Предлог: Квалитетна храна низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Риба: Пиликатник (Струмица), Фук-Так (Дојран), Момир (Охрид), ресторанот во Вртуок ама поновиот
Пица: Портофино, Гиго, Нама (Куманово)
Фурнаринки: Срма
Ќебапи: Идадија (левата), Дестан
Шарска: ДМ
Врат: Жабарот
Скара: Љуц, Перо
Сендвичи: Челик, кај курвите Кисела Вода
Топено сирење: Гала (Битола)
Бурек: Дени 2003
Симит: Фурна Сирма
Индијанки: Апче
Чоколадни кифли: Дезо Маџари
Крофни: Хром
 
Прашував за да ми предложите некое такво место :))

ааа.. лошо сум те разбрал :) ,зависи каков луксузен ресторан мислиш, имаш од Воденица каде што седат доста видни политички фаци и плаќаат за една чорбичка грдни пари, а имаш и убави ресторанчиња со добра храна како што се Пелистер на плоштад, Мечос на Ленинова, од кафанчиња со добра скара, Љуц, Жабар, Кај Перо, Идадија итн.

а најубаво е да си разгледаш тука.
Поздрав
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ITK
Симит: Фурна Сирма
Каде е сега Сирма?
Порано, пред милион години, беше кај Апче, немаше ден баба ми да не ме пратеше со 4 метални петденарки да купам леб :)
 
Абе Мечос пак го отвориле? Баш прееска поминувам и гледам Пицерија Мечос пишува. Да не се сменил газдата или.... ?
 
Абе Мечос пак го отвориле? Баш прееска поминувам и гледам Пицерија Мечос пишува. Да не се сменил газдата или.... ?
Друг газда е сега, но само си го задржа името на пицеријата, со цел дека ќе има повеќе клиенти :) Како што викаат Исто е, ама не е исто :)
--- надополнето: 24 октомври 2012 во 17:19 ---
Мелено месо - DM, Кај Перо, Дестан
Јагнешко - Мрзенци.
Рибни Специјалитети : Вруток (Панорама), Манастирец (помеѓу Кичево и Мак.Брод), Трпејца.
Џигер: Љуц и Градска Кула (чат пат).
Фурнаџиско лешче со маслинки дефинитивно Градска Кула.
Чорби: Бристол и Дојрана (според мене највкусна)
Печење: Дојрана (најдобро прасечко).
Врат и Ребра: Кај Перо и Вила Весница.
Пита - Вила Весница и Etno House (Тетовско)
Ајвари, салати лутенци - Челик.
Ако ми текне уште нешто ќе допишам, ако не прашајте. Скоро се имам поминато од ресторани низ МКД. Ова сето што го напишав е според вкус, не значи дека и на вас ќе Ви се допадне.
 
Пица - Балила, Мечос, Енрико. На истите пак одново им се враќам, зошто ми е вкусно и услугата е секогаш на ниво.
Скара, ќебапи - ДМ, Идадија, Кај Жабарот. Сум пробала од пилешкиот стек во сланина и кашкавал, ќебапи, ребро, и се’ било на ниво. Обично избегавам мелено месо било каде, ама Дестан за ќебапи е неприкосновен.
Во Струга - ресторан Св. Никола, увијачот е совршенство, до сега никогаш не ми го утнале, кога и да сум била таму да јадам. Кај Љуц, џигерчето со лук и магдонос, врв. Старо Буре - даските се одлични, и ми се допаѓа што секогаш имаат похован модар домат и тиквичка. Да не го заборавам топеното сирење со фурнаринки во Буре, Битола. Бакрдан и овчо сирење во Неда, Галичник. Пирка ветре, глетка неопислива, и си јадеш традиционално свето јадење.
Биос ми е меана форевер ин мај харт. Сега не знам дали постои, ама таму има(ше) најдобро макало од зелена пиперка со лук, потпечен леб и козјо сирење. Да си умреш од хедонизам! Па и ракииче уз тоа. Уф.
Бурек - Дени 2003, одличен. Жу жу кога е топол, е пристоен. Чаирската фурна за солени стапчиња и симит ми е број 1 во Скопје.
Тостови од Жан Мари. Особено кога ќе ми го направат така попечен, мх мх!

Ми се пријаде :(
 
К'сни си мајке :)
 
Пица - Сезам (Лептокарија), Смог, Енрико (малку солени се со цените)
Тост - Меџик (лептокарија), Веро 2 (Тафталиџе), Жан Мари (Тафталиџе)
Кебапи - Дестан, Куќа за Храна 109 (Влае), Кораб (Ѓорче 2)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom