ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Ве молам објаснете ми го процесот околу уверението ( за 180 кредити) и дипломат (за 240 кредити). Кога ќе завршиш трета, уверението се добива одма или во септември? И колку се плаќа точно? После тоа може да се работи како приправник или мора да чекам уште една година? За дипломата ме интересира кога ја добиваме точно (кој месец) и колку се плаќа ако ми треба уште во јуни ( брза постапка или нешто слично)?
Откако ќе го положиш последниот испит, си поднесуваш барање за уверение да ти направат, мислам дека 4 и нешто, скоро 5 илјади треба да платиш. Е сега, некој може да чека и со месеци а некој може и за месец-два да го добие уверението. Само треба да си упорна и да трчаш, да види до кај ти е, и да, случајно да не ти фалат пријави за испити, па да бркаш професори ако ти фалат.
За работа не знам за приправник, јер не сум на правни студии. Но во основа со 180 кредити слабо се наоѓа некоја сериозна работа, секој сака 240 да има, а тие се добиваат со 4та година, која е како мастер и чини 1.000 евра.
За плаќање и такви работи, немам поим, допрва треба да ја завршам 4та и не можам да ти помогнам за тоа.
 
Ве молам објаснете ми го процесот околу уверението ( за 180 кредити) и дипломат (за 240 кредити). Кога ќе завршиш трета, уверението се добива одма или во септември? И колку се плаќа точно? После тоа може да се работи како приправник или мора да чекам уште една година? За дипломата ме интересира кога ја добиваме точно (кој месец) и колку се плаќа ако ми треба уште во јуни ( брза постапка или нешто слично)?
Вака сеа, кога ќе дипломираш си поднесуваш барање во студентски, си плукаш 4.800 денари и за брзо време ти го даваат уверението (обично само месец дена им треба, ептен ако нешто ти го утнат матичниот или слично тогаш може да затера и до 2 месеци). Диплома не се надевај у следните 2-3 години да добиеш. Еве ја скоро ќе магистрирам абер нема од диплома. За дипломата не се доплаќа плус туку ти влегува во тие 4.800 денари што ги даваш за уверението. Има брза постапка и се доплаќа (не знам колку точно) ама и брзата постапка не е брза, не е дека за 1 недела ќе ти дадат диплома. Ем ќе си платиш ем ќе си чекаш :)

За работа можеш да работиш како правник. До душа можеш и како приправник кај адвокат, ама не приправник во смисла на Законот за адвокатура (тоа значи дека нема да бидеш пријавена во АКРМ ниту да имаш легитимација на приправник туку ете ќе си одиш кај адвокат и ќе си работиш и стекнуваш искуство кај него).
 
Луѓе има некој искуство со изборните пол. психологија и пол митологија и дали знаете кој професор/ка ги држи?
 
Луѓе има некој искуство со изборните пол. психологија и пол митологија и дали знаете кој професор/ка ги држи?
Психологија е кај Ана Чупевска, а Митологија е кај Ненад Марковиќ.
Е сега не знам Ана што точно дава, како се полага кај неа, јер претходно Нено го држеше предметов. А за митологија ќе ти даде тема да направиш труд мал и врз основа на тоа ќе ти стави оцена.
Во основа не се тешки предметиве, земи ги без проблем, не се грижи. Нено ако не ти стави 10, тогаш имаш 9 сигурно. Кај Ана не знам искрено, ама викаат за изборните била океј, за разлика од Сов.Пол.Теории...
 
Како е на испити КПП усно кај Гордана,ГПП,МПП,трговско(подобро е усно или писмено)?
 
Трговско ти е боље усно, веруј ми. МПП оди на предавања, најдобар совет што можам да ти го дадам. Со ГПП не се замарав ич додека не требаше да го полагам како последен испит, учев од прашања и положив некако. Сеа не знам колку се паѓаат прашањата.
 
Дали има некој прашања по казнено право кај проф. Каневчев бидејќи во либро и зоки ги нема?
 
Колеги Стојков економика на испит по колку прашања дава и дали прашањата се есејски или има прашања од секаков вид?
 
Здраво , Римско право-Есин Кранли за влезен колоквиум писмено какви прашања се најчесто?
 
За казнена сесија кога ќе уплаќаме 1000 денари во полето цел на дознака што да напишеме и дали треба да уплаќаме и 50 денари за административна такса?
Благодарам
 
Здраво,ако може да ми кажите како оди електонското пријавување на испити ?
ви благодарам однапред
 
За казнена сесија кога ќе уплаќаме 1000 денари во полето цел на дознака што да напишеме и дали треба да уплаќаме и 50 денари за административна такса?
Благодарам
1.За Казнена Сесија
2.Во Казнена Сесија се плаќа 1000 денари за колоквиум и 1000 за испит.Ако во редовната сесија имаш положено колоквиум,тогаш треба да уплаќаш само за испит во казнената и ќе треба да уплатиш и уплатница на име на Правен (1000 денари) и уплатница за административна такса (50 денари).
До сега можеби некој ти го кажал ова,ама ако,нека стои за некој што можеби не знае.[DOUBLEPOST=1521382160][/DOUBLEPOST]
Здраво,ако може да ми кажите како оди електонското пријавување на испити ?
ви благодарам однапред
Старите досиеја веќе не се во употреба.Треба да пријавиш испит преку iknow системот.[DOUBLEPOST=1521382215][/DOUBLEPOST]
Луѓе има некој искуство со изборните пол. психологија и пол митологија и дали знаете кој професор/ка ги држи?
Ненад е ок,ама Ана е жив пекол.
 
Современи политички системи имам дилема дали да полагам кај Силјановска усно или кај Кртолица писмено? Иначе на два дела полагаме :)[DOUBLEPOST=1521643113][/DOUBLEPOST]
Колеги Стојков економика на испит по колку прашања дава и дали прашањата се есејски или има прашања од секаков вид?
Нас ни даде 3 прашања може и 4 да ви даде две од микро две од макро,усно имаш концепт 15мин да си составиш што како и одговараш. Кај нас немаше никој помалку од 9ка и кај него прелесно се поминува не се секирај ич. Со среќа :):)
 
Последно уредено:
Колеги економика кај Стојков сум меѓу 8 и 9 доколку одговорам добро усно дали е можно да добијам и 10?
 
Современи политички системи имам дилема дали да полагам кај Силјановска усно или кај Кртолица писмено? Иначе на два дела полагаме :)
Ако си бубатор и учиш на памет, оди писмено и одговарај од збор до збор кај Марко.
Ако си да кажеш свое мислење, свој став, а помалку за материјата, малтене да одиш на лаф-муабет, подобро е за усно кај Гордана.
Јас го преферирам второто, бидејќи не ѝ е важно колку ти си научил од збор до збор, туку колку си сфатил и можеш да го препознаеш низ муабет за секојдневните случувања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom