Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
И кои се тие зборови и молитви и на кој јазик?
--- надополнето: 6 ноември 2013 во 15:54 ---

И фер ли е ова според тебе?
Децата твои да ги плаќаат твоите гревови?
Што имаат тие со твојот грев?
Можеш ли овие констатации да ги потврдиш со библиски цитат?

Што подразбираш ти под поимот христијанин?
Кој може да биде христијанин?
И дали,на пр. Доналд ќе биде погребан како христијанин, а вели дека не верува во Божји книги и на друг начин си го замислува тоа,но сепак тврди дека е христијанин?

хатаб
Јас уште не добив одговор на моите прашања упатени кон тебе на прашањата на Исламот а притоа кукавчки ги одбегна иако беа учитиво и културно поставени!

И твоиве се многу навредливи така да нема да добиеш одговор!

Зошто би ти одговорил за Доналд кога можеби уште рано му е на типот,можеби има сеуште време да го промени својот начин на живот и делување а ти го умираш пред време и уште сакаш да му судиме!
капиш?
 
И кои се тие зборови и молитви и на кој јазик?

Секојдневните молитви се читаат/кажуваат на мајчиниот јазик, конкретно, на македонскиот јазик, или воотпшено, тоа се молитви кои се преведени на јазикот кој го користи народот од одредена помесна Црква, а самите молитви се однесуваат на активности во текот од денот.

Молитвите за истерување на демоните не ми се познати: претпоставувам дека им се познати само на поединците кои имаат таква улога во Црквата.

Во МПЦ-ОА, се користат молитви преведени на македонски јази, но и молитви искажани на црковно-словенски јазик.
 
Дали Античкиот град Петра во Јудеа е од некакво значење за Евреите и Јудаизмот и дали е споменат во Стариот Завет?
 
Како иде хиерархијата во "рајот" ангели,архангели,богови....... ?
Пратам Supernatural па се заинтересирав
 
Ме интересира ликот на Свети Никола, имате или немате усогласен став како тој изгледа/л?
 
blkwhite-santa.jpg
 
Ме интересира ликот на Свети Никола, имате или немате усогласен став како тој изгледа/л?
Сакаш да го најдеш и му ја одереш кожата со жилет?

Нема шанси, верувај.
 
Секојдневните молитви се читаат/кажуваат на мајчиниот јазик, конкретно, на македонскиот јазик, или воотпшено, тоа се молитви кои се преведени на јазикот кој го користи народот од одредена помесна Црква, а самите молитви се однесуваат на активности во текот од денот.

Молитвите за истерување на демоните не ми се познати: претпоставувам дека им се познати само на поединците кои имаат таква улога во Црквата.

Во МПЦ-ОА, се користат молитви преведени на македонски јази, но и молитви искажани на црковно-словенски јазик.

A дали Бог ги знае сите јазици, затоа што тие се менуваат со тек на време, пример Англискиот од време на Шекспир и овој современиот - се многу различни исто и српскиот од пред 300-400 години и денешниот, новиот и стариот германски, француски грчки, па и македонски не е ист со оној кој го зборуваа во Македнија прд 500 години, дали Бог ги совладува новите јазици, граматика, поими, етимологија... за да знае за што го моли некој верник?
 
Сакаш да го најдеш и му ја одереш кожата со жилет?

Нема шанси, верувај.

Скраја да е! Далеку сум од таква помисла. Сакав само да направам споредба со ликот на дрвото, но ете Лет3 ми долови една верзија.
 
Тоа што самиот народ си програсил и си дал титула на светител на дрво немора да значи нешто и веднаш да се прогласи за чудотворство.Ликот на светителот Никола нема никаква поврзаност со ликот погоре и на дрвото.Дали се работи за природен феномен,демонска игра или некаква појава-знак само времето ќе покаже.
 
A дали Бог ги знае сите јазици, затоа што тие се менуваат со тек на време, пример Англискиот од време на Шекспир и овој современиот - се многу различни исто и српскиот од пред 300-400 години и денешниот, новиот и стариот германски, француски грчки, па и македонски не е ист со оној кој го зборуваа во Македнија прд 500 години, дали Бог ги совладува новите јазици, граматика, поими, етимологија... за да знае за што го моли некој верник?

За Бога, се‘ е можно, а јазиците се најмал проблем.
 
Не е се можно, имено:

12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Ја си одам при Својот Отец;
13 и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.

Јован 14

Према ова верниците (посебно православните) сите желби и молитви би им биле исполнети, и на сите страни би правеле дела исти и поголеми од оние на Исус. А пошто не е тка, или не е вистина то што е напишано во писмото или Бог не разбира барањата кои му ги упатуваат верниците. (не го знае нивниот мајчин јазик)
 
Пример ако не си заслужил плата можеш да добиеш или не?
 
Матеј, 19.26:

„Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога се‘ е можно„.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom