Правиот/вистинскиот момент?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Е па вака во темава поентата ми е да продискутираме за “правиот“ или вистинскиот момент за почнување една врска,за првиот чекор итн...

На пример колку пати сум сведочела на муабети меѓу другари од типот: А бе зашто не ја баци?
- Па не беше моментот.

Е сега,како човек може да знае КОГА е правиот момент за да тргне во акција или да направи нешто?

Се осеќа ли,дали во себе си викате еве го моментот или си се препуштате на емоциите?

Кој е правиот момент и како може да се препознае?

Ви се случило да помислите: Еј не е сега правиот момент?
И зашто сте помислиле така,имало ли причина?
 
Скраја да е да се думав секогаш дали е или не е правиот момент да направам нешто.
Да беше така, во голем број ситуации, и да бил моментот оној “вистинскиот“ ќе сум го испуштела, зашто сум била презафатена прашувајќи се дали ќе има попогоден момент од тој.

Затоа кога осеќам дека сакам да направам нешто-го правам без да си поставувам 1001 прашање и да дозволам моментот да ме одмине.
 
ВИСТИНСКИOT ми се деси пред 4 месеци,еве уште трае врската...бев во една дискотека и се запознав со една типка, 5 минути подоцна,типкава ми излегува пред мене...и се деси наеднаш све :)
 
Е па вака во темава поентата ми е да продискутираме за “правиот“ или вистинскиот момент за почнување една врска,за првиот чекор итн...

Значи ако станува збор за врска,не за некој провод,тогаш сум многу претпазлив да го погодам вистинскиот момент...Значи пред тоа,без разлика дали ден,два,пет,недла,или месец(и),се трудам да и ги произнесам сите мои позитивни особини на девојката,а тоа се случува за време на кафина,прошетки итн.итн,без притоа да зборуваме за нас,туку за секој посебно...и после еден период,кога ке осетам дека постои хемија помеѓу нас,ке го направам првиот потег...и веројатно тоа ке биди пред да се разделиме откако ке ја испратам...за после дома да посакува пак да ме бакни,а мора да чека до другата ден,а со тоа да мисли цела вечер на мене......

А ако станува збор за флертови,или проводи,нема чекање прав момент,ако сака арно ако не,идемо далје за исте паре:):):):toe:
 
Е сега,како човек може да знае КОГА е правиот момент за да тргне во акција или да направи нешто?
Кој е правиот момент и како може да се препознае?

Тоа беше вистинскиот момент,едносватно се случи,без никакво размислување. Совршено.
 
Кој е правиот момент и како може да се препознае?


Ама секогаш е моментот...штом сте таму и заедно сте значи сепак е моментот. Прашањето е дали се плашиме или не?
А моментот е тој...само треба да го сфатиме тоа :)))
 
Не мислам.... Ако мислам ништо нема да направам :) Едноставно кога ќе ми дојде, тогаш... И да бил и да не бил прав момент :) Некој инстинкт ваљда, незнам... Али досега сум го погодувала правиот момент :) Бар според мене...
 
не глеам моменти... тоа иде спонтано
 
bash taka...momentalno e, nema pravilo-koa ke se poklopi mesto-vreme-raspolozenie-objekt...ondak se lovi, u mutno:pos2:
 
Кога ќе се најдам во некоја таква ситуација едноставно не ми работи многу мозокот, повеќе се пристуни емоциите и срцето, така да не веруван дека би размислувала дали е вистинскиот момент или не. Обично кај мене срцето секогаш е погласно од мозокот па така да и да пробам да размислувам џабе би ми било....:)
 
Кога сте солидно алкохолизирани (ни малку ни многу) ако ја биде ја биде, ако не ја биде ќе се правдаш дека си бил пијан/а. Во држава каде што се нешто се калкулира, пресметува, оговара, вистински моменти, пениси-палци, само тоа му е мајката.
 
Кога сте солидно алкохолизирани (ни малку ни многу) ако ја биде ја биде, ако не ја биде ќе се правдаш дека си бил пијан/а. Во држава каде што се нешто се калкулира, пресметува, оговара, вистински моменти, пениси-палци, само тоа му е мајката.
во право си... малку алкохолизирана состојба и секад ќе е правиот момент... на суво слабо прави моменти
 
Никогаш не сум помислил на момент. Обично избрзувам ама се поправам подоцна :back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom