Ко ќе читаш во Библијата опис на настанот, Адам појма немал шо јаде и дека прави греф, пази вака:
1. Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?”
2. А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот;
3. – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!”
4. Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, вие нема да умрете!
5. Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.”
6. И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
12. Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев.”
Кај е тука гревот на Адам?
Цела буричкајнца ја напавија змијата и жената која госпот ја созда таква каква е. Адам нит преговарал со змијата, Адам нит берел од дрвото. Жената дојде и му даде да јаде, а не гледам ни дека таа му кажала од кое дрво е плодот. Каснал во незнаење.