Предлози и свое видување на актуелните фотки на натпреварот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Toto.toto
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа третата ти е добра ја со неа би се пријавил, многу добро изгледа.
 
Третата...како се викаеше овој споменик, имав фигуричка донесено од таму од таткоми кога беше...мамаев кургам или како беше?
ееехх ...ме потсети...времеплов:(
 
Оваа третата ти е добра ја со неа би се пријавил, многу добро изгледа.
Не е моја третата
Автоматски споено мислење:

Третата...како се викаеше овој споменик, имав фигуричка донесено од таму од таткоми кога беше...мамаев кургам или како беше?
ееехх ...ме потсети...времеплов:(
Мамаев Курган е местото каде што е подигнат меморијалов,кој се вика , Родина Мать зовет. Иначе имав многу боље слики,али ја загубив мемориската,ова е се што ми е останато на соц.медиуми закачено.
 
Последно уредено:
За вакви испади вредеше дислајкот...

Иначе форца и диџеј :cool:
За да се оградиш од критики вредело?

Све е ова како дете у средно на екскурзија што чкрапнало набрзинка со телефонот колку да има што да покаже дома, ниедна не е фотографија каква што гледавме у другите натпревари, буквално испод просекот.
 
За да се оградиш од критики вредело?

Све е ова како дете у средно на екскурзија што чкрапнало набрзинка со телефонот колку да има што да покаже дома, ниедна не е фотографија каква што гледавме у другите натпревари, буквално испод просекот.
Секако дека може критика, ако е конструктивна. Дај предлози за подобрување ако имаш, ако не мислам дека коментарите се беспотребни.
 
...ретроспектива на постираните фотографии на фото натпреварот „ Споменици“!
прво да се кажам зошто ги елиминирав следниве фотографии:

20210103-190559.jpg DSC_0226.jpg

@chef_cook ... да беше само позадинскиот споменик со тргнат од видик првиот споменик ќе беше фантастично, вака двата споменика си пречат еден со друг во самата фотографија,
@TrendS ... јас би ја фотнала од спротивен правец, да главата на споменикот дојде на прв план, а и светлината од отворената врата би била позади фотоапаратотот што не би ги дале тие осветлен места на самиот споменик,

20171005-073718.jpg 8dnQl3b.jpg

@aletem ... фотографијава би била прекрасна доколку не влезеше во објективот позадината на пристаништето со што ја губи цела приказна и убавина самата скулптура, јас би нашла друг агол каде позадината би била само море или комбинација со карпите женската скулптура и небото,
@MK expat ... ефективниот момент е фатен на сребрената бојата на споменикот, но позадинскиот објект, мостот како споменик обележие на Лондон му пречи на главниот споменик на фотографијата,

aleksandar_kirovski_20210104_0.jpg CFAEAFCD-791C-44AE-93A7-85A65E741D00.jpeg

@Forza Milan... уште една одлична фотографија, но која ја губи убавината поради спротивниот хоризонт на градот, а би била идеална, барем за мене, да беше сликната од друг агол каде би била само скулптурата и морето,
@Xfire ... убавината на скулптурата и околината ја губи токму од туристот што е седнат на оградата и гледа кон фотографот, а негова фигура му е на рамото на самата скулптура,

Dame Guev spomenik.jpg mMtcV7N.jpg

@Violetova и @abrako ...многу симпатични фотографии, но младите го засенчуваат споменикот со своето присуство со што, според мене, се губи смислата и важноста на скулптурата во самата фотографија,

Ke vrne, kasaat muvi.jpg 20181006_142548.jpg 20210104_150515.jpg

@Zlatikevichius ...доколку беше помалку зумиран објектот, да се опфатеше барем малку од рамките на зградата, дека самиот споменик всушност е неговата рефлексија на соседна зграда, ќе беше топ фотка, барем според мене,
@grande-juve ... на фотографијава ми пречи единствено фатен како централно место долниот дел на скулптурата што е многу „нечиста“ и ја „угрдува“ самата скулптура,
@kano ... за малку аголот не е стрефнат да се „фатат“ сите скулптури на фотографијата, дополнително дрвото лево е вишок, две скулптури се покриени од другите што не би требало за да биде фотографијата во целина, според мое мислење,

:oeoeoe: :misticen:

...со мала елиминација, во избор на фотографија каде имаме тема споменик, според мене, се следниве фотографии :

3C52677A-2AAA-4BDA-BB74-33D80707F904.jpeg IMG_20200517_160235.jpg

@Skorp и @Емкаа ... каде во самите фотографии има два споменика, но аголот е таков што воопшто не си пречат еден со друг, напротив доаѓаат во израз и се дополнуваат како една композиција,


fdae5e853c2c1b3c2a3207ec51bd2438.jpg IMG_0109.jpg

@Dee_Jay и @gurman2 ... одлични фотографии,

aleksandar_samandov_20210104_1.jpg 20200607-155401.jpg

@Torchyrus и @SuBZerO... зафатен само дел како детал од споменикот во фотографијата,

127181115_155776206249700_2490503292130498387_n.jpg IMG_1470.JPG

@Беркут и @bijons ...патриотските споменици секогаш блескаат,

така да се гласа само за две фотографии, хмм... дефинитивно во ова тема,

19 @Емкаа и 4 @gurman2 се мои фаворити! :ljubove:
 
Bijons душо...Алал да ти е колку слободно време имаш
Одлично искористени слободно време ;)
Автоматски споено мислење:

Bijons душо...Алал да ти е колку слободно време имаш
Одлично искористени слободно време ;)

ако се сеќавам добро невозможно е да сефотне на @TrendS фотката од другата страна, едноставно не се фаќа се :)
 
Bijons душо...Алал да ти е колку слободно време имаш
... 15 минути не се нешто од мое слободно време во недела да правам нешто што ми се допаѓа, со едно око гледам пред мене филм со друго око си давам време за брзо постирање на 19 фотки, знаеш јас немам потреба од кафе , ова ми е кафе ;)
ако се сеќавам добро невозможно е да сефотне на @TrendS фотката од другата страна, едноставно не се фаќа се :)
.... можеби, не ја имав таа чест да го посетам местото, а и сите фотографии на Нет се од таа позиција како на Тренд, ама нема „невозможно“ ете од „потешката“ страна!:)

ybcnKT4.jpg


Hn9hZNy.jpg


ON6lK5X.jpg
 
Последно уредено:
...ова повеќе му доаѓа тема како „Облакодери“ отколку „Згради“, инаку до кај 6,7 ката е зграда све друго е висококатница и облакодери :D
еве @Almeida постручно нека каже, а може и ќе учествува во натпреваров! :cool:
 
бијонси, како можеш вака бафтаана да ме стааш у теми? Ниту пост имам овде, ниту сум ги отворил темиве....ај бркај работа
 
бијонси, како можеш вака бафтаана да ме стааш у теми? Ниту пост имам овде, ниту сум ги отворил темиве....ај бркај работа
Pa ubavo te pofali....kazi ako si po taa oblast

Ne te faća na kontra pa da i se ljutiš....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom