Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Кој ги удостоил со титулата - толкувач на Писмо?

Сам Бог ги удостојува, ради нивната очистеност, со која Светиите ја стекуваат благодатта Христова, а особено даровите од Духот Свет.

Не случајно велиме дека она кое Светиите го составуваат како учење од Црквата, тоа (учење) е исто како сам Бог да го дал учењето.

Светиите се достојни до таа мерка, што ним Христос им се јавува, како на ликови кои се достојни да Го видат Христа Бога.

Старозаветниот пророк Мојсеј на пример, а според зборовите од Св. Василиј Велики, е практично единствениот лик, кој до таа мера бил удостоен, што ем можел да разговара со Бога, ем можел да види како изгледале нештата уште пред Светов и веков да бидат створени, како ниту еден друг лик пред и после него (после Мојсеја).
 
Откај знаат останатите дека самиот Бог ги удостоил нив?

Со што светиите покажуваат дека Бог ги удостоил?
 
Сето тоа црквата го прави секојдневно, затоа и не се спомнува како пример.....

Токму така: помошта од Црквата за верните е постојан процес, а не инцидентен настан, каде ради помошта на двајца или тројца членови, некој треба да се јави на форумов и да почне да се фали со укажаната помош.

Во Црквата, секое добро дело треба да биде добро пред се‘ пред ликот Божји, а не да биде добро дело кое некому ќе му послужи за самопофалба, од која (самопофалба) доброто дело губи на вредност пред Бога.
 
Ете Gurdjieff кажа што црквата прави во Италија.

Може ли накратко да дознаеме кои се делата, или секојдневните активности на нашата православна црква, во однос на своите верници?
 
Ете Gurdjieff кажа што црквата прави во Италија.

Може ли накратко да дознаеме кои се делата, или секојдневните активности на нашата православна црква, во однос на своите верници?

Црквата во Италија нависитна е подобро организирана, е материјално побогата и нависитна чини милосрдие.

Што се однесува до МПЦ-ОА и нејзните дејанија, имам пишувано неколку пати. Нека звичи самопофално, еве, самот сум дел од тие дејанија и можам лично да посведочам за нив.
 
Ете Gurdjieff кажа што црквата прави во Италија.

Може ли накратко да дознаеме кои се делата, или секојдневните активности на нашата православна црква, во однос на своите верници?

Заборави да каже дека христијанските свештеници во Италија редовно злоставуваат деца.

http://www.globalresearch.ca/pedoph...church-coverup-operation-at-the-vatican/18408

Многу се хумани, им нема замерка.

А овие на Мики таборот, се возат во џипови од 100.000 евра, проневерата со хотелите и кокетирањето со политичарите.

Не знам што ќе правиме на толку хуманост...
 
Откај знаат останатите дека самиот Бог ги удостоил нив?

Со што светиите покажуваат дека Бог ги удостоил?

Останатите можат прилично едноставно да дознаат како некој лик е удостоен од Бога: православната литератира изобилува со такви настани.

Она кое е најбитна особина од достојните, тоа е нивниот магнетизам да привлекуваат верници околу себе, а верниците пак, преку расположението од своите души и слушањето на нивните поуки, увидуваат дека советите од достојниците не се просто рационално-овосветовни мурдувања, туку дека тие совети не се од овој Свет.

Или, како што би рекол сам Христос: „...Кој не собира со мене, тој растура...„.

Она кое е очигледно во храмовите од МПЦ е следното: свештениците кои навистина се посветиле на својот повик, после секоја литургија, околу себе редонво собираат дел од верните, за да размнат некој муабет или корисен совет.
 
Ете Gurdjieff кажа што црквата прави во Италија.

Може ли накратко да дознаеме кои се делата, или секојдневните активности на нашата православна црква, во однос на своите верници?

Сето тоа овде е направено со добра воља и со членување доброволно на целиот народ. Секој со неговиот мал доприност, прави делото да биде големо.
А си се прашал ли:
Колку доброволци кај нас ке собереш да одат секоја сабота доброволно да собираат придонеси и да учествуваат во организацијата?
Колку луѓе одат кај нас секоја недела на црква и даваат доброволни прилози?
Колку луѓе кај нас го поклонуваат целиот имот на црквата?
 
Со оглед на тоа што Тимотеј не можел да го чита целото Свето Писмо во својата младост, и со оглед на тоа што ниту Св. Ап. Павле при себе го немал ниту Светото Писмо (како збир од Стар и Нов Завет) па ниту самиот Нов Завет, останува да заклучиме дека Тимотеј, во својата мадост можел да го чита само Стариот Завет.

Е ако де, во тоа време толку од Божјото Писмо им дадено и запишано, и тоа се подразбирало за Писмо. Подоцна кога се запишале и распространиле новозаветните писма и тие се приклучиле во канонот на Светото Писмо.
Самиот процес на канонизацијата би намал црковна, ниту историска смисла доколку и други книги би можеле да се наддаваат врз Божјиот Збор и истите да се прогласуваат за „свети“ книги, „свети“ толкувања и сл. Еве ако не ми веруваш мене, верувај му на твојот свет отец и свет толкувач Св. Атанасиј Велики кој во своето Велигденско послание (напишано во 367 година) ги навел 27те канонски книги од Новиот Завет и потоа го вели следново:

Овие книги се изворот на спасението, за оние кои се жедни да можат да се напојат со живите зборови кои ги содржат. Само во нив се содржи доктрината на побожноста. Да не се осмели човек кон нив да придодаде или да одземе. Бидејќи токму за ова Господ ги посрамоти Садукеите кога им рече „Во заблуда сте, бидејќи не го познавате Писмото“.“ (Атанасиј, Велигденско послание)

Ако христијаните не се спасуваат со читање, туку со верата во Христа, тогаш, што ќе им е Светото Писмо на христијаните?

Како што ќе им е? Па токму во Светото Писмо е опишан Христовиот живот, Христовите дела, Христовото учење. Во Светото Писмо е опишан, покажан и докажан Христовиот идентитет. Во Светото Писмо има еден куп поуки од кои што ние христијаните можеме да научиме како да живееме богоугодно, да ја дознаеме Божјава воља, да се поучиме од примерите опишани таму, да добиеме инструкции кои се задачите и целите на Црквата. Кога ние христијаните велиме „да веруваш во Исус Христос“, ние не подразбираме под тоа само да веруваш дека постоел, бидејќи и ѓаволот не само што верува, туку и знае дека Исус постои и дека е Божји Син. Поентата е да веруваш во она што Исус го поучувал, во она што Исус го направил за нас жртвувајќи се на Голготскиот крст за нашите гревови и сл.
 
Погледнете ја оваа Рисјанска скромност и доблест...

:pos::pos::pos:

pop.jpg

5177DF8F2A73834BAD67C70D1C7EAB48.jpg

Бонус:

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=96989&kategorija=13

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9E82F815A424F642B08959A1AE3C44B1
 
Е ако де, во тоа време толку од Божјото Писмо им дадено и запишано, и тоа се подразбирало за Писмо.

Да де, оти ако го кажеш спротивното, самиот на себе ќе си дајш автогол. А тоа дека „...се подразбирало...„, тоа е Твое „толкување„ и само Твое „подразбирање„ и ничие друго, понајмалку црковно.

Имено, Светото Писмо или е цело, како збир од Стар и Нов Завет, или е само делумно и нецелосно: само Стар или само Нов Завет.
 
Сето тоа овде е направено со добра воља и со членување доброволно на целиот народ. Секој со неговиот мал доприност, прави делото да биде големо.
А си се прашал ли:
Колку доброволци кај нас ке собереш да одат секоја сабота доброволно да собираат придонеси и да учествуваат во организацијата?
Колку луѓе одат кај нас секоја недела на црква и даваат доброволни прилози?
Колку луѓе кај нас го поклонуваат целиот имот на црквата?

За сите овие прашања, треба да се запрашаат свештениците од МПЦ, кои со својот пример ги носат луѓето далеку од нив.

Како што кажа Werther не можеш со џип од 100 илјади евра, со еден куп криминал, да бараш од бедниот македонски народ да биде солидарен.

Ако секој човек увиди дека тоа што го дава оди навистина во добротворни сврхи, тогаш сите ќе даваат. Тоа е во човечката психа Гурџи. Не е до црквата.

Не ја барај грешката кај овците, барај ја кај овчарот.
 
Овие книги се изворот на спасението, за оние кои се жедни да можат да се напојат со живите зборови кои ги содржат. Само во нив се содржи доктрината на побожноста. Да не се осмели човек кон нив да придодаде или да одземе. Бидејќи токму за ова Господ ги посрамоти Садукеите кога им рече „Во заблуда сте, бидејќи не го познавате Писмото“.“ (Атанасиј, Велигденско послание)

Новиот Завет е канонизиран од Црквата на трулскиот Собор, 691/892 г., што значи векови и векви после Павле и после Тимотеј, така да ниту Павле ниту Тимотеј имале претстава за обемот од Новиот Завет.

Св. Атанасиј само го составил канонот, кој е усвоен од Црквата, така да ни ради Атанасиј и канотот од 367-мата, Тимотеј пак не би имал претстава за содржината од Новиот Завет, а со оглед на тоа дека Павле нагласува што читал Тимотеј во својата младост, пак испаѓа декаТимотеј не го познавал Новиот Завет, овен она кое на Тимотеј му било достапно како евангелие или послание, но не во неговата младост.
 
За сите овие прашања, треба да се запрашаат свештениците од МПЦ, кои со својот пример ги носат луѓето далеку од нив.

Како што кажа Werther не можеш со џип од 100 илјади евра, со еден куп криминал, да бараш од бедниот македонски народ да биде солидарен.

Ако секој човек увиди дека тоа што го дава оди навистина во добротворни сврхи, тогаш сите ќе даваат. Тоа е во човечката психа Гурџи. Не е до црквата.

Не ја барај грешката кај овците, барај ја кај овчарот.

Не е само до овчарот....
Јас не ги оправдувам свештениците што возат колишта,(Ошо го оправдувам што возел 93 ролс-ројса, затоа што имал друго сваќање за религијата), би требало да се срамат од тоа, исто како и свештениците педофили.И по мене , таквите требе да се судат законски за криминал и незаконско стекнување на имовина....затвор за такви брат.
Ама размисли малку подлабоко, не ми се прави јавријата.....
Такви исклучоци ли се мерки за црквите и нивниот општ допринос за подобрување на условите на сиромашните?

Друго сакав да ти кажам...
Овде и менталитетов е таков, секое дете од мали нозе секоја сабота попладне се забавува со другите деца во структури направени од црквите, спортски игралишта, училници за забава и уметност, сето тоа во склоп на црквата.Секоја недела оди на меса и се исповедува за грешките што ги направило.....и да не набројувам сега.
А кај нас е тренд да пцуваш по се живо и диво, и да си кул да бидеш атеист, иако не си го разбрал правилното значење на тој збор. Зборувам за младите нели, кои уште мислат дека се што лита се се јаде...
 
Како што ќе им е? Па токму во Светото Писмо е опишан Христовиот живот, Христовите дела, Христовото учење. Во Светото Писмо е опишан, покажан и докажан Христовиот идентитет. Во Светото Писмо има еден куп поуки од кои што ние христијаните можеме да научиме како да живееме богоугодно, да ја дознаеме Божјава воља, да се поучиме од примерите опишани таму, да добиеме инструкции кои се задачите и целите на Црквата. Кога ние христијаните велиме „да веруваш во Исус Христос“, ние не подразбираме под тоа само да веруваш дека постоел, бидејќи и ѓаволот не само што верува, туку и знае дека Исус постои и дека е Божји Син. Поентата е да веруваш во она што Исус го поучувал, во она што Исус го направил за нас жртвувајќи се на Голготскиот крст за нашите гревови и сл.

Според Твоево мудрување, ќе испадне дека штом Св. Ап. Петар, после Педесетница, покрсти 3 000 евреи, секој од нив стави по еден примерок од Светото Писмо в рака и почна да го чита....

Или, евреите сепак го примале учењето Христово на некој друг начин? Да не ја споменувам еврејската инерција во однос на старозаветните одредби.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom