Batistuta
..пак од скриен број...
Декември е мајку му стара,а ништо не се осеќа од атмосферата што некогаш порано знаела да завладее низ Скопјево па и низ државава,можете да направите споредба со минатите години и оваа сега,кога имаме куп штрајкувачи пред Собрание,граѓани кои трчаат од Банка во Банка да земат кредит за да ги поминат престојните празници,други кои трчаат да мењаат градоначалници....
Некогаш и сега, нешто како 1971ва и сега? Не зезај..
Разликата во последните 10тина години веројатно е во некои ситници. Елката што ја спомна Скул, исфрлањето на старите пазарски тезги од плоштад, помалку шиткачи на петарди и слично. Можеби малите нешта ги прават големите работи, ама дефинитивно се работи за вкусови. Според мене проблемот лежи баш во тоа што речиси се е како порано, односно нема никакви новини во организацијата и самиот дочек на Новата Година. Не може истите работи што пред 10 години предизвикувале еуфорија кај тебе и сега така да ги доживуваш, како што не може секоја вечер да се ебеш со истата особа у 9 саат во истата поза и тоа да те возбудува како првиот пат. Луѓето сакаат нови работи, разноликост... и така натаму.
Ова со штрајковите и финансиите не држи и не е фактор кога станува збор за така краток период. Особено што погоре или подолу сепак генерално некако тапкаме во место.. а за “на времето“ и денес може по дома да прашате. Иако се е субјективно, кој како ги доживува работите.. и така
