Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
1. Четирите јавачи на апокалипсата (смрт, глад, војна...) се повеќе симболи за настаните пред почетокот од владеењето од антихристот, а не конкретни јавачи на коњи.
2. Промените не се толку „огромни„ колку што сакаш да ги прикажеш. Едноставно, оној кој ја составил Библијата, а тоа е Црквата, има право и да ја промени Библијата. Тешко дека ќе најдеш превод од Светото Писмо кој 100%-но одговара на записите од деловите од Писмото, забележани рачно од старозавените пророци и новозаветните Апостоли.
Конечно, смислата и целта од Светото Писмо не е да биде 100%-на копија од нечиј оригинал, туку да не‘ поучи и поправи.
Првото прашање го поставив чисто информативно, а во врска со второто тотално не се сложувам со тебе. Во сите евангелија се величи нешто или се шири т.н. божја рака т.е. сакам да кажам се ставаат корените на Христијанството со цел да може полесно да се шири. Тоа е точно безразлика дали ќе се сложиш со мене или не, постојат повеќе вариации на вистината.
А што се однесува до составувањето на Библијата требало да се вметнат силе делови ,а не да се остранат некои за кои тогашните свештеници кои се учители на денешниве (затоа и денешниве свештеници го имаат истиот став). А зошто да ги соодржи сите компонети? Затоа што многу е полесно да го составиш и прегледаш напишаното отколку тоа талкајќи по светот и собирајќи знаења истото да го напишеш.
Црквата има право да променува, но и верниците имаат право да го прочитаат она што го напишале апостолите т.е. евангелистите. Е сега ќе се постави прашањето, зошто остраниле одредени делови? Мислам дека нема потреба самиот да си го одговорам прашањето, сите го знаеме одговорот.