ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
да, затоа тој предмет го жртвувам, за први колоквиуми воопшто и нема да го спремам! Не дека ми изгледа толку тежок колку што ми е антипатичен самиот предмет.....

Ај јас да кажам како пројдов таму, да не викате дека ништо не споделуваме :))) Кај Кандикјан бев, поголемиот дел од прашањата беа практични, а не теоретски, дефиниции како обично. Ако седнеш да го научиш, ама не да го набубаш, туку да сфатиш за се што и како се работи воопшто нема да имаш проблем. Плус, сега не знам како е, ама кога беше Стојков асистент (ах, дете златно, го пуштивме да фати свет:)) на консултациите ни кажа буквално се што треба, а што не. После тоа седнав да учам, и без мака положив.

ајде ќе сркаме по право на друштва :((( зашо само мене ми изгледа толку тешко дека ќе е на колоквиум ???

Ај и тука да кажам...Лани сите се мислевме од кај да учиме, дали книга, дали закон, дали само од прашањата...После јас увидов дека книгата буквално само го обработува законот, и учев од книга. Исто, ги читнав и тоа прашањата. Не изгледаше баш лесно кога учев, многу работи има, ова вака, тоа така...арно ама, кога ми го дадоа тестот, од 5 понудени одговори, 4 воопшто не беа поврзани со право на друштвата. Дури 2 од тие 4, воопшто не беа поврзани со правото. Тоа на повеќето прашања, додека на многу малку имаше од 5 понудени дури 2 да се поврзани со правото на друштвата, па да може да се замислиш. Така да, ако е исто, поминете си книгата или законот и ич да не се секирате. Ќе бидете изненадени од тежината на тестот!!!

ајде :salut:
 
ЕПТЕМ БЛАГОДАРАМ НА ОДГОВОРОТ, МИ ДАДЕ БАРЕМ НАДЕЖ .... ти благодарам :vozbud::back:
 
Хахаха јее и ја иам малку надеж за Право а друштва значи во книгата во 20 страни има толку информации колку еден цел предмет..толку е катастрофа напишана книгата и незнам само колку пати се повторува една иста работа....али ајде ке видиме како ке биде :) фала на надежтааа јееее :)
@Aleksandar прашањаат право на друштва исти се кај сите професори или ??? Јас сум кај една професорка ко хипик шо ич незнам како се вика :)
 
Ај јас да кажам како пројдов таму, да не викате дека ништо не споделуваме :))) Кај Кандикјан бев, поголемиот дел од прашањата беа практични, а не теоретски, дефиниции како обично. Ако седнеш да го научиш, ама не да го набубаш, туку да сфатиш за се што и како се работи воопшто нема да имаш проблем. Плус, сега не знам како е, ама кога беше Стојков асистент (ах, дете златно, го пуштивме да фати свет:)) на консултациите ни кажа буквално се што треба, а што не. После тоа седнав да учам, и без мака положив.

Тоа кај Кандикјан, кај Гроздановски што сме ќе си го кркаме. Не велам дека не објаснува убаво, ама напор е за слушање - броевме еднаш во рок од два часа 18 пати рече - Ништо не морате напамет да учите. Еве годинава тие што се кај Кандикјан имаат едно или две поглавја помалку за учење за колоквиум од ние шо сме кај Гроздановски, а колку што разбрав и поени за активност кај Кандикјан полесно се собирале.
 
Вие што сте кај Гроздановски кој ви е асистетнт уште ли е Стојков??
Иначе не дигајте толку паника економика е еден од поубавите премети за учење прв семестар за разлика од другите предмети во кој ке читате се едно исто и исто цело време ова бар малку ке ја размрдаш главата и не е толку тешко незнам зашто така ви изгледа не е ни лесо ама далеку од тешко учете си го ко шо треба и научете таму за еластичност таму тие работи сфатете ги лесни се за разбирање не е до толку тешко и ке немате гајле на колоквиум :)
 
@Day4walker Мислам дека кај сите професори се исти прашањата, колку шо ме држи сеќавањето де. А иначе, таа професорка е Елена Градишки-Лазаревска, и мене таа ми беше супер е, за активност ќе ви даде некои презентации да правите и сите ќе земете барем по 6 бода. Кај нас, ретко кој имаше 6ка или 7ка кај неа. Сите бевме со подобри од тоа :) А и за Стојков да кажам, не е на Правен тој веќе, замина в Канада. Еден од најдобрите, ако не и најдобар асистент шо сум го имал до сега. :)
 
Шапкова е асистент сега и убаво објаснува, ама многу брзо зборува да не можеш докрај да ја сфатиш ако не си 100% сконцентриран . А ,за тешко не велам дека е ептен тешко (на крај краева се се сведува на два графикона и една формула), ама книгата е катастрофа животот ќе ти го загорчи.
 
Шапкова е асистент сега и убаво објаснува, ама многу брзо зборува да не можеш докрај да ја сфатиш ако не си 100% сконцентриран . А ,за тешко не велам дека е ептен тешко (на крај краева се се сведува на два графикона и една формула), ама книгата е катастрофа животот ќе ти го загорчи.
абе сака 300 плуса за еден поен, ич не се исплаќа да се трудиш таму........
 
Хмм Шапкова ми нема оставено убав впечаток не ја знам многу ама некако не ми остави добар впечаток на есеј не чуваше се понашаше ептен некако дрско се праеше ептен фраер :) Инаку Гроздановски добро човече е само што малку фали да го изнервираш и да почне да се издерава ама сеа тоа е помирни кај него на час и ке ви треба ако го слушате коа ке учите полесно ке да е поготово со неговата теорија за еластичноста и дрвцето да не беше тоа никогаш немаше да научам :) А за активност сеа има такви кои не даваат односно даваат ама теба ептен да се трудиш не се секирајте многу за тоа ако положите 2та колоквиуми со по 25 поени отприлика и на есеј 12-13-14 поени ете ви 6ка а сеа ако сакате поголемка оцена треба поише учење малце и да си фаќате по некоја активност :)
 
Кај Гроздановски НЕМА ШАНСА да добиеш поени за активност, макар и си зборел цел час и да било точно, тој пак ќе ти вика - Не, не е така...

Цетирис парибус! :kesa:
 
абе сака 300 плуса за еден поен, ич не се исплаќа да се трудиш таму........

Шапкова не е крива за тоа, така и имаат кажано префесорите,а ти ко што гледам кај Кандикјан си. Верувај дека кај него е полесно, имам другарки и по пет поени веќе што имаат собрано, колку што знам таму и зборче да си дофрлел како плус ти се смета. Гроздановски, пак и има кажано на Шапкова дека мора се детално да се образложи и се да биде точно за да ти стави поен. Единствена олеснителна околност е тоа што кај Гроздановски директно имаш поен, ама никој нема повеќе од 2-3 ми се чини, бидејќи нормално никој не кажува се точно како што се бара. :)
 
Па добро сеа да собереш сега 2-3 и во вторите 6 недели 2-3 тоа ти се 5-6 поени активност тоа ти е премија :) Глејте вие научете за колоквиуми и за есеј активноста не е до толку битна јес да 5 поени ке ми завршеа работа по многу предмети да не се мачам али како и да е и без неа се може..ако колоквиумите ви се 25 и над 25 поени тоа ви е супер колоквиум 2 по 25 тоа ви се 50 поени и од есеј над 11 поени ете ти 6-ка е сеа за повиска оцена треба појако колоквиумќе повеќе есеј и нормално активност :)
 
Сакам да прашам ако знаете случајно дали ако го немате пишано индехот над бројките што ги шарате ( боите ) ке важи колоквиумот? Дали системот ке може да го провери тестот... ?
 
Сакам да прашам ако знаете случајно дали ако го немате пишано индехот над бројките што ги шарате ( боите ) ке важи колоквиумот? Дали системот ке може да го провери тестот... ?


Ако нема број на индекс, не може да биде проверен тестот.Арно ама, кога ке го даваш тестот на асистентот или асистентката, таа ке види дали имаш напишано.:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom