Ми треба совет
Работев во фирма пријавен како невработено лице до 29 год. Ми понудија друга доста поплатена работа со рок за дефинитивна одлука од 10 дена. Го известив тогашниот работодавач дека ќе напуштам за да одам на друго работно место. Се беше ок првиот ден но следниот почна да кажува непосроечки закони како ја сум требал да ги вратам парите за придонеси што ги плаќала државата за мене ( негова обврска), дека можел да ми стави забрана за работа како работно неспособен ( се што прочитав од закон за равотни односи и разговор во агенција за враборување вели дека не постои такво нешто), нејсе. Сево ова не е никаков проблем, проблем е што ми нема префрлено плата за месец мај кој патем во целост го одработив. Сакам да прашам кој се легални постапки за да дојдам до заработената плата и дали последен рок за префрлање на плата е 15 овој месец т.е вчера?