Прашка пролет во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Според претседателот Вацлав Клаус, вака како што тргнала ЕУ, ќе заврши како и Варшавскиот договор

Брисел - Претседателот чие име не сакаат многу да го слушаат во Брисел, чешкиот лидер Вацлав Клаус вчера ја обвини за едноумие и недемократичност ЕУ порачувајќи дека, вака како што тргнала, ќе ги врати назад во времињата за кои сите мислеле дека им припаѓаат на историјата, мислејќи на Варшавскиот договор. Дел од европарламентарците немаа нерви да го слушаат, па го исвиркуваа или заминуваа, но голем број го испратија со овации, додека претседателот на ЕП, Ханс Герт Потеринг, упорно се обидуваше да зборува, додека тие аплаудираа.

„Најстрашно ќе беше да ме пречекаа со тишина“, изјави по настапот Клаус, кој рече дека е среќен што неговиот настап предизвикал и одобрувања и оспорувања, бидејќи тоа за него е демократија, па така незадоволството е апсолутно в ред, а тишината е навредлива.

„Тој барем имаше шанса да се обрати во ЕП, и тоа е разликата меѓу него и нас“, му реплицираше Мартин Шулц, лидерот на групата на социјалистите која беше најбучна против обвинувањата на Клаус, кој дојде како прв претседател на Чешка што се обраќа по Вацлав Хавел пред една деценија. Паралелата не беше случајна, бидејќи Хавел дојде во Унија што ја сметаше како демократски одговор на недемократскиот источен блок, а овој Вацлав дојде да каже колку е разочаран од она што се случува во неа, бидејќи правецот во кој таа оди водел до местото од каде што Чешка еднаш избега. Тој, сепак, не одговори на главното прашање што од него го чекаа сите, односно дали ќе го потпише ратификувањето на Лисабонскиот договор, кое чека само на него и на референдумот во Ирска.

Уверувајќи ги новинарите дека се трудел да биде конструктивен, Клаус кажа нешта што ретко и тешко се кажуваат во Брисел, а да не се добие етикета на непријател на Унијата. Уште веднаш тој најави дека Чешка ќе одржи „комеморација“ на петгодишнината од проширувањето и тоа ќе го стори со дигнитет, бидејќи како земја не е разочарана од неисполнетите очекувања, бидејќи била реалистична што ќе се случи.

Откако изјави дека за Чешка нема друга алтернатива на членството во ЕУ и дека ниту една релевантна политичка сила во земјата не го оспорува тоа, тој искритикува се' што се однесува до неа. „Тврдењето дека сегашното статус кво, дека сегашната институционална форма на ЕУ е нешто што не смее никогаш да се критикува, е грешка. Да се тврди дека има само една можна и коректна иднина на европската интеграција, која е само ’многу поблиска интеграција‘, т.е. напредување кон подлабока и подлабока политичка интеграција на членките, е исто така грешка спротивна на рационалното размислување. За еден европски демократ овие две нешта не смеат да бидат догма. Нивното наметнување од оние што се сметаат за „чувари на клучот на европската интеграција е неприфатливо“, изјави Клаус во ЕП.

Според него, ништо друго освен човечката слобода и пазарната економија не можат да доведат до просперитет, па тој постојано е сведок на нови стравувања кај оние кои го поминаа 20 век без слобода и со нефункционална централно планирана економија, а сега го чувствуваат тоа во Европската унија.

„Сегашниот систем на носење одлуки во ЕУ е различен од класичната парламентарна демократија, тестирана и потврдена од историјата. Во нормалните демократии дел од парламентарците ја поддржуваат власта, дел опозицијата. Во ЕП го нема ова. Овде се промовира само една единствена алтернатива и оние кои ќе се осмелат да мислат различно се етикетираат како непријатели на евроинтеграцијата. Не толку одамна ние живеевме во политички систем што не дозволуваше алтернатива и секако парламентарна опозиција. Лекцијата беше дека без тоа нема слобода. Затоа, мора да постои алтернатива и овде“, порача Клаус, посочувајќи дека оддалеченоста меѓу гласачите и ЕП е се' поголема, дека одлуките не ги носат избрани, туку селектирани и дека усвојувањето на Лисабонскиот договор овие дефекти на ЕУ ќе ги направи уште поголеми. Односно, дека тоа ќе ги загрози сите позитивни достигнувања на Унијата во последниот половина век и ќе ги направи проблемите уште полоши.

„Немојте да дозволиме ситуација граѓаните да почувствуваат дека ЕУ-проектот не е нивен. Дека се развива различно од тоа што би сакале и дека се присилени да го прифатат. Дека проблемите се решаваат некаде и без нив и дека нивната моќ да влијаат е многу лимитирана. Многу брзо вака ќе се најдеме во времиња што припаѓаа на историјата“, рече Клаус.

Околу состојбата со економската криза, или поточно пазарната економија, неговите оцени беа уште повознемирувачки за Брисел, кој се подготвува за изборна година. „Мора да кажеме отворено дека економскиот систем во ЕУ е систем на потиснување на пазарот, на постојано јакнење на централно контролираната економија, иако историјата повеќе од јасно покажа дека тоа води кон ќор-сокак“, рече тој, посочувајќи дека економската криза се објаснува како последица на слободниот пазар, иако е обратно, бидејќи е предизвикана од политичка манипулација со пазарот.

Па, како пример спомна дека ЕУ вовела дури 66 отсто царина на свеќите увезени од Кина, нешто што тој не верувал дека можно да се случи во денешна Европа, божем определена за пазарна економија. Неизбежен ефект од тоа, според него, е економска пропаст, па одговор може да биде само либерализација и дерегулација на европскиот пазар. Во овој момент, порача тој, најважно е да се обезбеди слободна расправа за овие прашања, таа да не биде замолчувана како напад на самата идеја на ЕУ- интеграцијата, да можат да се слушнат и други освен „политички коректните мислења“, без оглед колку и да не се согласуваат, бидејќи само тоа е здрава демократија. Прашан дали, сепак, ќе го потпише Лисабонскиот договор, Клаус одговори дека се' уште нема одговор на тоа прашање и дека процедурата не стигнала до него, туку е во парламентот. Тој, сепак, потврди дека лично е против Лисабонскиот договор.

„Не мислам дека ЕУ оди во добар правец ако некои земји-членки се третираат подеднакво од другите“, беше неговото објаснување на прашањето може ли Ирска да го отфрли референдумот и да остане неказнета, со оглед на пораките дека ќе добие статус на второкласна земја-членка ако повторно се случи тоа. Тој дури ги оцени како невредни за коментирање изјавите на францускиот лидер Никола Саркози, порачувајќи генерално дека сака да се бори против постојните бариери во ЕУ и ќе се спротивстави на секој што сака да гради нови.

Прашан директно зошто Чешка и натаму е членка на ЕУ ако е толку голема разочараноста во неа, Клаус одговори дека мисли оти земја од формат како неговата нема друга можност освен да биде во Унијата. „Но, да бидеш добро момче денес треба да бидеш во ЕУ, а јас не сакам да бидам лош“, порача тој.

Инаку, од Чешка стигнаа веќе најави дека владејачката партија ОДС ќе излезе од најголемата група народни партии, бидејќи не се гледа себеси во таа филозофија и практика, а истото го најавија и британските конзервативци кои заедно со Чесите важат за најевроскептични нации во Европа.

Со Лисабонскиот договор е вклучена и можноста првпат некои од земјите и да бидат исфрлени од Унијата, но тоа би бил почеток на крајот на проектот „Обединета Европа“. Распределбата на функциите во ЕУ наесен ќе покаже колку е голем политичкиот јаз и недоразбирањата меѓу Западна и Источна Европа и дали тој ќе биде движечка сила за ЕУ да оди напред или ќе води во спротивна насока.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B0F455B85CDE0945A9005D22B0F03BEC
 
Радикалност и искреност , тоа го ценам!
Трева и ние да земеме пример од човеков , а и да ги согледами и сватиме реалните случувања во оваа розево замислена организација.
 
Тоа е демократија, да имаш право слободно да се изразиш а изборот е еден.
 
Тоа е демократија, да имаш право слободно да се изразиш а изборот е еден.

Така е ама Клаус не треба да се сфати сериозно, оној си е стар волк од типот на де Гол од Франција кој исто се противеше на ЕУ па по него Франција стана промотор на ЕУ. Мислам дека е добро да има личности што ги критикуваат грешките на ЕУ но Клаус е комплетно против ЕУ што не ми е јасно пошто неговата држава многу профотираше од ЕУ. Какви времиња дојдоа, прво користи све што можеш од ЕУ па после клоца? Ако де, само нека ги вратат парите па слободно нека си излезат од унијата. Истото важи и за Ирците.
 
Така е ама Клаус не треба да се сфати сериозно, оној си е стар волк од типот на де Гол од Франција кој исто се противеше на ЕУ па по него Франција стана промотор на ЕУ. Мислам дека е добро да има личности што ги критикуваат грешките на ЕУ но Клаус е комплетно против ЕУ што не ми е јасно пошто неговата држава многу профотираше од ЕУ. Какви времиња дојдоа, прво користи све што можеш од ЕУ па после клоца? Ако де, само нека ги вратат парите па слободно нека си излезат од унијата. Истото важи и за Ирците.

Истото важеше и за Словенија или Хрватска во една друга поранешна унија,ама тие не ги вратија парите иако скоро слободно излегоа од унијата.:smir:
 
Истото важеше и за Словенија или Хрватска во една друга поранешна унија,ама тие не ги вратија парите иако скоро слободно излегоа од унијата.:smir:

Точно е тоа но треба да учиме од грешките за да не ги повториме пак.
 
Точно е тоа но треба да учиме од грешките за да не ги повториме пак.

Камо среќа, но ние НИКОГАШ НИШТО НЕ УЧИМЕ..:) за тоа сепак треба некое друго ниво на КОЛЕКТИВНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА...
.....ние само на крај...некој крај..ќе го ПОПАПАМЕ ЗАЕБОТ...:)
 
Камо среќа, но ние НИКОГАШ НИШТО НЕ УЧИМЕ..:) за тоа сепак треба некое друго ниво на КОЛЕКТИВНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА...
.....ние само на крај...некој крај..ќе го ПОПАПАМЕ ЗАЕБОТ...:)

Точно е дека ние никогаш ништо не учиме,ама затоа пак премногу “сонуваме“.:smir:
 
Камо среќа, но ние НИКОГАШ НИШТО НЕ УЧИМЕ..:) за тоа сепак треба некое друго ниво на КОЛЕКТИВНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА...
.....ние само на крај...некој крај..ќе го ПОПАПАМЕ ЗАЕБОТ...:)

Точно е дека ние никогаш ништо не учиме,ама затоа пак премногу “сонуваме“.:smir:


Ваква самокритичност одамна не сум видел, интелектуалната девалвација само вас двајцата ве одминала.

:pos2:


Е сега да се вратиме онтопик.

Болдирав неколку позначајни делови, дали двајцата мудреци имаат некој коментар конретно за тие критики и обвинувања кон ЕУ?
 
Убаво елаборирање на творбата ЕУ. Сведоци сме на многу недостатоци на ЕУ врз наша кожа. Не можат по магарето па по самарот.
 
Бидејки сум во Прага моментално па гледам дека тоа е главна тема овде и го гледам незадоволството на народот овде така да на многумина не им е гајле дали ке бидат сеуште членка на унијата или како што знаат тие да кажат: Já seru na Lisabonskou smlouvu. Во Чешка е моментално голема криза,голема инфлација и коруната веке се приближи до најлошиот курс што го имала во однос на еврото,30 CZK за 1€. Во право е Вацлав Клаус што го кажал тоа бидејки ЕУ ја молзе на Чешка а и на другите новопримени држави исто како што тогаш Русија ги молзеше... Мислам дека сега Чешка ги преживува најтешките моменти од кога се оддели од Русија и се раздели со Словачка!
 
Во ЕУ има првокласни, вротокласни и третокласни држави.

Каков статус би имала Македонија во ЕУ, ако влезе без име, ако влезе како анационална држава и ако влезе со гзот во рикверц???


Интересни коментари на Youtube:

generalbullmoose (12 hours ago) Show Hide
0 http://www.youtube.com/login?next=/watch?v=8UVYIxw1q1A&feature=channel http://www.youtube.com/login?next=/watch?v=8UVYIxw1q1A&feature=channel
Marked as spam Reply

COWARDS!!!! Look at the cowards walk out.

Václav Klaus for President of Europe...permanent.

Better yet...Václav Klaus for President of the U.S.!!!



Spenner56 (18 hours ago) Show Hide
0 http://www.youtube.com/login?next=/watch?v=8UVYIxw1q1A&feature=channel http://www.youtube.com/login?next=/watch?v=8UVYIxw1q1A&feature=channel
Marked as spam Reply

The President of the German liberal party FDP in the European Parliament, Silvana Koch-Mehrin, said last week :
"if the EU itself applied for membership of the EU, it would be refused. The reason would be: no democracy".

A week later a report was leaked by a British liberal MEP showing that MEP's can pocket a million Euros from 5 years at the un-democratic EU "parliament" from scams/fraud/false bookkeeping.

Roll on June's elections...vote for anyone willing to fight the corrupt EU system.
 
Бидејки сум во Прага моментално па гледам дека тоа е главна тема овде и го гледам незадоволството на народот овде така да на многумина не им е гајле дали ке бидат сеуште членка на унијата или како што знаат тие да кажат: Já seru na Lisabonskou smlouvu. Во Чешка е моментално голема криза,голема инфлација и коруната веке се приближи до најлошиот курс што го имала во однос на еврото,30 CZK за 1€. Во право е Вацлав Клаус што го кажал тоа бидејки ЕУ ја молзе на Чешка а и на другите новопримени држави исто како што тогаш Русија ги молзеше... Мислам дека сега Чешка ги преживува најтешките моменти од кога се оддели од Русија и се раздели со Словачка!

Прајш муабет ко Чешка да не е во ЕУ, демек таа била жртва од ЕУ. Види го економскиот развој од Чешка од ко стана членка на ЕУ, со економски раст од 5-8% па сега ЕУ и била крива дека има криза која е глобална. А посебно во ваква криза слаби држави ко Чешка зависат од ЕУ за да ги спасат од тотален банкрот, види ја Унгарија. Поред мене многу луѓе од западните земји би биле радосни ако некоја источна земја излезе од ЕУ, пошто тие се сомневаат дека влегле само за да дрпаат пари од европските каси а од друга страна ја плукаат ЕУ.
 
Сериозноста на изказването на Клаус може да го видите во речениот абсурд.Ако Клаус памти ЕУ е ИКОНОМИЧЕСКА заедница,а Варшавскиот договор е ВОЕНА.
Може да прави сравнение на НАТО и Варшавскиот договор,па не и ЕУ и Варшански договор.
 
Back
На врв Bottom