакот кока кола, и песна во позадина: празници се ближат, празници се ближат, и цело време тоа го повторуваат, хахаха
 
За разлика од лани, кога воопшто не осетив предновогодишна еуфорија, оваа година има малкуцка повеќе, но сепак не како порано. Сите си ги кажаа причините претходно, нема да се повторувам. Се надевам дека во преостанатите денови до нова година ќе се сменат работите кон подобро.
 
Не е се до снегот, не е се до китењето за Нова година. Порано можеби стандардот дозволуваше повеќе па секаде имаше луѓе кои трчаат низ преполните продавници..купуваат, уживаат, полни со радост и еуфорија. Градот беше накитен, елката преубава, сеуште го паметам големиот Дедо Мраз на плоштадот...ех спомени.

А сега.. Ништо накитено, пусто, луѓе кои во брзање поминуваат покрај тебе и дури и не те погледнуваат затоа што се зафатени и замислени и со милион проблеми.

Она што мене ми пречи е погрешното разбирање и дочекување на Нова година. Баш пред некој ден се замуабетивме на оваа тема и еден другар ми рече дека не сака да слави никаде од една и единствена причина што скоро секој пие повеќе од што може, мора да смува нешто или тоа не е прослава ако не е така,уживаат да си ја комплицираат вечерта со безпотребно правење глупости итн. Можам да продолжам до бескрај вака, ама повторно ништо. За мене Нова година е нов почеток, оставање на сите оние непријатности позади мене, уживање во времето поминато со најблиските за новогодишните и божиќните празници. Сепак секој сам си ја прави атмосферата. Ако не можам да ја видам еуфоријата надвор можам да си ја создадам дома.:)
 
За сите на кои има фали снег овој декември, радосно ве известувам дека наредниот викенд ке имаме снег и во македонијава, дознав од сигурни извори, дедо Мраз ми се јави за да ми се пофали, ве замолува да бидете што помалку нерасположени овие денови и што повеќе празнично расположени зашто празниците се магија која им се исполнува само на оние кои очекуваат со надеж зашто се сигурни дека со насмевка и покачен аденалин, сите сонови стануваат вистина!
 
Е сега ме развесели, али ако ова е вистина оти ќе заврне снег, ќе ме расположиш уште толку....
а, и ако дочекам снег да ми падне на глава додека се наоѓам во најубавата ситуација во центар, е тек тогаш ќе бидам најсреќниот човек :vozbud:
 
хех...лани сите супер расположени, и дома и другарите...дома елката ја китевме со радост, цела куќа со ќејф ја китевме, сеа, еве ја елката до мене, сношти само ја извадив и ја наместив и со брат ми се расправаме кој ќе ја кити, никој не сака
а другарите, лани на нова година си ветивме дека оваа година ќе се изнаживееме како никогаш досега, и тоа се случи, па сеа сите сме во состојба на мирување, никој не чека ништо од животот, не сме тажни или изнервирани, ама сме ладнокрвни...
 
ПС. Тоа не значи дека не треба на форумов да си направиме празнична атмосфера!

Скул имам идеја за ова - новогодишен скин на кајгана:).

Инаку точно е дека порано повеќе се чувствуваше новогодишната еуфорија (не дека бев помал ама поубаво беше). Денес се е некако поинакво, се набрзинка колку да пројде - ќе го начичкаат градор со неонки 2-3 дена пред католичкиот божиќ и се до некаде после православниот. Порано се сеќавам с`е започнуваше од некаде 15 декември до после Василица седеше градот наџиџан со украси. А баш и елката беше таа што го правеше божиќот поубав - не сега ова Space shuttle -оф и тоа не еден туку скоро на секое место по еден има: На ул. Македонија, на плоштад, во ГТЦ итн. Не ги мрзи ли да пресадат една убава елка барем на плоштадот? За другите работи (петарди и такви срања да не навлегувам - само тоа почнува да се продава по тезгите).
 
Не сум толку еуфорична како што бев во минатото...не за друго туку поради фактот дека нема да добијам пакетче од никого:pos:.

Традицијата со елката и украсувањето сепак е неминовната радост:kesa:.
 
што ви е бре луѓе? зошто вакви теми? Ок, 10 декември сме, правилно е накај 20ти да се китат продавниците, елките-зелките и сите тие ствари јас мислам дека баш закон ќе биде оваа нова година и секоја наредна што ќе иде ќе биде уште поубава!!! :) (мислам зависи за кого/како) снегот и не е некој голем услов за да имаме новогодишна атмосфера ланската година воопшто снег не видовме па сепак убаво се прослави :) незнам што друго да ви кажам, ама ако самите не си направите да ви биде убаво - никој друг нема да се заинтересира за тоа.

се разбира дека кога ќе погледнете во минатото ги паметиме само убавите работи што се случиле, а луѓе што мрзнеа од студ и умираа? топланите не работеа, снемуваше струја во поголемите делови од големите градови? луѓе си кршеа кичми на секој тротоар :), непроодни улици, школите не работа поради топлењето, луѓе висат пред излози и си велат да имав пари ќе ја купев елката :) сега не ни е битно дали ќе купиш елка, туку дали ќе одиш во тунис за нова година :) :pos:
 
Секоја година станувам се` поиндиферентен кон празници, слави, родендени.. не ми се слави/троши пари, не се осеќам ни подобро, ни ништо - доволно ми е дома да седам и да одмарам. Дали е само до мене, или таква е и околината, не знам.

Само знам дека, како зимско дете, ми фали снег, колку и да го запуши Скопје, да биде хаос по улици.. дека, најдоброто сеќавање од некоја зима ми е од онаа пред 10-12 години кога пред зграда имав 60-70 cm снег.. и кога уствари сакав да ја китам елката :)
 
што ви е бре луѓе? зошто вакви теми? Ок, 10 декември сме, правилно е накај 20ти да се китат продавниците, елките-зелките и сите тие ствари јас мислам дека баш закон ќе биде оваа нова година и секоја наредна што ќе иде ќе биде уште поубава!!! :) (мислам зависи за кого/како) снегот и не е некој голем услов за да имаме новогодишна атмосфера ланската година воопшто снег не видовме па сепак убаво се прослави :) незнам што друго да ви кажам, ама ако самите не си направите да ви биде убаво - никој друг нема да се заинтересира за тоа.

се разбира дека кога ќе погледнете во минатото ги паметиме само убавите работи што се случиле, а луѓе што мрзнеа од студ и умираа? топланите не работеа, снемуваше струја во поголемите делови од големите градови? луѓе си кршеа кичми на секој тротоар :), непроодни улици, школите не работа поради топлењето, луѓе висат пред излози и си велат да имав пари ќе ја купев елката :) сега не ни е битно дали ќе купиш елка, туку дали ќе одиш во тунис за нова година :) :pos:

Абе не си арен :nesvest:.... Ме умре од смеа, хахахахаха

"...туку дали ќе одиш во тунис за нова година" хахахахаха
 
Не да не осеќам предновогодишна еуфорија...нема ништо од тоа. :toe:

Ко дете колку сум се радувал, леле зима, снег, ладно, топ ми беше за Нова Година. У последниве две-три години зимите се очајно лоши, само дожд и тмурно време, потапа не може да биде. Затоа и зимата веќе не ми е омилено време за разлика од кога бев помал. Значи предновогодишна еуфорија не можам да осетам освен ако не е ладно и се да биде бело, со снег. :toe:

п.с. Некои спомнаа и економска ситуација бла бла... Јас искерно мислам дека нема врска економската ситуација со предновогодишната еуфорија. :jaj:
 
Како бе нема врска,според мене ова доста влијае пред се на расположението на луѓето,како да си среќен и да се препуштиш на предновогодишна атмосфера,ако не знаеш од каде пари за да ги поминеш празниците достојно
 
Па ко мал немав пари, а поубаво си поминував тоа ми беше зборот. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom