Правење сопствено пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
44
Ајде пивољокачи, баварци, љубители и симпатизери на пивото! :)

Вчера добив екстракт за правење на домашно пиво и едвај чекам да почнам со приготвувањето. Целиот процес со ферментирањето ќе трае околу 15 до 17 дена.

Ми дадоа повеќе рецепти, начини на подготвување и ароматизирање на пивото (фори, фазони, чаеви, тревки...)

Дозата ќе биде некаде околу 12 литри.

Но јас би сакал да видам дали има некој искуство со нешто вакво?
Уште некој рецепт, особено ако е баварски би бил добредојден. :icon_lol:
 
На основа на моето скромно искуство со пиење домашно пиво, не очекувај дека ќе биде многу газирано.

humanoid напиша:
Ајде пивољокачи, баварци, љубители и симпатизери на пивото! :)
...
Но јас би сакал да видам дали има некој искуство со нешто вакво?
Уште некој рецепт, особено ако е баварски би бил добредојден. :icon_lol:
 
Мене ме интересира друго. Ме прашаа еднаш:

Ако литар кома пет има 5% алкохол, а 0.5 л такуѓере, дали појќе пијан ќе бидам од три лименки 0.5 отколку од литроипол?

Што одговор да дадам на ова прашање вака луцидно поставено, очебијно долго думано, обмислувано пред да биде запрашано?
 
На зафркавај и ти, кој бил пијан од три пива?
 
ја знам само дека ќе треба да ветрееш. смрди на кислоина.
 
Ова е за добивање на 10- 12 литри пиво.

Прво ти треба некој сад што може да го издржи притисокот кој се ствара при ферментирањето. Може да е лимен, дебело стакло или цврста пластика.

Се вари 10 литри вода, се пушта да врие околу 10тина минути и потоа се пушта да се излади до температура од 25 степени. Потоа во водата раствараш приближно 200 грама шеќер. Ако сакаш пивото да има повеќе алкохол, додаваш повеќе шеќер :)

Раствараш 20 грама квасец, се додава малку шеќер и се остава да стои неколку саати. Потоа се додава во водата.

Се додава екстрактот за пивото, се меша и се остава да стои на собна температура околу 12 саати.
Садот се затвара и се остава да стои затворен 2 недели на температура 9-15 степени.

Во целата таа мешавина може да се додадат некои зачини како пеперминт, некој чај...Но тоа е по желба.

Ако се создава голем притисок при ферментирањето, тогаш може да го отворите чепот и да го испуштите малку.

Абе едвај чекам да почнам :pos:

Имам пробано домашно пиво и знае да биде одлично ако е направено со мерак, глава ме нема болено до сега.
 
123 напиша:
На зафркавај и ти, кој бил пијан од три пива?

Има еден, алергичен е на алкохол, но прашањето ми беше, чинам, од што повеќе? Од 3 литар кома пет или од 9 лименки од нула кома пет? Еве, да речеме, вака.
 
Е сега да не излези ова фалба...ама имав домашна мини пивара која за жал неславно заврши...така што сум правел пиво, и тоа ти е цел процес...а за тоа рецетата незнам досега, пробај види па дај и ние да пробаме
 
"Поблемот со пивото е што не го купуваме..само го позајмуваме...морам во WC...рече и замина"
 
humanoid напиша:
Ова е за добивање на 10- 12 литри пиво.

Прво ти треба некој сад што може да го издржи притисокот кој се ствара при ферментирањето. Може да е лимен, дебело стакло или цврста пластика.

Се вари 10 литри вода, се пушта да врие околу 10тина минути и потоа се пушта да се излади до температура од 25 степени. Потоа во водата раствараш приближно 200 грама шеќер. Ако сакаш пивото да има повеќе алкохол, додаваш повеќе шеќер :)

Раствараш 20 грама квасец, се додава малку шеќер и се остава да стои неколку саати. Потоа се додава во водата.

Се додава екстрактот за пивото, се меша и се остава да стои на собна температура околу 12 саати.
Садот се затвара и се остава да стои затворен 2 недели на температура 9-15 степени.

Во целата таа мешавина може да се додадат некои зачини како пеперминт, некој чај...Но тоа е по желба.

Ако се создава голем притисок при ферментирањето, тогаш може да го отворите чепот и да го испуштите малку.

Абе едвај чекам да почнам :pos:

Имам пробано домашно пиво и знае да биде одлично ако е направено со мерак, глава ме нема болено до сега.
Паѓам уште на првиот чекор. Дома имам само буре за расолница, кое не верувам дека би издржало таков притисок - а и да издржи, пивото би имало вкус на зелка! :wink:
 
Хуманоид, јас се набавив, и кога го прашав дедо ми (искусен винар и се разбира и во пива) ми рече Со овој рецепт Мочка ќе ти излезит!

Па да видиме сега :D
 
Андроник напиша:
Хуманоид, јас се набавив, и кога го прашав дедо ми (искусен винар и се разбира и во пива) ми рече Со овој рецепт Мочка ќе ти излезит!

Па да видиме сега :D

:pos:

Абе дај некои баварци нека ни помогнат, ќе ја упрскаме работата :)
Јас уште немам почнато со подготовките, ама кај и да е, за викендот ќе треба.

Сердар и сите останати немци!!!
Помош треба овде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom