Правосуден испит

Има ли некој информација дали прашањата за електронското полагање треба да се објавени претходно???
Да, претходно треба да бидат ЈАВНО објавени!
За подетални информации прочитај си во Законот за правосудниот испит, член 20 ставови (5) до (8)!
 
Attachments

Во ред го читав законот, но дилемата е дали ако треба да се претходно објавени прашањата, има време за во декемвриска испитна сесија истите допрва да се изготват, да се објават и по нив да се полага ???
И уште едно прашање дали тие што се спремаат за во декемвриска испитна сесија се спремаат по новата програма која е сега објавена или по старата????
 
Можеби јас грешам некаде, ама ги прашувам тие што учат (за сега во Декември и по новата програма) дали не им е чудно да се учат одредби што се наоѓаат во закони што се вон сила ??? Оваа програма (посебно Граѓанско) има прашања што дефинитивно требало поинаку да бидат формулирани.
 
Уствари се е хаос и крајно се неорганизирани и без осет!

На нецел месец до полагања уште не даваат никаква информација конкретна по старо ќе се полага или по ново, а истото МОРАА да го сторат само што ја извадија програмата нова или минмум да месеци пред сесија за да знаат луѓе како да учат, зошто многу различно е да учиш за раскажување усно од влегување во детали и учење за прашања (кои патем и немаме појма какви ќе бидат, не дај боже да се Родна стајл).
Јас лично од кога почнав да читам се осеќам ни ваму ни таму цело време, ко да влегувам во некоја темница кај што не знам што ме чека. Прво почнав за усно да читам, па наслушнав муабети по ново ќе е, па излезе новата програма што беше као показател дека ќе почне новиот начин и се префрлив на учење за електронско полагање. И пред некој ден уствари ме удри паника, зошто гледам дека ни вадат прашања ни даваат соопштение и ко да сфатив дека по се изгледа по старо ќе се полага и дека сум горе доле во незавидна положба.
И што вадиш бре нова програма, набилдана со нови прашања, закони, чуда.. наменета за изготвување прашања, ако ставаш луѓе усно да полагаат по неа. Прво скокни па оп кажи.
 
Еве ја програмата и прашањата, законот е во сила, така да мислам дека треба да се полага електронски.
 
Дали во меѓувреме некој има некаква си информација за Декември (како ќе се полага)... да ја сподели со сите нас?
(Само инсајдерски врски) :pos:
 
Последна неофицијална информација што ја имам јас е дека Декемвриска сесија можно е и воопшто да не се оддржи, а Февруарска сесија да биде по нова програма. А што се однесува до базата на прашања кои што треба да ги објават УШТЕ ПОИМА НЕМААТ
 
odvaj cekam da polagam na zaokruzuvanje da ne mi stoi na glava vise. ako imate nekoj informacii za polaganjeto kazete. pozz[DOUBLEPOST=1416918357][/DOUBLEPOST]Na stranata na akademika e objaveno se za polaganjeto.
 
Последно уредено од модератор:
Јас моменталнава ситуација би ја прокемтирал вака:

Некој решил да го прекрши ЗАКОН ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ, ама останува да видиме кој и како.
Согласно погорецитираниот закон веќе треба да се применува новиот систем на полагање - што вели дека треба да е електронски (очигледно не се спремни - бидејќи прашања, а ни случаи нема)

Е сега, бидејќи не се спремни за во Декември таа сесија не би требало ни да се одржи (по некоја логика), нели?
Значи ако нема Декемвриска сесија има несоодветна примена на законот - законот вели Декемвриска сесија. Опааа некој ќе плаќа глоба ... :cuc:

Ако па одлучат дека во Декемвриска сесија треба да се полага на стариот начин по мене, а и согласно законот ќе биде дупла грешка. Зошто? Затоа што Законот за ПИ во член 36 вели дека новиот начин на полгање треба да се применува 1 година од влегување во сила на ЗПИ - до денес овој рок е поминат, а јас не знам дека собранието има донесено законска измена за ЗПИ за продолжување на рокот или слично.
 
This just came in
И декемвриска сесија ќе била согласно новиот закон, со тоа што ќе била малку подоцна, некаде околку 20ти декември. Деноноќно "работеле" да стасаат на време. 90% од базата на прашања им била подготвена и во секој момент требало да ја објават на интернет.
 
голем проблем за колегите што ќе полагат во декемвриска сесија, стара програма, нова програма, едноставно не знаеш од која програма да го учиш материјалот!
 
This just came in
И декемвриска сесија ќе била согласно новиот закон, со тоа што ќе била малку подоцна, некаде околку 20ти декември. Деноноќно "работеле" да стасаат на време. 90% од базата на прашања им била подготвена и во секој момент требало да ја објават на интернет.

Од каде ти е информацијава? :cautious:

Бајги нае*авме оваа група што се реши да спрема правосуден за декемврсика :unsure:
 
Од каде ти е информацијава? :cautious:

Бајги нае*авме оваа група што се реши да спрема правосуден за декемврсика :unsure:

Не е битно од каде е информацијата. ( да се полагаше на стариот начин досега ќе имаше распоред за полагање) Битно е кога ќе ја објават базата на прашања и дали ќе имаме доволно време да ги најдеме одговорите и да ги научиме до полагањето зошто нели 50% од прашањата ќе бидат од дополнителната литература.
 
Кога ја симнуваш програмата (оваа најновата) автоматски се зачувува како „Електронско полагање„ значи 1000 прашања се веќе објавени. А, за останатите 1000 .... останува да видиме
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom