Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Душата човекова, дур‘ да дојде до Христа, треба да го прими поединечниот суд. На тој пат од душата од Земјава кон Небесата, душата ќе биде клеветена за се‘ и сешто, а нејзин бранител ќе биде ангелот-чувар, односно добрите дела кои душата ги сторила во својот овоземен живот.
Гревоите од душата се ептен битен фактор, оти ради тие гревови, душата може да се „лизне„, а демоните да ја повлечат во пеколот.[DOUBLEPOST=1393790639][/DOUBLEPOST]

Сам Бог е беспочетен/нестворен, бескраен и неограничен, а Ти си створен, ограничен и смртен.
Библиските цитати и приказни нема да ги коментирам. Библиските ставови се мислења на апостолите и на нивните ученици, а се црпени од народните мудрости, претежно еврејските.
Бог постои се додека не умре последниот верник. Никој не е бесмртен.- тоа е факт.[DOUBLEPOST=1393791362][/DOUBLEPOST]
Не бе, чедо Божјо, во криво си: не се во прашање црковните закони, мислења и ставови, кои пред се‘ ги засегаат верните, туку се работи за ставот од неверните кон верните. Имено, неверните не можат да Го смислат Христа и затоа Го гонат на секој можен начин...

Ти текнуе?
Сега ме исправи.
Неверниците размислуваат со своја глава и на свој начин. Не им требаат прописи т.е. гревови кои ќе ги ограничуваат, чистиот разум може да го постиггне тоа. Гревовите се измислени за ред во општеството.
 
Диши ти и читај - не мислам дека си во можност да одговориш тоа што те прашувам, седи мирен и верувај, доста е тоа за твојот дух :)
Се изнаприкажавме денес, доста е ;)
Кој знае можеби сепак ќе излезе и од тебе прашање, некогаш.
Наздравје нека ти е!:)[DOUBLEPOST=1393793320][/DOUBLEPOST]
Неверниците размислуваат со своја глава и на свој начин. Не им требаат прописи т.е. гревови кои ќе ги ограничуваат, чистиот разум може да го постиггне тоа. Гревовите се измислени за ред во општеството.
Неверниците налим живеат во истото општество?!
 
Последно уредено:
Кој знае можеби сепак ќе излезе и од тебе прашање, некогаш.
Наздравје нека ти е!:)
За поставување прашање чиј одговор треба да дојде од тебе, потребно е ниво на елоквентност неопходно за вербална лингвистичка конверзација чија софистицираност е еквивалентна на конструирање спејс шатл.
 
Напротив, само искрен пристап, што е лесно приметливо.
 
Неверниците размислуваат со своја глава и на свој начин. Не им требаат прописи т.е. гревови кои ќе ги ограничуваат, чистиот разум може да го постиггне тоа. Гревовите се измислени за ред во општеството.

...:icon_lol:...

Чедо Божјо,
кога неверниците навистина би размислувале со својата глава а не со туѓата, тогаш истите тие неверници би дошле до одредени сознанија, чисто „онака„ од здравиот разум и не би биле папагали, повторувајќи ги и своите и туѓите непроверливи вистини...
 
Моментот кога те читам и сум во дилема дали тролаш или стварно не си свесен дека тоа што си го пишал го правиш токму ти.......
 
МИКИ1, лично и персонално!...(y)
 
...:icon_lol:...

Чедо Божјо,
кога неверниците навистина би размислувале со својата глава а не со туѓата, тогаш истите тие неверници би дошле до одредени сознанија, чисто „онака„ од здравиот разум и не би биле папагали, повторувајќи ги и своите и туѓите непроверливи вистини...
Чедо божје Одиново. Кога ти како неверник во Один, Ра, Брама, Зевс, Сварог, Маниту......... ќе сфатш дека има и други вистини, ќе почнеш да размислуваш со своја глава а не да веруваш во туѓи и непроверени вистини.
 
Е ај наведи ми 5 „други„ вистини, ама да бидат апла оригинал, производ од Твоето мозгање, а не нечиј препис...:sneaky:
 
Вчера доручкував, ручав, вечерав, ужинав и пиев вино. Ете 5 вистини, пооригинални здравје. Ај да видам сега твои 5 кои се производ на твое мозгање а не позајмени ѓомити вистини од непознати еврејски автори...... Ќа мојш?
 
Што ако ти е сето тоа имплантирано.....си бил киднапиран може од некого у некој тањир и ти е испран мозокот. Вистините се заебана работа :D
 
Вчера доручкував, ручав, вечерав, ужинав и пиев вино. Ете 5 вистини, пооригинални здравје. Ај да видам сега твои 5 кои се производ на твое мозгање а не позајмени ѓомити вистини од непознати еврејски автори...... Ќа мојш?

Во ред: сега знаеме дека си јал и дека си пил, а вистините остануваат некажани...
 
Вистина? Поголема вистина од тоа што кажав?
Каде е твојата “вистина“?
 
...:icon_lol:...

Чедо Божјо,
кога неверниците навистина би размислувале со својата глава а не со туѓата, тогаш истите тие неверници би дошле до одредени сознанија, чисто „онака„ од здравиот разум и не би биле папагали, повторувајќи ги и своите и туѓите непроверливи вистини...

А кога верниците би излегле од својот филм, би можело да има некаков додатен напредок во општеството. Повеќе глави подобро размислуваат од една, но во овој случај со верниците е обратно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom