Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак да не се оддалечуваме од темата непотребно. Како и да вртите не можете да побегнете од фактот дека Пастер верувал во Бог што би значело дека неговите откритија не се откритија на атеист, туку на теист.
Спритуализмот е теизам?
 
Спритуализмот е теизам?

Изваден од контекст може да значи било што. Спирит=Дух. Спиритуалност = духовност. Духовноста секој може секако да си ја разбира. Но во случајот на Пастер да таа значи теизам, бидејќи тој зборувал за Бог и за Создател.
 
Тогаш зошто си стои дека од католицизмот кој е теизам, го зачувал само спиритуализмот?
Духовноста за тебе е исто што и религијата?
 
Неколку прашања до Христијаните.
Дали во стариот завет се оправдува убиство на неверници (и сите оние кои не веруваат во вашиот бог)?
Дали во новиот завет тоа е променето, и каде, со цитат по можност.
 
од каде доаѓа душата на новороденото бебе? или пак во кој мом додека е во стомакот тоа станува живо (или се исполнува со животна енергија)
 
Атеист, до сега немам одговорено ниту едно прашање кога при поставување ме ставиле во ист кош со MIKI1 :) Извини али навредливо е, пре би да одговорам ако пишеш Чорбаџија и Gurdjieef или Чорбаџија и spiros, зашто овие двајца имаат, какви такви, бар поблиски верувања до христијанството отколку MIKI1.
Ако од некого се дистанцирам во верувањата во мојот потпис, тоа е тој. Поздрав.
 
Е ама си бил Љутко. Ете исправено е, не ве земам „под ист кош“. Вака може?
Како кај протестантите се толкува делот со оправдувањето на убиствата во стариот завет.
 
од каде доаѓа душата на новороденото бебе? или пак во кој мом додека е во стомакот тоа станува живо (или се исполнува со животна енергија)

Душата од новозачнатиот човек, доаѓа од Духот Свет, оти само Он Е Животодателот. Така, родителите, преку своите полни/полови келии, му даваат тело на новозачнатиот човек, а Бог (Духот Свет) му ја дава душата, поточно духот животен.

Се ради за едновремен чин: родителите го даваат телото, а Духот Свет ја дава душата, слично на начинот на кој беше створен Адам.
 
MIKI1
А ти да дадеше одговор место лајк. Или пак треба да си смениш потписот под аватар од „Поставувач на неодговорени прашања“ во „Неодговарач на поставени прашања;)
 
......... како бог ја дава душата? тука ко од ништо да прави нешто? си има вреќичка со души (а и тие во вреќичето се ваљда направени од некого), па си извлекува ко магионичарот зајаче? ........ а уште почудно, зошто на секое зачнување (човечко или животинско)тој дава?
 
- Бог Духот Свет, ја твори душата од човекот во моментот кога сопружниците решиле да створат/зачнат нов човек. Духот Свет нема „залиха„ од веќе подготвени/створени човекови души, кои Он ги „дели„ наоколу па затоа секое човеково битие е неповторливо, уникатно. Во спротивно, ќе западнеме во учењето за предестинацијата од душата човекова, како примерот со учењето од Аристотел.
- Душата човекова не е „нешто„ кое се одвојува од Духот Свет, туку е створен и нематеријален дел од нашето/човековото битие (дух+душа+тело=човек).
- Духот Свет ја дава душата само кај човекот, а не кај животните и растенијата, оти нивните души се интегрален дел од нивните тела, па затоа кога растението или животинката ќе умрат, од нив не останува ништо, освен дел од материјата од која се створени. По смртта од човекот, душата продолжува да битисува во свесна состојба.
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:12 ---
MIKI1
А ти да дадеше одговор место лајк. Или пак треба да си смениш потписот под аватар од „Поставувач на неодговорени прашања“ во „Неодговарач на поставени прашања;)

...:pos:...
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:14 ---
Дали во новиот завет тоа е променето, и каде, со цитат по можност.

Лука, 6.35.
 
- Бог Духот Свет, ја твори душата од човекот во моментот кога сопружниците решиле да створат/зачнат нов човек. Духот Свет нема „залиха„ од веќе подготвени/створени човекови души, кои Он ги „дели„ наоколу па затоа секое човеково битие е неповторливо, уникатно. Во спротивно, ќе западнеме во учењето за предестинацијата од душата човекова, како примерот со учењето од Аристотел.
- Душата човекова не е „нешто„ кое се одвојува од Духот Свет, туку е створен и нематеријален дел од нашето/човековото битие (дух+душа+тело=човек).
- Духот Свет ја дава душата само кај човекот, а не кај животните и растенијата, оти нивните души се интегрален дел од нивните тела, па затоа кога растението или животинката ќе умрат, од нив не останува ништо, освен дел од материјата од која се створени. По смртта од човекот, душата продолжува да битисува во свесна состојба.
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:12 ---

...:pos:...
мики, ме зезаш нели? за болдот мислам. па како се живи животните тогаш? за да бидеш жив ти теба душа. или ....... они се живи ама немаат душа? ако така мислиш, ... тогаш :pos:
а и за НЕболдот. “ ја твори душата од човекот во моментот кога сопружниците решиле......“ како тоа ја твори ОД.... кој човек?
 
Дали во стариот завет се оправдува убиство на неверници (и сите оние кои не веруваат во вашиот бог)?
.

Пробај овде: Левит, 26.7. Има и други места во СЗ.
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:19 ---
мики, ме зезаш нели?

Да...:icon_lol:
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:20 ---
за болдот мислам. па како се живи животните тогаш? за да бидеш жив ти теба душа. или ....... они се живи ама немаат душа? ако така мислиш, ... тогаш :pos:

Прочитај го болтот повнимателно и ќе ја видиш разликата од душата човекова од онаа кај растенијата и животните.
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:23 ---
а и за НЕболдот. “ ја твори душата од човекот во моментот кога сопружниците решиле......“ како тоа ја твори ОД.... кој човек?

Ех, да знам како, сега (јас) би бил Бог...Во секој случај, душата, како изолиран дел од нашето битие, е творба од сам Бог-Духот Свет, која е „независна„ од нашето материјално тело.

Сепак, творењето на живи битија нека остане мала тајна Божја кон нас смртниците...
 
Аман бе, не биди мрза цитирај го делот.

35 Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сèвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите.

Со ова не кажува за неверниците, туку за непријателите. Непријатели може да се и од иста вера. Море неодговорач на поставени прашања. Јас едно те прашувам ти друго ми одговараш.
Пробај овде: Левит, 26.7. Има и други места во СЗ.
Знам каде се’ ги има.
Со ова не се поништува старозаветното и во:

Второзаконие, 13.5 или 13.9 и 13.10 или 13.15
или во 17.5 и 17.7
Или пак во Излез, 22,20
Или во 2 Летописи, 15,13
итн.....итн.....
Кажи ми кај тоа се поништува
 
Аман бе, не биди мрза цитирај го делот.

Ме мрзи, мореее...:icon_lol:
--- надополнето: 8 август 2013 во 19:42 ---
Кажи ми кај тоа се поништува

Паааа, имајќи на ум како делуваше Христос на своето прво доаѓање, побрзо бо рекол дека не се работи за поништување, туку за менување и надградување...

На пример, види во Матеј. 5.38-39.

И пак ме мрзи за цитирам...:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom