ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да доодговарам вовед кај Спасов, какви прашања поставува?
 
Дечки, ГПП усно е подобро кај Милка или кај Зороска? Милка ми рекоа многу детали барала ....
 
na pano kaj kabinetot[DOUBLEPOST=1523915073][/DOUBLEPOST]kako e na usen ispit kaj siljanovska??
 
колеги на iknow систем ми недостасуваат оценки по предмети што сум ги положила, кај професорите или кај Мики треба да се обратам?
И дали тоа мора да го направам сега или може било кога ?
 
ГПП усно или писмено е поодобро?
Богами, тешко е да се каже, бидејќи самиот материјал е прилично сложен и обемен. Јас полагав писмено. Тестот е поделен на 3 дела, првиот дел е парнично со 6 прашања (3 носат 5 поени и 3 10 поени), вториот вонпарнично со 2 прашања (едно носи 5 и едно 10 поени) и третиот дел извршно исто 2 прашања како и вонпарнично. Оценувањето и' е доста строго, дури и за најмал пропуст во одговорите одзема поени. За испитот да биде целосно положен мораш да имаш најмалку половина поени од секој дел (најмалку 20 п. од парнично и 7,5 од вонпарнично и извршно). Ако барем еден од овие 3 делови не ти е положен, те враќа во следната сесија да полагаш само на тој еден или два дела. Мене овој испит ми беше единствен кој не го положив од прва. Првиот пат ми фалеше само 1 поен од парнично и по пола поен од вонпарнично и извршно. А усно допрашување не прифаќа. Вториот пат веќе беше полесно. Можат да ти помогнат прашањата што се поставуваат во групите, како и оние што се во Либро/Зоки. Истотака целиот испитен материјал го имаш во една дебела скрипта кај Зоки/Либро.
За усно од колегите што полагале истотака не било многу едноставно, бидејќи доста долго време ги испрашувала и барала доста прецизни одговори. Но горе-доле биле задоволни од оцените. Таму добиле 4 прашања (2 од парнично и по едно од вонпарнично и извршно). Нас само во првата сесија ни даде можност за усно.
Ова за кај Татјана, кај Милка не знам како е.

Како и да е, посвети доста внимание и на ГПП и на МПП (овде од голема помош ќе ти биде ако ги вежбаш случаите од практикумот). Мене барем ми требаше далеку повеќе време да ги спремам овие 2 предмети, отколку сите останати на факултетот.
 
Искуства од полагање трудово право усно?

Искуството се состои во три збора: Бог да чува!
Ако имаш можност, гледај да полагаш кај Александар, кај него е најлесно. Кај Лазар, студентите се главно задоволни од оценките, ама може да се запне за некој детал. Убедливо најлошо е кај Каламатиев - јас кај него полагав зашто не ни дозволија да бираме. Прашува секоја тема, во детали, вклучително и темата за историски развој на трудовото право во Југославија и Македонија, иако таа тема не ни беше во рамки на испитниот материјал. Ако полагаш кај него, препорачувам темелно да го прочиташ најновиот Закон за работни односи и да го научиш во детали, заедно со роковите. Се положува само ако имаш среќа да ти се погодат прашања што ги знаеш, во спротивно,џабе полагаш...
 
Општ дел на граѓанско право како е на испит? Тина или Родна е подобра опција? По колку прашања поставуваат и дали доколку некаде заглавиш помагаат?
Благодарам
 
колеги на iknow систем ми недостасуваат оценки по предмети што сум ги положила, кај професорите или кај Мики треба да се обратам?
И дали тоа мора да го направам сега или може било кога ?
Кај Мики,па ако тој вели дека нешто не се разбрал со професорите за оцените,треба и кај нив.Прво кај Мики.[DOUBLEPOST=1525597189][/DOUBLEPOST]
a polozenite predmeti ostanuvaat? ili se prepolagaat?
Положените предмети остануваат.
 
Дечки,ако некој го знае emailot на професор Ванчо Узунов,да ми одговори,ве молам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom