ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Дали има некој тука што е или што бил на граѓанско право на мастер студии? И кога почнуваат мастер студиите?
 
Може ли да се полага Облигационо право колоквиум ако немаш положено Стварно право?
 
Прва година сум на правен. Од кај да земам прирачник бидејќи не ни дадоа?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Дали знае некој да ми каже какво е тоа влезно прашање и дали мора да го имаме одговорено за да поминеме колоквиум.. Полагам прв колоквиум по економика и ни дал влезно прашање.. Така да, ако знае некој, хелп:(
 
Знае ли некој нешто за прашањето: Што ќе се случи и како ќе реагираат просечните фиксни трошоци ако се зголеми обемот на производството (бројот на произведени единици).. За колоквиум ми е и треба да се одговори и со пример..
 
Дечки, дали некој знае дали мастерот по меѓународно право е признаен и во странство?
 
На колоквиум кај шапкова (економика) и поповска (историја на право) може некој да ми каже како се поминаува?
 
Дечки, дали некој знае дали мастерот по меѓународно право е признаен и во странство?
Во кој смисол дали е признаен и во странство?

Јас сум на тој мастер и не дека го рекламирам или не знам што, али попросперитетен ти е за надвор, плус имаш доста области што можеш да ги специјализираш понатаму од меѓународното право.
 
Кај кој е најдобро да се полага облигаации?
Јадранка,Неда,Ненад?
 
Кај кој е најдобро да се полага облигаации?
Јадранка,Неда,Ненад?

Најбитно е колку си спремна па според тоа ќе си знаеш. Доколку доста слабо си учела тогаш ќе идеш кај Ненад, па после кај Јадранка а кај Неда не ни пробувај. Доколку си спремна можеш комотно да идеш и кај Неда. Доколку кај Неда ги имаш добро одговорени трите основни прашања после продолжува да ти поставува кратки прашања со кои одговараш за повисока оценка и јас така стигнав меѓу 8 и 9. Колешка со солидно знаење отиде кај Ненад, ги одговори добро трите прашања и доби 6ка без да продолжи да ја испрашува понатака. Кај Јадранка немам одговорано али од муабети со колеги знам дека е доста коректна и доста знае да попушти. Кај Неда нема баш попуштање, или знаеш или не знаеш, во казнени сесии знае да те извади малце али по секоја цена нема да те пушти, си има свои критериуми и по никоја цена нема да отстапи од нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom