Преболена љубов

  • Креатор на темата Креатор на темата Tender Girl
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Пред малку одговарав на темата Голема љубов.И покрај тоа што реков дека таа што ја имав-заврши, сепак се замислив за нешто...дали всушност завршила или фактот што ја преболев ме наведува да мислам така.

Непреболена љубов мислам дека е сосема јасно што значи но...преболена љубов?

Како би ја објасниле вие ? Сепак е љубов нели?

Јас после ќе се изјаснам.
:salut:
 
Јас после ќе се изјаснам.:salut:

Нема баш како да се изјасни, како што праша, сепак е љубов, како и да ја вртиш, сепак имало нешто, чувства, посакувања да се има врска со типот/типката... тоа што е веќе преболена тоа е веќе друга ствар, други фактори влијаат за таа да биде преболена... како што кажа непреболена јасно е што значи, а тука ќе надополнам дека и преболената љубов веќе е јасно што значи... нема иднина за тој пар... беше, помина, ги нема тие чувства веќе... се прејде...

Но, уште нешто ќе надополнам има и "преболена" љубов... па сеа...:smir:
(ние да мислиме оти е преболена, а всушност длабоко во себе не е преболена, длабоко во себе се крие нешто што и ние не го знаеме:smir:)
 
Види преболена љубов...си била со некого,си го сакала,се случило крај...на почетокот сигурно е тешко и си викаш нема веќе никогаш да најдам некој како него,почекај нега легне работата...преболена љубов е тогаш кога во себе ќе расчистиш дека нема веќе емоции кога и да го видиш :toe:
 
Не...преболена љубов е веќе да не те боли истата (јас така ја сфаќам).Легнана е работата-како што велиш ти :) Имаш сеуште емоции, чувства...но нема веќе солзи, нервирање...сето тоа е дел од минатото.Преболена ти е едноставно...
 
Ако се уште осеќаш љубов или чувства кои се повеќе од пријателство,не е тоа преболување.Тоа е само залажување дека е преболено.

Да,точно,под преболување,значи и дека нема да те боли,нема да плачеш,но ако збориме за тотално преболување тогаш значи дека и чувствата треба да избледат.
Се разбира ќе останат сеќавањата,убавите/лошите спомени,можеби со насмевка ќе се сеќаваш на него,но нема да имаш емоции,нема да ти се бркаат пеперутки,во смисол како заљубеност.
 
Преболена љубов?? :)
Сите нешта бледнеат со тек на времето доколку не се одржуваат, непишано правило.

Целосното закрепнување е тогаш кога ќе успееш да се заљубиш во следната....:wink:
 
Ако чувствата избледат тогаш не може да зборуваме за љубов.Според тебе, преболена љубов не е љубов зашто велиш дека за да биде преболена чувствата треба да избледат.Ако избледат-нема љубов.
Затоа и прашав...преболена љубов-сепак е љубов?
Значи..според тебе, преболената љубов би требало да и припаѓа на минатото а не може да биде дел од сегашноста како љубов која сеуште е жива.

Не мешајте поими.Преболена не е исто што и избледени чувства.
 
Ако чувствата избледат тогаш не може да зборуваме за љубов.Според тебе, преболена љубов не е љубов зашто велиш дека за да биде преболена чувствата треба да избледат.Ако избледат-нема љубов.
Затоа и прашав...преболена љубов-сепак е љубов?
Значи..според тебе, преболената љубов би требало да и припаѓа на минатото а не може да биде дел од сегашноста како љубов која сеуште е жива.

Не мора да значи.Баш напротив може да збориме за љубов,само што таа не била правилната,не била вистинската и таа што требала да биде.
Не е љубов.Ако е преболено вистински,не е љубов.Било љубов,но веќе не е.
It must have been love..but it's over now...
Може да ти значи,да ти биде драг како особа,но ако си го преболела вистински нема да имаш силни емоции или љубов.
 
Еве ако може јас да ти одговорам :smir::smir:
Убаво зборува Crazy in love-значи ако зборуваме за целосно преболување тогаш неминовно е и избледнувањето на чувствата.

Ако чувствата избледат тогаш не може да зборуваме за љубов.

Можеме да зборуваме за љубов затоа што и тоа е љубов.Голема љубов која си ја чувствувала некогаш.Љубов која била љубов, а не само симпатија кон соодветната личност.Каква и да била,по кои води и да течела сепак била љубов и како таква заслужува да биде запаметена. Затоа велиме преболена (но не и заборавена) љубов.Затоа што ако е така како што велиш ти, тогаш по некоја логика и никогаш не би имало преболена љубов затоа што сеуште би било љубов,нели?

Значи..според тебе, преболената љубов би требало да и припаѓа на минатото а не може да биде дел од сегашноста како љубов која сеуште е жива.

Може да биде дел од сегашноста, но само во вид на добар спомен. Заборави ги сите лоши работи кои произлегле од таа љубов, запомниги само убавите на кои ти е мило да се сеќаваш,ама во никој случај не заборавај ја и лекцијата која си ја научила.На тој начин таа љубов ќе ти биде присутна во сегашноста и тоа како дел од минатото.

И за крај:

И покрај тоа што реков дека таа што ја имав-заврши, сепак се замислив за нешто...дали всушност завршила или фактот што ја преболев ме наведува да мислам така.

:smir: Сеуште ја немаш преболено.Фактот што се замараш уште со тоа е неизбежен доказ дека сеуште ја немаш преболено.Ама на добар пат си :icon_lol: затоа што најтешкото од сето тоа е да се решиш и убедиш себеси дека сакаш да ја преболиш.Кога веќе си се решила ќе успееш верувај ми,само не потклекнувај и не дозволувај да мислиш на него, а кога ќе се најдеш во негова близина вети си дека ќе останеш рамнодушна и потрудисе така и да биде.
 
Различно си го дефинираме тој поим преболена...За мене, ако е преболена не значи и дека исчезнала, се намалила, избледела.Еве, затоа постојат и други поими за да се знае точно каква е и дали воопшто постои.
Преболена љубов...може да ја чуваш во срцето долго време а да мислиш дека исчезнала.
Да преболиш една љубов, за мене значи да поминеш низ најболниот, најтешкиот пат на љубовта.Оној кога треба да се помириш со нешто што никогаш не си сакал да го прифатиш, со нешто што упорно и упорно, со срце полно со љубов си се обидувал да го промениш.Патишта полни со болка, солзи, кубење коси...за таа пуста љубов.И после тој пат, да стигнеш до едно убаво, мирно поле огреано со сонце.Да се чувствуваш прочистен од солзите што си ги пролеал.Да чувствуваш дека постепено закрепнуваш од сите рани...Да чувствуваш дека си ја преболел љубовта...дека никогаш повеќе нема да минеш низ тој пеколен пат.Не постои веќе ништо што може да предизвика болка.Таа љубов веќе не може да ти нанесе болка.Преболена е.Сите болки што можеше да ти ги зададе-ти ги зададе и ти помина низ нив...Се ти е преболено...Помирен си со тоа дека не постои иднина за таа љубов.Но и покрај се, може секогаш да биде во твоето срце, да не исчезне, да не избледе...туку да ти го топли срцето, да ти ја грее душата.
 
~*~

Пред малку одговарав на темата Голема љубов.И покрај тоа што реков дека таа што ја имав-заврши, сепак се замислив за нешто...дали всушност завршила или фактот што ја преболев ме наведува да мислам така.

Непреболена љубов мислам дека е сосема јасно што значи но...преболена љубов?

Како би ја објасниле вие ? Сепак е љубов нели?

Јас после ќе се изјаснам.
:salut:

Кога го бакнувам, а магијата веќе ја нема.
Преболено, завршено, заборавено, заминато!

Нема магија, нема љубов!
 
Различно си го дефинираме тој поим преболена...За мене, ако е преболена не значи и дека исчезнала, се намалила, избледела.Еве, затоа постојат и други поими за да се знае точно каква е и дали воопшто постои
Преболена љубов...може да ја чуваш во срцето долго време а да мислиш дека исчезнала.
Да преболиш една љубов, за мене значи да поминеш низ најболниот, најтешкиот пат на љубовта.Оној кога треба да се помириш со нешто што никогаш не си сакал да го прифатиш, со нешто што упорно и упорно, со срце полно со љубов си се обидувал да го промениш.Патишта полни со болка, солзи, кубење коси...за таа пуста љубов.И после тој пат, да стигнеш до едно убаво, мирно поле огреано со сонце.Да се чувствуваш прочистен од солзите што си ги пролеал.Да чувствуваш дека постепено закрепнуваш од сите рани...Да чувствуваш дека си ја преболел љубовта...дека никогаш повеќе нема да минеш низ тој пеколен пат.Не постои веќе ништо што може да предизвика болка.Таа љубов веќе не може да ти нанесе болка.Преболена е.Сите болки што можеше да ти ги зададе-ти ги зададе и ти помина низ нив...Се ти е преболено...Помирен си со тоа дека не постои иднина за таа љубов.Но и покрај се, може секогаш да биде во твоето срце, да не исчезне, да не избледе...туку да ти го топли срцето, да ти ја грее душата.

Едно е да чувствуваш и да мислиш дека си ја преболела љубовта,друго е стварно да ја преболиш.
Кога ќе расчистиш сама со себе во однос на чувствата кон особата,тогаш е преболување.
Кога нема веќе чувства,емоции,кога не чувствуваш повеќе љубов или магија како што вели Сатори,тогаш станува збор за преболување.Се друго е самозалажување.
 
Преболена љубов е кога повеќе немаш чувства кои те поврзуваат со таа личност.
Кога нема повеќе љубов, омраза, болка, љубомора... кога спомените ќе бидат само спомени, а не желба.
А дали сеуште е љубов?
Па да, љубов од минатото, која почнала, траела и завршила.
И последователно на тоа што сме ја преболиле, значи дека си заминала, бидејќи повеќе ја нема во сегашноста.:)
 
Пред малку одговарав на темата Голема љубов.И покрај тоа што реков дека таа што ја имав-заврши, сепак се замислив за нешто...дали всушност завршила или фактот што ја преболев ме наведува да мислам така.

Непреболена љубов мислам дека е сосема јасно што значи но...преболена љубов?

Како би ја објасниле вие ? Сепак е љубов нели?

Јас после ќе се изјаснам.:salut:

Не е, туку била љубов и затоа сеуште така ја нарекуваме.
Доколку е преболена врската и партнерот, нема тука повеќе никакви чувства освен рамнодушност кон него. Доколку нешто од ова не е така, не е тоа преболена туку само љубов.
 
Леле сите се фативте за тоа дека сепак е љубов но од минатото.Го знам тоа, но целта ми беше дали е само љубов од минатото или може да биде и од сегашноста.Океј :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom