Правосуден испит

Денеска прочитав дека е пуштена новата програма за правосуден испит. Ја погледнав и со оглед на тврдењата дека материјалот бил обемно зголемен малку сум збунет.. Освен делот во кривично право не видов некои други измени во другите закони.. Незнам, можеби и сум погледнал и некоја друга програма. :D Ке ве замолам, ако може некој да ми подобјасни кои се тие промени во програмата и кои се тие нови закони вметнати во истата
 
Последно уредено:

Линк до најновата програма за полагање на испитот објавена на 7 октомври на страната на Министерството за правда:
http://pravda.gov.mk/download.asp?Lang=mak&id=1232
Нови закони:
- Закон за комитетот за односи меѓу заедниците
- Закон за употреба на јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа
- Закон за странци
- Закон за државјанството на Република Македонија
- Закон за шумите
- Закон за ловство
- Закон за водите
итн.
 
Фала ептен :)
 
Има некој што планира да полага во Декември?
 
Јас имам уште малку да дочитам од трговско за целиот материјал да ми биде минат еднаш, но многу бавно ми оди. Додека читам еден предмет имам чувство дека го знам, а штом почнам да читам друг предмет претходниот го заборавам :( Мислиш дека ќе научиме до Декември?
 
Од лично искуство, со само еднаш или двапати поминат материјал, воопшто не се појавувајте на испитот! Треба многу учење, во смисла на „загревање на столчето“. За успешно да го положите испитот ќе ви треба учење најмалку 3, 4 па и 5 месеци, е сега зависи на колку испити ќе се јавите да полагате.
Поентата на овој пост не ми беше да ве деморализирам или одвратам од идејата да полагате во демекмври, туку да ви укажам дека НАВИСТИНА треба да научите за да се јавите на испитот!!!
 
Само за граѓанско треба едно 2,3 месеци салам учење..
Уставно е исто доста тежок,обемен материјал....а и Иџет бара доста,плус специфичен тип е:cautious:..(плус доста потпрашања поставуваат,па можно е да ги одговориш од комбинацијата сите како треба да заглавиш на потпрашањето)...
Со еднаш,два пати(читкање)џабе е....
Мора да се поминат салам сите прашања,се буквално се паѓа....
Единствено на трговско ако се помини така полесно(ноншалантно со оглед дека Јово е "најкул" од сите:)),на другите без салам поминат материјал џабе е,нема шанса да се помини...
А речиси главен фактор е среќата,да ти се погодат прашањата...сепак сите прашања си имаат различна тежина...:pipi:
 
фала дечки за советите, вашето споделено искуство е од голема помош, за мене барем :) само би сакал уште да ве прашам отприлика кој период се полага декември? дали е истиот период како и другите сесии, почнувајќи од половина па до крајот на декември?
 
Да, отприлика истиот период е!
 
На 15-ти Октомври(пред 2 дена) стапи на сила новиот закон за правосуден испит. Согласно законот, единствениот електронски регистар со прашања треба да биде изготвен најдоцна до денот на примената на законот, а до овој момент нема такво нешто. Има ли некој информација во врска со ова.
 
Од на сајтот на министерството за правда. Пред десетина дена имало состанок на министерот за правда, едукаторите од академијата за судии, фирмата која ке брка работа со компјутерите и незнам уште кој таму... Станало збор за начинот на кој ке се внесуваат прашањата во базата, за тоа какви ке бидат прашањата.... се отчекувало првата сесија да биде во декември и.тн.
 
Има ли некој информација дали прашањата за електронското полагање треба да се објавени претходно???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom