Правилен пристап

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
70
Возраст
36
На темата „Дали секој може да се освои“ многу од одговорите беа „Да, ако се има правилен пристап“.
Кој е тој правилен пристап? Како може да знаеме на која личност ќе „запали“ тој пристап?

Како вие одредувате како да пристапите? Со проценка на личноста, некој ваш (успешен) метод?

Не ли е тој правилен пристап на некој начин само залажување за оние кои не успеале да освојат некој? Утеха, па да си речат „Ех, не пристапив правилно“?
 
Pa ova e dosta kompleksno prashanje...
Sekoj zasebe e razlicen vo svoite postepki..
No najveke vo ovoj slucaj deluva takticnosta, itrosta, iskustvoto i sharmot..Koga napravish nivna kombinacija sekogash ishodot ke bide pozitiven..Aha:helou:
 
Па јас мислам дека е само залажување. Сметам дека не постои тој т.н правилен пристап. Секој различно реагира на нечие пристапување. Не може да процениш некоја личност со која никогаш не си имал никаков контакт.:smir:
 
Нема некоја шема според која треба да се постапува. Едноставно треба да се биде свој (да не испадне вода под рогузина на крај) и искрен. Сепак секој човек има различен карактер така да колку ке е правилен пристапот не зависи само од тој што пристапува, туку и од тој кон кого се пристапува. А кој поминал ”некорпосан” во животот :)?
 
Паааа, мислам дека сепак најважна е насмевката. Никој не би сакал да зборува со намќор .. а не пак нешто повеќе. А тоа за пристапот .. хммм .. и јас се тешев еднаш дека е до неправилниот пристап, па излезе дека навистина било до тоа ;)
 
Пфф правилен пристап...ако се оди спонтано можи и тој е правилниот пристап,неможе ти од дома да излезиш со однапред напишано сценарио да го презнтираш на личноста која сакаш да ја освоиш.Тоа дефинитивбно би било клише.
Инаку шо се однесува на тоа дека секоја личност може да се освои мислам дека и не треба да бидеме така оптимисти,зошто ако нема некоја симпатија кон тебе залудно е да се занесваме...можеби понатаму.
 
Пристапот е еден... (индивидуален рецепт односно сложен микс на искреност, духовитос, шарм, забава и пред се чисти цели кои сакаш да ги постигниш со пристапот)...Иначе ни една тврдина не останала неосвоена....
 
Мислам дека нема "правилен" пристап.Нешто што пали кај една личност може да не пали кај друга.Ама сепак духовитоста,шармот и слично мислам дека оставаат позитивен впечаток кај секого.
 
Секој човек е различен и за него и неговата шема има правилен пристап..
Нормално за прв впечаток нема втора шанса Но Но немора да значи доколку се потрудиме малце повеке од доволно сегде може да запали односно кај секоја личност , дали повеке или помалце, побрзо или поспоро.
Нема планирани шеми , планирани реченици и разговори , гестови и слично.Биди она што си и однесувај се така како што ти знаеш е најблискиот рецепт до правилниот пристап
 
Правилниот пристап според мене би го знаела откако поубаво ќе ја запознаам личноста, односно кога ќе знам нешто малку за неа. За секого е различен пристапот, но мислам дека единствентото нешто е позитивниот став и отвореноста во комуникацијата (без разлика дали е орална комуникација, или говор на телото). И се разбира не велам на првото 'здраво' одма да се каже за сите трауми од детсвото и бројот на кондури! :)
 
Нема некој посебен правилен пристап,само да не е многу нападно.
 
важен е доста,затоа што никој не сака да се дружи (а камоли па да има нешто повеќе) со луѓе кои се досадни и кои не знаат да прават муабет...
важно е се` она што го спомнавте погоре: шармот,искреноста...па и насмевката :)
а ако не те симпатиши како шо вика Тетовчанец..тогаш лаеш на погрешно дрво!!
 
Hммм правилен пристап...

Секако дека не постои универзална формула која би ни била позната на сите и успешна во сите случаи.
Меѓутоа, само ако оцениш дека постои заинтересираност кај другиот, тогаш може да се зборува за правилен пристап. Самата заинтересираност е дозвола другиот да те запознае, па личноста сама ќе ти го покаже пристапот.
 
Hммм правилен пристап...

Секако дека не постои универзална формула која би ни била позната на сите и успешна во сите случаи.
Меѓутоа, само ако оцениш дека постои заинтересираност кај другиот, тогаш може да се зборува за правилен пристап. Самата заинтересираност е дозвола другиот да те запознае, па личноста сама ќе ти го покаже пристапот.

Точно така, треба само добра преценкта на заинтересираноста а потоа се си иде спонтано, то ест, личноста која ти дала до знаење дека е заинтересирана за тебе, ќе те води до нејзиното срце, а сите срца на девојки/момчиња живеат на различна адреса....
А шармот и хуморот служат како турбо полнач и нитро забрзување...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom