Празнично украсување

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
386
Вчера гледав колку убаво изгледа целиот град во сијалички и Божикни декорации и како што пророси и снег - ептен ми се бендиса целата слика. Претежно интересен за децата, периодот на Божик и Нова Година и за возрасните е посебен и вреден да се одбележи како што треба.
Малку понапред од нас Католиците веќе почнуваат со украсување на домовите - елки, прозорци, дворови...
Ме интересира како вие мислете да накитите за да внесете празнична атмосфера во домот? Дали тоа го правите со мерак или за да се одбележи? И дали го доживувате како напор или како убав обичај кој го развеселува семејството?

christmas-tree-with-presents.jpg
 
Добра ти е темата Аназтазија...
Ја баш вчера нешо по градов имав работа и глеам почнале со китење украсување едно друго... Убаво е нема што, мене искрено ми е мило кога ке видам како е украсно онака у различни бои црвени плави зелени незнам ти какви се нема украси да видиш па дедо мразовци па елки ова она...
Убаво е за секого барем така мислам... Убаво е и дома да си имаш накитено е сеа зависи секој по свој стил.. Јас д ти кажам искрено еве веќе трета година не китам дома елка.. тоа и го препуштам на сестра ми не за друго него ме мрзи а и мн ѓубре се прави додека накитиш... Кога би имал можност ја би ја накитил куќата... или па да имам некое дрво во двор поубаво него би го накитил ( со сиалички само нормално ) некако поубаво ми изгледа.. башка секој кој ке помине може да забелиежи...
 
Кај мене дома веќе се е накитено, права Божиќна атмосфера, со вистинско задоволство китам и укарсувам. Вториот ден на Божиќ кај мене е куќна слава и имам преку 30 луѓе на гости. Семејна традиција е да доаѓа Дедо Мраз и да им носи поклони на сите деца што ми се на гости. Вистинска фешта да ги видите само малите како се спремаат за Дедо Мраз висат по прозорци и му ја чекаат санката. Го прашувам сега син ми дали се лути што не му кажував дека нели нема Дедо Мраз, а тој вели дека било топ, и дека со задоволство ќе ја продолжи семејната традиција која е започната од неговиот дедо пред 40 години. Еве за тие што имаат деца еден предлог да им направат вистинска Божиќна илузија. Дедо Мраз сеуште доаѓа кај нас.
Среќни празници.:smir: :back:
 
Аххххх, наубавиот период во годината. Колку сакам само да е секаде украсено и така да си врне снег :youpiii:.


Ево една елкичка од мене

el9.gif



:ladnicko:
 
Christmas-Tree-Fireplace-1024-127315.jpeg


Уживам во празнициве.
Градот е прекрасно накитен, се чувствува одма поинкава атмосфера и различно расположение.
Ќе посветам дел од своето време во украсување кај мене дома, сијаличките се мојата обврска и секогаш уживам во моментите додека си поигрувам со нив.
Стварно е убаво кога на неколку денови пред нова година сите дворови, балкони и куќи празничко ќе блеснат.
Одма се чувстува поинаква атмосфера која дава убава и позитивна енергија.
 
супер тема..само шо ја не кревам многу галама околу китење,повеќе мама се замара од мене...ми купила мала елка,украси некој си и незнам уште шо не и почна да ми украсува у соба...сепак убаво е да е украсено колку да се обележи
 
Не бе, замара тоа. Башка после треба да се чисти :) Ако сака мајка ми нека кити, а ја ќе си глеам по излози убави новогодишни работи, кои секако нема да ги купам.
 
Според мене ове дефинитивно најубав период од годината.. Задоволство ми е да украсувам по дома..:smir: .. Ме полни со позитивна енергија..:pipi:
 
Уживам во декемри и јануари, тоа ми е омилениот период од цела година. Најубавата глетка е кога шеташ навечер низ град, насекаде паѓа снег а цел град е украсен и насекаде околу тебе има светла и се осеќа божиќна и новогодишна атмосфера. Колку ми е само криво сега што живема далеку и наместо во зима треба нова година да ја славам во лето и да се топам на 40 степени:jaj:

Кај нас дома е се украсено, елката е наредена, дедо мразовци и сите пропратни украси се на место, а куќата е однадвор украсена. Искрено чинот на редење ми е интересен ама ништо посебен зашто некогаш го чувствувам како товар. Ама затоа пак прекрасна е глетката кога ќе видиш се како е украсено и блеска :)
 
Прекрасен период од годината. Моменти во кои потполно се посветувам на удобноста во домот и неговото разубавување.
Обожавам китење затоа што ме исполнува со некоја енергија која ми дава уште поголема сила за да продолжам со работата:)
Прекрасен начин да се зближиме ние дома како семејство.
Кога е елката во прашање, без разлика дали некој од нас има некоја работа, сите заедно ја китиме:)
Потоа, татко ми е задолжен за китење на балконот (сијалички и снегулки од стиропор), мајка ми е задолжена за декорација на една од полиците на кое е поставено раѓањето на Исус, а јас и брат ми сме задолжени за сите останати украсувања:pipi:
Едноставно, преубаво се чувствувам кога си китам низ дома. :back:
 
Порано повеќе се радував, сега не би седнала да се замарам да китам, затоа што не се вртам дома за да имам време. :) Убаво ми е да гледам накитени места, ама не знам дали заради тоа што во последно време имам отрпнато на Новогодишната еуфорија, намалена ми е радоста како треба да се кити. Ние обично дома китиме за св. Никола, тоа е како традиција, од како знам за себе. :)
 
Мноооогу сакам украсување.Целата таа топла атмосфера која се создава е прекрасна:pipi:
 
Претходните години секогаш ја китевме елката,ми беше мерак ептен:)а сега не ме интересира ни каде ни е елката а не па да ја китам.Инаку улиците се веке накитени.
 
Не украсувам, немаме мали деца по куќа. Ме мрзи елката да ја ставам, многу ѓубриња праи треба да смукам после со правосмукалка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom