С
Сатори
Гостин
Темата ја отварам намерно во „Општи муабети“ наместо во „Право“ затоа што ќе ја поставам воопштено и второ затоа што не ме интересира само како правниците и политиколозите гледаат на ова, напротив.
Почнувајќи од хипотезата дека најчесто правните норми (треба да) ја следат реалноста во општествените односи помеѓу луѓето, на моменти ме чуди како можеме да бидеме толку агресивно прогресивни, а во други традиционални до мера заостанатост.Освен што не ми се поклопува како може средното образование да биде задолжително, а со Законот за семејство и работни односи да му се гарантира на секој со навршени 15 години да заснова работен однос, како ќе успее да си ги исполни двете права кои му се дадени, до тоа вонбрачната заедница да биде на скалило подоле од брачната и итн. Она што убедливо ми е најфасцинантно е следното:
ЗАКОН ЗА БИОМЕДИЦИНСКО ПОТПОМОГНАТО ОПЛОДУВАЊЕ
Сл.Весник на Р.Македонија бр.37 од 19.03.2008 година
Во поголемиот дел од европските држави постхумната репродукција или воопшто не е правно регулирана или е забранета.Дозволена е само во Австрија, Белгија, Грција, Холандија, Велика Британија, Шпанија и Македонија.Но, клонирањето и сурогат мајчинството со истиот закон се забранети:
Член 27
Забрането е преку јавен оглас, јавни медиуми или на кој било друг начин да се бара или нуди услуга на раѓање дете за друг (сурогат мајчинство).Забрането е да се договара или спроведува БПО заради раѓање дете за други лица.Договорите за раѓање на дете за друг, за предавање на роденото
дете по раѓањето со паричен надоместок или без надоместок се ништовни.
Член 28
Забранета е секоја постапка наменета за создавање човечко суштество генетски истоветно со друго човечко суштество, било живо или мртво. Човечко суштество генетски истоветно со друго човечко суштество, во смисла на овој член, значи човечко суштество кое со другото го дели истиот сет гени.
ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Службен весник на РМ, бр. 50 од 13.04.2010 година
Член 3
Се забранува секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор (во натамошниот текст: дискриминаторска основа).
Освен што бираме дека не сакаме воопшто правно да ги регулираме хомосексуалните заедници, бираме и да не ги впишеме во законот за заштита од дискриминација.Идентичен случај како горе наведениот во обратната насока.Затоа што Белгија, Канада, Исланд, Холандија, Норвешка, Португалија, Јужна Африка, Шпанија, Шведска и Аргентина целосно ги изедначија хетеросексуалните и хомосексуалните бракови, во САД: Колумбија, Конетикет, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир и Вермонт. Хомосексуалните бракови се признати и во Израел и во државите Калифорнија, Њујорк, Мериленд и Роуд Ајленд.
За да не вадам уште членови од закони, мислам дека е кристално јасно за што станува збор.Што мислите вие, како влијае ваквото одење од една до друга крајност? Кон што треба да се стреми Македонија кон либерализација или одржување на традиционални вредности, кое од овие две би и користело или штетело повеќе?
Дали е воопшто возможно да се има општество кое што ќе функционира врз вредности (морални, општествени и какви уште не) со ваков правен систем?