Предлог-измени во Законот за високо образование

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание.
Шо е тава фактор на влијание, и как се пресметува?
 
Шо е тава фактор на влијание, и как се пресметува?
Претпоставувам дека се работи за т.н. импакт фактор, т.е. за научни списанија со значаен меѓународен углед, каде што е потешко да објави текст, посебно кога станува збор за научници од земји како нашата. Тоа е поради многу причини, а првата секако не е тоа што нашиве научници се сите до еден неспособни (далеку од тоа). Веројатно постои список на такви списанија за сите научни професии, чија редакција најчесто е меѓународна. Се пресметува, исто така претпоставувам, преку бодови или поени, што го олеснува напредувањето во професијата. Сум слушнал и дека за објавување во такво списание е предвидена и парична награда.
Баш би сакал да видам статија во некое такво списание со отприлика ваков наслов „Илинденското востание во Малесија и Дримкол“. Не дека е неважна темата, но колку ќе им значи во Лондон или Берлин на пример, па да го објават? И кој ќе би рецензирал овој текст?
 
За ова е барем лесно, ќе се најдат соработници од Малезија и тие ќе го рецензираат, и онака е дел од нивната историја.

Ебати темплејтот, тек сега видов дека пишувало:
За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание.

Ова значи дека е доволно да е списанието рангирано, односно воопшто да има импакт фактор. Вакви има со лопата да ги ринеш и ич да не не чудиш ако прочиташ дека објавиле труд за носорозите и нивното влијание во Илинденското востание во Малезија.
 
Има ли некаде на нет целосно да се прочита овој закон?
 
Има ли некаде на нет целосно да се прочита овој закон?
Мислам дека не, со оглед на тоа дека се уште е во фаза (втора) на читање на Собраниска комисија.
 
Мислам дека не, со оглед на тоа дека се уште е во фаза (втора) на читање на Собраниска комисија.

Ме интересираше за звањето асистент-докторанд, што им значи тоа, дали стариот стил на асистенти и условите за нив...

Ај ако некаде има повеќе информации за ова, дајте линк. :)
 
Ме интересираше за звањето асистент-докторанд, што им значи тоа, дали стариот стил на асистенти и условите за нив...

Ај ако некаде има повеќе информации за ова, дајте линк. :)

Во моментов не можам да ти потврдам (ќе се потрудам да ти елаборирам во поблиска иднина), меѓутоа се упростува наставниот кадар на факултетиве, така да, ако сакаш да бидеш асистент, мораш да бидеш запишан на докторски студии. Во спротивен случај, си out on the cold.

Така да, поранешните звања како демонстратор, помлад асистент и слично, кои беа возможни само со додипломски студии/магистериум, веќе заминуваат во историјата.

/***

Инаку, секој од новиве предлози, претставува клинец во образовниот ковчег...
 
Ме интересира дали е вистина дека ќе се одреди или веќе е одредена фиксна цена за бранење на магистеруим, докторат и слично поради нели 5те милиони магистри во државава кои никнаа ко печурки со купени апдејтирани дипломски и да не должам...ова е чисто чаршиски муабет што ми го кажа една правничка, па ме интересира дали е вистина бидејќи не читам закони, а уште помалку измени.
Веќе ја завршувам тезата, така да мора да знам дали ќе треба да и се измочам на крај на неа и на овој систем на не-функционирање.
 
Веќе ја завршувам тезата, така да мора да знам дали ќе треба да и се измочам на крај на неа и на овој систем на не-функционирање.
Не знам дали е вистина, прв пат слушам, ама веројатно нема да важи за тебе и за сите што веќе ја пријавиле тезата и ја пишуваат, туку за оние што тек допрва ќе пријавуваат тези.
 
Случајно на твитер налетав на ваков статус. Не знам колку е точно, бидејќи изворот на информацијата е крајно сомнителен, ама од друга страна не е воопшто невозможно.
 
За ова е барем лесно, ќе се најдат соработници од Малезија и тие ќе го рецензираат, и онака е дел од нивната историја.

Ебати темплејтот, тек сега видов дека пишувало:
За еден професор да биде ментор мора да има објавено најмалку шест труда во меѓународни списанија со фактор на влијание.

Ова значи дека е доволно да е списанието рангирано, односно воопшто да има импакт фактор. Вакви има со лопата да ги ринеш и ич да не не чудиш ако прочиташ дека објавиле труд за носорозите и нивното влијание во Илинденското востание во Малезија.

Мора да те корегирам тука.
Прво погрешен цитат имаш, шест труда во меѓународни списанија или еден труд во импакт фактор.
Полесно ќе објават во 10 меѓународните списанија на шемата која што ја кажуваш. Но имапкт фактор списанијата се прилично строги и регулирани. На Запад само нив ги признаваат.

Затоа пак нашиот закон е вака срочен. Бидејќи ако се бараше 1 импакт фактор труд, немаше да има доволно професори за магистерски, а не пак за докторски студии :)
 
Случајно на твитер налетав на ваков статус. Не знам колку е точно, бидејќи изворот на информацијата е крајно сомнителен, ама од друга страна не е воопшто невозможно.
Да бе и после ќе дојде ќе ти рече некој имам 9.00 просек, а еден испит преполагал 232392349349 пати за да добие 9ка, па кој не може така да има 9.00 просек. Бог да чува и да брани. Се надевам дека не е вистина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom