Младата поетеса од Велес, Десанка (Деси) Николова, напишала песна
„Изборот е Македонија“, во која ја воспева партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ. Еве само неколку строфи од песната:
ИЗБОРОТ Е МАКЕДОНИЈА!
Еден е патот до успехот
на сите им покажавме,
со дела вредни за народот
НАЈДОБРО се докажавме.
Ние знаеме, ние можеме
преродбата да ја продолжиме,
изборот е Македонија,
за довербата ќе се оддолжиме.
Повисоки плати и пензии,
задоволна администрација,
модерно здравство и образование,
ние сме среќна нација...