Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Што има врска дали зборува фејс то фејс или преку скајп? Адам немал сознание за добро и зло! Неможел да ги разликува! Кој е тролот овде?
Нема врска?!
Каде Бог го обвинува Адам за неразликување на доброто и злото?
 
Сметам дека троловите на подфорумите за христијанство освен што се тролови туку и го мрзат истото од дното на душата. Таков им е духот, окултистички. Наместо да љубат вистина помила им е магијата и сеуште се сладат со распнувањето на Христа, но неможат да го поднесат Неговоо ВОСКРЕСЕНИЕ! Тоа е тоа што ги мачи со векови. Не им е јасно дека не постои створ што може да ја урне Црквата Божја, без разлика дали се тоа паднати ангели, паднати архангели како поранешниот светлоносец. дал е тоа МАГИЈА ... Нема спасение без Христа. Не постојат магични зборови кои ќе ве однесат до престолот на Бога живиот, освен преку Христа! Тоа е тоа. А сега, троловите ќе тролаат, карванот ќе врви!
 
Нема врска?!
Каде Бог го обвинува Адам за неразликување на доброто и злото?
Ова што е:

16 А на жената и рече: „Ќе ти ги умножам многу маките на твојата бременост, во маки ќе ги раѓаш децата. Твојот копнеж ќе биде кон мажот твој, а тој ќе владее над тебе.”

17 А на човекот му рече: „Затоа што го послуша гласот на својата жена, та јадеше од дрвото за кое ти заповедав велејќи: ‘Не ќе јадеш од него!’ Земјата ќе е проклета заради тебе: во мака ќе се храниш од неа сите денови на својот живот!

18 Ќе ти раѓа трње и троскот, а ти ќе јадеш полски растенија.

19 Со пот на своето лице ќе јадеш леб, додека не се вратиш во земјата, зашто од неа беше земен - прав си, и во прав ќе се вратиш.”
 
Гледаш дека не го обвинува за неразликување на добро и зло.
Ова се последиците од непослушноста на директната заповед, Адам да нејаде од плодот на дрвото.
Ова е средба на две волји, Божјата и човечката.
Ова нема врска со морал и казна, туку со промашување на целта(грев), смислата за тоа зошто е создаден светот и човекот.

Ако ова е садизам(според тебе), тогаш, што е жртвата на Бог на крстот, зошто Бог умре и воскресна, според тебе ова е мазохизам... или ?
 
Последно уредено:

Ако креаторот кој е сезнаен и семоќен, намерно го создал човекот да нераспознава добро и зло, чија е одговорноста за непослушноста на човекот? Како да знае човекот што е исправна а што погрешна постапка, без сознание за добро и зло? Зошто воопшто му го оставил тоа сознание на дофат, ако несакал човекот да го земе?
 
Гледаш дека не го обвинува за неразликување на добро и зло.
Ова се последиците од непослушноста на директната заповед, Адам да нејаде од плодот на дрвото.
Ова е средба на две волји, Божјата и човечката.
Ова нема врска со морал и казна, туку со промашување на целта(грев), смислата за тоа зошто е создаден светот и човекот.

Ако ова е садизам(според тебе), тогаш, што е жртвата на Бог на крстот, зошто Бог умре и воскресна, според тебе ова е мазохизам... или ?
Вистинската Приказна за Адам и Ева.
 
Ако креаторот кој е сезнаен и семоќен, намерно го создал човекот да нераспознава добро и зло, чија е одговорноста за непослушноста на човекот?
Неточно, Адам знае дека треба да го слуша Бог, но одлучил спротивно.
Адам и да бил со познание на доброто и злото, сам без Бог пак е мртов.
Како да знае човекот што е исправна а што погрешна постапка, без сознание за добро и зло?
Нема потреба од вакво знаење за да биде жив.
Зошто воопшто му го оставил тоа сознание на дофат, ако несакал човекот да го земе?
Бог сакал да му го овозможи тоа познание, кога човекот ќе бил подготвен за тоа.
 
Нема потреба од вакво знаење за да биде жив.

Бог сакал да му го овозможи тоа познание, кога човекот ќе бил подготвен за тоа.
овие две изјави ти се контрадикторни. еднаш нема потреба, за одма следното да биде дека му овозможил.
зошто би му овозможувал ако нема потреба?
 
Неточно, Адам знае дека треба да го слуша Бог, но одлучил спротивно.
Ако Адам разликувал добро од зло, зошто му е забрането сознанието за добро и зло?
Нема потреба од вакво знаење за да биде жив.
Не за да биде жив, туку за да може да знае која постапка е погрешна а која исправна, Ако незнаеш што е добро а што зло, како ќе разликуваш погрешно и исправно?
Бог сакал да му го овозможи тоа познание, кога човекот ќе бил подготвен за тоа.
Зошто тогаш му го поставил на дофат? Зошто допуштил да се случи нешто кое нетреба, кога е семоќен и сезнаен?
 
овие две изјави ти се контрадикторни. еднаш нема потреба, за одма следното да биде дека му овозможил.
зошто би му овозможувал ако нема потреба?
Затоа што знаењето не е егзистенцијална категорија.
 
Не за да биде жив, туку за да може да знае која постапка е погрешна а која исправна, Ако незнаеш што е добро а што зло, како ќе разликуваш погрешно и исправно?

Зошто тогаш му го поставил на дофат? Зошто допуштил да се случи нешто кое нетреба, кога е семоќен и сезнаен?
Заради слободата, сети се дека читаш Битие, поврзи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom