Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво правници,

ме интересира дали е легално што фирмата за одржување на хигиена во мојата зграда ми го префрлува долгот од претходните сопственици (не плаќале) кога го купив станот?
Јас не сум бил сопственик на станот кога е настанат долгот и немам врска со него, јас купувам стан а не долг.
 
Купуваш стан де факто, а де јуре купуваш права и обврски што го следат станот, пластично да појаснам ако во моментот на купување на станот имало кираџии тогаш од тој момент кираџиите тебе ти ја исплаќаат киријата а не на продавачот затоа што со купувањето на станот си го купил и правото да ја земаш киријата без разлика што продавачот го склучил договорот за наем со кираџиите, итн., ова е во поглед на правата, во поглед на обврските, за одржување на хигиена се плаќа врз основа на стан, и од куќен совет си бараат со право затоа што тоа е обврска на сопственикот на станот нив не ги интересира колку сопственици ќе има станот или колку ќе се променат обврската го следи станот, тој што го купува станот ја наследува и обврската.
Но пак затоа можеш да бараш регрес од продавачот за тоа што ќе го платиш од причина што продавачот бил должен да ти го продаде станот без обврски или најмалку да те извести за обврските, ова во правото се нарекува правни недостатоци за што и продажната цена требало да биде намалена сразмерно со долгот (обврската спрема третите лица - куќниот совет).
Автоматски споено мислење:

Здраво правници,

ме интересира дали е легално што фирмата за одржување на хигиена во мојата зграда ми го префрлува долгот од претходните сопственици (не плаќале) кога го купив станот?
Јас не сум бил сопственик на станот кога е настанат долгот и немам врска со него, јас купувам стан а не долг.

Ако те интересира нешто дополнително пиши ми порака.
 
Во ЕВН и во Телекабел не ти даваат да префрлиш корисник додека не ги подмириш долговите со причина оти знаат дека после нема да може да ги наплатат од новиот корисник. Инаку се јавив во фирмата и средив работа со нив, долг-от од претходните сопственици го извадија од моите фактури а за претходните сопственици спремаат тужба.
Долгот го прави корисник-от и тој ја сноси обврската а не станот освен ако во имотниот лист е поинаку наведено.
 
Здраво,
дали договор за закуп на стан доколку не е заверен на нотар може да се плати данок 10% ?
Јас сакам да си платам данок, но не сакам да е заверен на нотар, и дали мора да се однесе во УЈП договорт или има опција на сајтот кај нив сам да си креираш уплатница ?
 
До пред некоја година УЈП не бараше заверен договор. Не верувам дека нешто се променило. Инаку, мислам дека рокот да се пријави станарот беше 15 дена. Врз основа на тој договор, УЈП ќе ти определи данок
 
Здраво правници,

ме интересира дали е легално што фирмата за одржување на хигиена во мојата зграда ми го префрлува долгот од претходните сопственици (не плаќале) кога го купив станот?
Јас не сум бил сопственик на станот кога е настанат долгот и немам врска со него, јас купувам стан а не долг.
Не може така да префрлаат долг оти за месеците кои не се платени веќе имаат издадено фактури кои гласат на одредено лице како должник и према тоа можат само да го утужат лицето кое фигурира на тие фактури. Приговарај на тие фактури....
 
Pred 11 god. podnesov baranje za otkup na zemjiste pod zgrada i okolu zgrada i seuste e vo proces na resavanje. Stanot e kupen so kupoprodazen dogovor vo koj e navedeno prenos i na koristenje na zemjisteto, imam i resenie za plakanje danok vo koe e navedeno i zemjisteto i redovno si plakam sekoja godina. Bidejki ne bev vo MK smeniv trojca advokati i NISTO! Sega sum vratena ama neznam od kaj da pocnam. Moze li nekoj da mi pomogne okolu resavanje na problemov?
 
Која е процедура за моментален работен однос со полно работно време да се смени во однос со скратено работно време во истата фирма ? Дали е потребно да се дава отказна изјава ?
 
Која е процедура за моментален работен однос со полно работно време да се смени во однос со скратено работно време во истата фирма ? Дали е потребно да се дава отказна изјава ?
Ne.
Moze da potpises aneks na osnovniot dogovor pri sto ke se smeni clenot kade se navedeni rabotnite casovi
 
Ne.
Moze da potpises aneks na osnovniot dogovor pri sto ke se smeni clenot kade se navedeni rabotnite casovi
Мислам дека треба да се смени и во АВРМ. Точно, со Анекс на договорот може да се изрегулира но при вадење на М1 образец ќе му пишува полно работно време.
Ќе треба да се пушти нов ППР каде што ќе наведе скратено работно време од 20 часа неделно. ППР-от да се пушти по основ трансформација на работен однос со рок на избор 0 денови, за да може да направи одјава и пријава.
Ќе треба работодавачот да донесе Одлука на кои вработени им го трансформира работниот однос.
Ќе треба да се направи Решение за трансформација на работниот однос од полно на скратено работно време и да му се даде на вработениот заедно со новиот Договор за вработување.
 
Кратко кажано ќе мора да се раскине новиот договор со писмено отказна изјава и да се направи нов договор со сменето во пола работно време .Значи мора да се поднесе писмен отказ од моја страна
 
Неколку нелогични работи во тарифирање на трошоци за регистрација на возило, такса за Екологија...
Пред 3 години, прво ме врати, коефициентот бил на апаратот за мерење 1.35 мислам, а гледам пушта друга кола, друга марка а исто годиште со 1.4, ... се бунам, ми кажува ама твојата може да постигне ПОМАЛ коефициент, па земаа ја турираа до бесвест без моја согласност и демек се намали коефициентот на 0.98 ..
( а колку бензин поарчи и загади со турирањето ???) башка ако се вози само низ град кај сите се зголемува коефициентот...
Да не кажувам што тие постари возила без катализатор, Еуро 0,
па ич не им ни мерат, значи некоја комуњарска Логика, Јал не Јал 3 1/2
СЕга пишува друго СЕ ЗГОЛЕМУВА ТАКСАТА за екологија, ама и тука има некое Матење, ПО ГОДИШТЕ на колата, а % на Гасови е НЕБИТЕН!!!!!
Има ли некој надлежен за овие работи, Башка кој знае како ќе се применува во Пракса ????
Capture-4.png

работата е округло па на ќоше, а колку е за 5 до 20г стари ?????
 
Дали постои можност фирмата да ограничи вработен од преминување во директна конкуренција, или кај директен клиент, преку договорот за вработување? (член, закон)

Се работи за бизнис каде обуката на вработениот чини неколку илјади евра, и одзема месеци за вработениот да биде продуктивен.

Или да ми препорачате адвокат/адвокатска канцеларија специјализирана во изработка на договори?
 
па постои, ќе го-и платиш вработениот повеќе од конкуренцијата, ќе му овозможиш услови што конкуренцијата не може или не сака да ги понуди... и ќе ти бидат верни ко пес,

вака ако е вработениот доста способен и потребен на друго место ако треба и клаузулата ќе ја исплатат и пак ќе останеш без кадар

п.с друга е приказната дали со платена обука од твоја страна вработениот станува твоја сопственост.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom