Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Убиството е опрадвано во самоодбрана, кога се брани личниот живот, народот или татковината, односно само ако нечие убиство е единствен начин за спречување на поголемо зло. Се разбрира, и за таквото убиство е потребно соодветно покајание, а не саооправдување.

Амин
 
Колку се оправдани убивашата и прогонувањата на евреите? Има многу примери низ историјата.
И колку се оправдани убивањата т.е. бесењето на некои жени поради наводно вештерсто? Исто така има многу примери во историјата.
Господинот Фландерс ќе има многу дилеми околу одговарање на овие прашања исто така и грешки, моја претпоставка.:)
Тоа дека љубов тогаш постоела. Од љубов ги носеле на клада.
 
Зошто го игнорираш фактот дека неможе да создадеш некого без сознание за добро и зло и потоа да го казнуваш затоа што не те послушал?! Тераш инает или толку ти е капацитетот па не сваќаш?
Незнам чиј капацитет е во прашање(највероватно нешто трето е во прашање во ситуацијава, но не е битно) еве повторно:
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 2

16 Господ, Бог, му заповеда на човекот, велејќи: „Јади слободно од секое дрво во градината,
17 но да не јадеш од дрвото за познавање на доброто и злото! Во денот кога јадеш од него, навистина ќе умреш!”
Воспитен дел.
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 3

9 Господ, Бог, го повика човекот и му рече: „Каде си?”
11 Тогаш му рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од дрвото, за кое ти заповедав да не јадеш?”
13 Господ, Бог, и рече на жената: „Што е тоа што го стори?” „Змијата ме измами, па јадов,”- рече жената.

Дали можеш да ја согледаш Божјата намера да ја развие боголикоста на човекот т.е. сам(човекот) да научи да се служи со дарот на слободата, наместо некаква банална намера: „еве ти правило што неразбираш како да го исполниш, за да Те(Бог) казнам.“
 
Последно уредено:

Човече! Зошто му го ускратил сознанието за добро и зло?! Како може некој да знае дали постапува исправно или погрешно, ако нема сознание за добро и зло?! Не е ова квантна механика, едноставен логички аргумент е! Што се правиш мутав со сила?
 
Тоа дека љубов тогаш постоела. Од љубов ги носеле на клада.
Да, приредувале свечености и дури воопшто не ги малтретирале околу подготовките јадните вештерки, се ги чекало на готово, јаже, публика и поп. Само пуканки фалеле сцената да би била комплетна.:(
Јас мислам дека само во оние племенски религии и верувања се давале човечки жртви. Обично жртвата е животно, кое подоцна се јаде или се дели по сиромашните (зависи која религија е во прашање). Е сега ако тие одредени лица ги сметале за животни и жртвени јагниња луѓето ,тоа само зборува за тој систем на управување на црквата и со самото тоа оцрнување на религијата т.е. во овој случај Христијанството.
 
Љубов невидена.... кажи а?
 
Љубов невидена.... кажи а?
Не верувам дека биле жртвени убиства, тоа било љубов кон парите, моќта, политиката под религиска маска. Нема врска со нас.
И ден денес се прават спектакли од смртта, на крај некој е побогат
 
Имаш право. Поголема љубов кон парите на свештениците немало ни ќе има.
А и за другото си во право нема побогати од свештениците (со чест на понекој исклучок).
 
Човече! Зошто му го ускратил сознанието за добро и зло?! Како може некој да знае дали постапува исправно или погрешно, ако нема сознание за добро и зло?! Не е ова квантна механика, едноставен логички аргумент е! Што се правиш мутав со сила?
Не се жесточи! Јас сум тој што трпи. Потруди се да бидеш културен, ок? Квантната механика е обичен епистемолошки редукционизам, оттука и толку е критериум за мутавост.
Адам не бил создаден како мутав, да не разбира, глупав...
19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.

20 Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето.
Колку пати повторив дека не му е ускратено да знае ?
„Немој да јадеш, ќе умреш“ Ова е директен разговор Бог - човек. Бог го воспитува, храни, учи да ЗНАЕ.
Ова значи на Бог не му е важно ПРАВИЛОТО, туку СЛОБОДАТА т.е. човекот да биде бог.
Затоа нема КАЗНА, туку воспитување во дарот на СЛОБОДАТА.
Адам нема потреба од искуство со ЗЛОТО, за да знае и да не прекршува правила за да биде жив.
 
Човече ти како да не си го гледал Матрикс. Ти текнува кога му кажуваат на Нео дека првиот Матрикс бил создаден така да нема зло и што се случило се распаднал.
Така да на ова гледај дека не постоело зло, затоа и бил рај. И мозокот на пасење :(
 
Ако Адам имал способност да разликува добро и зло, зошто му е забрането сознанието за добро и зло?! Има ли логика јас да ти забранам да знаеш како се чита и пишува, ако ти веќе знаеш да читаш и пишуваш? И компјутеров на кој пишуваш може да даде имиња на било што, но тоа не го прави да биде способен да разликува добро од зло! Зошто во битие се вели дека одкако посегнале по сознанието им се отвориле очите? Играле криенка? Или можеби имале превез на очите? Зошто се вели дека одкако се здобиле со сознанието за добро и зло, почуствувале страв и срам за прв пат?[DOUBLEPOST=1393019090][/DOUBLEPOST]
Човече ти како да не си го гледал Матрикс. Ти текнува кога му кажуваат на Нео дека првиот Матрикс бил создаден така да нема зло и што се случило се распаднал.
Така да на ова гледај дека не постоело зло, затоа и бил рај. И мозокот на пасење :(
Види, фундаменталната поента која некој несака или неможе да ја свати е дека неможе да го ставиш во ист кош постоењето на злото со Бог кој е семоќен а кој и суди на креацијата која самиот ја создал. Ако злото има намена и постои со причина, која е поентата на страшниот суд, пеколот, гневот на Бог и слично?
 
Последно уредено:
Ако Адам имал способност да разликува добро и зло, зошто му е забрането сознанието за добро и зло?! Има ли логика јас да ти забранам да знаеш како се чита и пишува, ако ти веќе знаеш да читаш и пишуваш? И компјутеров на кој пишуваш може да даде имиња на било што, но тоа не го прави да биде способен да разликува добро од зло!
Адам не бил создаден како мутав, да не разбира, глупав...
19 Тогаш Господ, Бог, ги обликува од земја сите животни во полето и сите птици во воздухот, и ги приведе при човекот, за да види како ќе ги нарече, па како човекот ќе го именува секое суштество, така да му биде името.
20 Човекот им даде имиња на сиот добиток, на птиците во воздухот и на секое животно во полето.
Колку пати повторив дека не му е ускратено да знае ?
„Немој да јадеш, ќе умреш“ Ова е директен разговор Бог - човек. Бог го воспитува, храни, учи да ЗНАЕ.
Ова што е потцртано, а се однесува за тукушто создадениот човек-Адам, зарем не зборува за неговиот разумен(кој сеуште е неопитен на ниво на дете) капацитет, потенцијал..., со кој тешко дека може во наше време да се пофали некој, иако имаме толкава историска еволуција од тогаш до денешнава најмодерна.
Забраната не е нешто недостижно, трајно, напротив како што веќе ти кажав, Бог, човекот во директна, очи во очи релација го развива неговиот потенцијал, способност за да стигне на ниво да може да го проба „Дрвото“ т.е. да има искуство ем да проба(реално да го разликува ЖИВОТОТ од СМРТТА),ем да биде со Бог т.е. да биде жив во вечноста.
Оваа намера посебно се гледа и реализира со искупителното(она што Адам не го направи) дело, на Исус Христос.
 
Не ми одговори - Ако Адам разликувал добро од зло, зошто му е забрането сознанието за добро и зло?
 
Читај внимателно, одговорено е:
Бог, човекот во директна, очи во очи релација го развива неговиот потенцијал, способност за да стигне на ниво да може да го проба „Дрвото“ т.е. да има искуство ем да проба(реално да го разликува ЖИВОТОТ од СМРТТА),ем да биде со Бог т.е. да биде жив во вечноста.
Јасно ли е?
Адам треба да го стекне „сознанието“(уште не го разликувал добото и злото, туку Бог го учи„ да не јаде предвреме за да не умре“) со Божја помош, взаемно искуствено за да не умре, како за жал што и се случило, бидејќи Адам, СЛОБОДНО(ова е многу важно да го перцепираш), се одлучи на магиски, инстант, небезбеден..., начин да дојде до искуството на „познанието“.
Овде нема место за критика за „погрешен дизајн“.
Реалната критика е креирање нов бог.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom