Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Nekoj da mi odgovori pravno??
Хахахахаа....што да ти одговорат..
На место на продавачот доаѓаат наследниците негови или правно речено во овој случај се вика законска цесија...наследниците продолжуваат да бидат страна на договорот...бидејќи се доверители небитно е дали е лицето кое починало страна на договорот, наследниците или било кој друг...да беше должник починатиот доверителот би имал право да бара исполнување на обврската од наследниците до висина на нивниот дел...
 
Но , дали бива да го раскинат тој договор пошто они повеќе сакаат да го раскинат тој договор, бидејќи наследник е и купувачот, и овие останатите наследници сакаат да го раскинат тој договор?
 
Нема веза дали е наследник...се менува само цената што треба да ја плати...ќе ја плати разликата помеѓу вкупната цена и неговиот наследен дел од недвижноста...А договорот може дас е раскине спогодбено во секој случај.,,исто и наследниците можат во секој момент да го раскинат ама купувачот може да бара обесштетување.
 
имам едно прашање ако може некој нека одговори
значи вака мојата мајка почина а има останато куќа од нејзините родители која сега нејзините 4 сестри сакаат да ја продадат а јас како наследник не се согласувам со продажба, дали може без моја согласност да се продаде и дали може да им ја стопирам продажбата
фала ако некој ми одговори
 
Чекај малце...ако куќата е на мајка ти нејзините сестри не се наследници...
Ако пак е на сите 5 сестри подеднакво куќата тогаш ти го добиваш делот од мајка ти заедно со твоите браќа или сестри ако ги имаш...значи на место на мајка ти доаѓаш ти...во овој случај ако куќата е сосопственост на сите 5 страни секоја страна може да го продаде делот кој и припаѓа, со тоа што право на првенство имаат другите сосопственици...ако е заедничка сопсвеност не можат да ја продаадт без твоја дозвола...само ако сите се согласите тогаш може....е сега меѓу вас може да се договорете што ќе правите...на пример можеш да ја откупиш ти целата куќа или милион други договори може да напраете.,
 
имам едно прашање ако може некој нека одговори
значи вака мојата мајка почина а има останато куќа од нејзините родители која сега нејзините 4 сестри сакаат да ја продадат а јас како наследник не се согласувам со продажба, дали може без моја согласност да се продаде и дали може да им ја стопирам продажбата
фала ако некој ми одговори
Доколку куќата неможе физички да се подели на еднакви функционални (посебни) делови на сите наследници подеднакво, ниту наследниците се сложиле за начинот на делба на куќата тогаш куќата се продава
Неможеш да ги спречиш!
Со твоето противење за продажба на куќата им го оспоруваш правото на твоите тетки да располагаат со делот од имотот што им припаѓа.
Постапката е следна:
1. Се утврдува вредноста на куќата (почетна цена).
2.Куќата се дава на лицитација, на лицитацијата ќе се постигне одредена цена од потецијалните купци.
( Вие како сопственици немате право да учествувате на лицитацијата), меѓутоа имаш право на приоритет на купување.
3. Вредноста на куќата е цената постигната на лицитацијата.
4. Да им ја исплатиш вредноста на тетките намалена за твојот дел.
5. Трошковите за целата постапка околу лицитацијата ќе бидат наплатени од постигнатата вредност на куќата, за вас што ќе остане.
Совет: Најдете си купец!!
 
Црна рупа сум у однос на закониве и правото, па ми треба едно стручно видување во врска со вработувањава по договор во образование. Имено, сите оние кои до 31 август имале договор за работа, од Септември им го продолжуваат договорот без оглас, по принцип на итно и неодложно во рок од 3 месеци, а дури потоа се распишува оглас за вработување по онаа старата процедура на 9 или не знам колку месеци. Знае ли некој зошто е тоа така, зошто не се распише оглас уште на почеток, туку прво се оди со итно и неодложно.....дали станува збор за некои законски финти за да се заобиколи нешто или пак нешто друго е во прашање ? Унапред хвала пуно !!!
 
Некаде во 1999 година имав сообраќајка без повредени само материјална штета, ме најдоа виновен, и осигурителна компанија ми бараше пари, јас не платив... како и да е до сега немам на таа тема ништо добиено ни од извршител ни некое друго барање, па да прашам, доколку не е покрената некоја постапка за извршување, дали е застарено побарувањето, наскоро ќе се наполнат 15 годинини од пресудата, понекогаш ми текнува на тоа (ако ме потсети нешто) дали е можно негде да чмае во некоја фиока па да се активира сега со сите камати до сега, или да не берам гајле?
 
Во Законот за облигациони односи пишува
Побарувања утврдени пред судот или пред друг надлежен орган
Член 368
(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд илипред друг надлежен орган, застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок на застареност.
(2) Меѓутоа, сите повремени побарувања што произлегуваат од такви одлуки или порамнувања и стасуваат во иднина, застаруваат во рокот предвиден за застареноста на повремените побарувања.

Ако осигурителната компанија до сега не побарала присилно да го наплати долгот - сега не може да побара бидејќи е застарено
Но ако побарала во рок покус од 10 години по пресудата - тогаш во тек е постапка и не е застарено
 
а како да знам дали е или не е побарано, 10 години поминаа пред 5 години и немам ништо добиено, имам трансакциони, плати, имот....
 
Не знам...
Најдобро оди прашај ги дирекно. Ако не побарале, денес не можат да побараат
 
еднаш пред години ми кажаа дека ако немам добиено некоја пресуда со четвртаст печат назат демек извршна - немало шо да се грижам, значи може и без мое знаење (известување0 да се води извршна постапка па и со години а да не бидам известен?
 
Кај нас се е можно. Јас мислам дека може,
Да замолиме некој со искуство да објасни
Од мене толку
 
Како може некој да те вработи , а ти да немаш потпишано никаков договор со таа фирма? Ај тоа што немаш договор на страна туку да ти тече стаж , а ти да не одиш на “работа“ која е нивната корист стварно не ми е јасно.
 
Некаде во 1999 година имав сообраќајка без повредени само материјална штета, ме најдоа виновен, и осигурителна компанија ми бараше пари, јас не платив... како и да е до сега немам на таа тема ништо добиено ни од извршител ни некое друго барање, па да прашам, доколку не е покрената некоја постапка за извршување, дали е застарено побарувањето, наскоро ќе се наполнат 15 годинини од пресудата, понекогаш ми текнува на тоа (ако ме потсети нешто) дали е можно негде да чмае во некоја фиока па да се активира сега со сите камати до сега, или да не берам гајле?
Не сакам да те плашам, меѓутоа мислам дека всушност треба да бериш гајле! Тогаш важеше стариот Закон за извршна постапка, па сигурно пресудата е дадена кај тогашните судски извршители, за тие да го наплатат долгот од тебе. И предметот така си стоел во фиока! Меѓутоа, во 2006 година се воведоа приватните извршители, па согласно измените на Законот за извршување од 2009 год., сите извршни предмети од судот најкасно до 1 јули 2011 год. требаше да бидат дадени кај приватните извршители и тие да ја продолжат постапката по нив, наместо до тогаш судските извршители. Така да голема е веројатноста осигурителната компанија да ја дала пресудата кај судските извршители, а од 1 јули 2011 год. истата да е дадена на извршување кај приватните извршители! ОВА ПОД ПРЕТПОСТАВКА ДЕКА КОМПАНИЈАТА ПОБАРАЛА СУДСКО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОЛГОТ ПРОТИВ ТЕБЕ!!! Можеш да одиш да прашаш во осигурителната компанија или пак да чекаш да ти дојде известување од приватен извршител дека кај него е предметот даден од судските извршители.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom