Divider
Seraphim
Имам пластично елченце!
Нешто малку гирландчиња, ќе земам вештачко снеженце, ќе ставам нешто малку лампионченца и веројатно ќе го клапосам во некое ќошенце од станот.
А градов каде сум блесна во сиот раскош и убавина. Накитени излози, продавници, улици, паркови (и зеленила).
Но, веќе ми е здодевно. Премногу светлина и убава красотија не ни прилега нам македонците.
Ние сме по природа депресивни иако тоа вешто умееме да го криеме (за да не рече комшијата), така што е мошне умно да се остави малкуцка темнотија, за да не се одземеме та да не можеме да се соземеме.

И за некој ден почнувам со украсување на домот.. едвај чекам
Како малечко девојче се радувам, ама не ми е гајле ! Уште снег убаво да си наврне и целосно да почувствувам дека е Нова Година и Божиќ. Само ми е криво што тука и не се обрнува многу внимание на вакви работи. Како да чекаат луѓево побрзо да поминат празниците и тоа воопшто не ми се допаѓа :/