Предлог: Квалитетна храна низ Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Шарска: Парк Гиновци (К.Паланка)
Пастрмајлии: Снупи (Велес)

Не е ништо посебна шарската во Гиновци ама ајде ве разбирам Скопјани сте кај вие имате асална скара, дури во Велес на бродот поарна шарска прават (барем според мене..) и за второво пак си грешка, следен пат кога ќе идеш во Велес пробај од кај Баже Пити 5x подобри се од Снупи.
 
Не е ништо посебна шарската во Гиновци ама ајде ве разбирам Скопјани сте кај вие имате асална скара, дури во Велес на бродот поарна шарска прават (барем според мене..) и за второво пак си грешка, следен пат кога ќе идеш во Велес пробај од кај Баже Пити 5x подобри се од Снупи.
И трето......за вкусови не се расправа :pipi:
 
Точно ама тука неможеш да утнеш, имаш пробано чисто за споредба да видиш Снупи/Баже Пити или кажуваш онака ?
Не сум пробала, што не значи дека нема да пробам. Чим ги фалиш толку, ќе мора да се проба :pos:
Сум јадела неколку пати во Снупи, баш поради тоа што ме бендисале од прва иако викаат дека во последно време ги расипале пастрмајлиите :(
 
Не сум пробала, што не значи дека нема да пробам. Сум јадела неколку пати во Снупи, баш поради тоа што ме бендисале од прва иако викаат дека во последно време ги расипале пастрмајлиите :(

Епа следна прилика пробај дефинитивно подобри ќе бидат од Снупи, на времето беа добри и во Снупи сепак биле и се сеуште барем ниво помалце од Баже Пити. Инаку сега не само питите во Снупи се е расипано, готово пропадна заедно со се газдата ..
 
Епа следна прилика пробај дефинитивно подобри ќе бидат од Снупи, на времето беа добри и во Снупи сепак биле и се сеуште барем ниво помалце од Баже Пити. Инаку сега не само питите во Снупи се е расипано, готово пропадна ..
Чув и за тоа :(
 
Јагнешко во Мрзенци. Мај Гад колку е само добро.

ДМ во Дебар Маало скоро се. Нема промашај за било што.
Свети Никола во Струга на кеј. Скара одлична-најодлична.
Лас Америкас во Охрид на кеј за пица. Пица печена во фурна на дрва ми е еден од топ 3 фетиши за храна. Во Скопје не сум нашол подобра пица до сега.
Во Бел Рај-Радожда на рибни специјалитети.
Во Фук-Так-Дојран на рибни специјалитети, посебо крап, сом, икра, чорба.
Во Фурна Чаир на афтерпарти во 4 сабајле.
Ќебапчилница Пчела-Чаир.
Ќебапчилница Турист-Стара Чаршија
топено сирење во Метро-Битола
На скара во Дукат-Струмица
На традиционални специјалитети во Колешино заборавив како се викаше местото.
Во Гроф(о) и Ајриш бар на пастрмајлија во Штип. Швајцувана. Абе грее.
На качамак, пита и кисело млеко во Маврови Анови.
Во Корнер на скара-Куманово
Исто во Куманово бурек во Маринела.
Во Приел на Македонка (како шарска ама со цел кашкавал место во коцки). И тоа секаде ги прават добри, Кај Кумата итн...
Пилешки прсти во Ганза-Скопје.

Следно за посетување, некоја кафана што сите ми ја зборат во Шишево била ептен хард кор наводно, и рибникот во Вруток-Гостиварско.
 
Пица: Дал Фуфо-Галија (на Водно) или сега по ново се вика La Pizzeria, нема промашај.
Бела Миа - Тетово

Скара: Ресторан Фортуна - Охрид
Ресторан Евро - Прилеп
А за излагање со друштво дефинитивно Кај Злате, највкусна скара и ракија :))

Бурек: Зоки Крајче - Тетово

Знам уште добри места за јадење ама не се сеќавам на нивните имиња, ако се сетам ќе дополнам.
 
Најдобар ресторан севкупно: Енрико, Лептокарија. Соленки цени ама нема промашај освен пицата што ја зезнаа.
Најдобра пица во градот: Гиго, Порта Влае. Тип што има јадено цел живот во Балила после 2 пици од Гиго призна дека Гиго е боље па сеа видете :)
Најдобра скара: DM Дебар Маало, и онаа накај Сарај кај што снимаа к-15.. не сум бил ама ми ја фалат многу, специјално за салатите.
Најдобри пилешки прсти: Irish Pub, ГТЦ.

Според мене, се разбира.
 
Значи најдобра пицерија и ресторан според мене е Енрико во Лептокарија, Скопје...Стварно е поскапо али квалитетно јадеш и вкусно, а плус локалот е многу чист...Имаат преубави панцероти со сирење и мојата омилена пица со кулен, сирење и зелена пиперка ја прават екстра ммммм...
Иначе летно време во Палма дремам во Аеродром и сладоледот стварно е топ таму...Јас не поднесувам млеко, слатко а сакам сладолед и единствено во Палма не ми се лоши од сладоледот...Не знам какво е млекото што го ставаат во сладоледот...
Друга дестинација што ми е ок е Еквестриан исто во Аеродром карши Палма...Убави палачинки прават таму...
Мелено месо не јадам по ресторани, али во Скопје мислам дека најдобрите ќебапчиња се кај Дестан...Доколку одам на ќебапчиња, одам таму...
Во Балила пиците се многу јаки, прекалорични и мрсни...Не ми се баш ок...
И во Специјал одам, кога сакам бели пецива и морам да го спомнам моето омилено - баварски перек со морска сол одозгора и вкус на квики (НЕМАТЕ ПОИМ КОЛКУ Е ВКУСНО :vozbud: ) и исто така убави крофни со чоколаден крем прават...

Моментално на овие места ми текнува :cool:
 
Најдобра пица и една од најстарите пицерии во градот, Мечос (Скопје, Ленинова).
Најдобар сладолед прават Малага (на рекорд) и Палма (Рамстор, Карпош , Аеродром).
Најдобро гиро прават....нигде. Само Грција, овде не го бива.
Најдобри кебапчиња во Македонија....Струмица (било која кебапчилница).
Најдобра пилешка чорба прават во Национал (спроти ГТЦ од страната на Соравиа).
Најдобра скара прават во Порта влае во Куќа за скара 119 (мислам дека 119 или 109 беше некако, кај што Цацко јаде).

Тоа се според мене The Bests!!!
 
Секогаш кога одам за Скопје зимам пица од Жу-Жу пред влезот на ГТЦ стврано многу убави пици праат(y)

За пица би ти ја препорачал пицеријата Занзибар во Градски Парк.
 
Предлог за луксузен ресторан во Скопје и воопшто во Македонија?
 
Предлог за луксузен ресторан во Скопје и воопшто во Македонија?

Предлог за општо храна низ Македонија, независно од тоа дали е ресторан, кафана, биртија :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom