Дали знае некој зошто евангелието по Лука вика дека Исус е роден во времето кога Квиринеј е поставен за гувернер на Сирија(6г н.е),додека евангелието по Матеј вика дека Исус е роден годината кога Ирод Велики умрел(2г. п.н.е) ?
Матеј 2:1
Лука 2:2
???????
Податоците за точните времиња од животите од владетелите Квиринеј и Ирод се прилично различни што значи исто толку неточни...или само приближно точни.
Можеш да пребаруваш по „Нетов„ и ќе наидеш на податоци различни од овие кои си ги напишал.
Едно е битно па и најбитно:
- кога евангелистите ги пишувале евангелијата, тие самите ја проверувале точноста од она кое самите го пишувале (во спротивно би лажеле или би пишувале полувистини...) и,
- со наведувањето на одредени личности кои во верата Христова не се посебно битни а сепак запишани, евангелистите сакале да ја посочат историската точност од настаните за кои пишуваат, а меѓу тие настани секако е и раѓањето на вистинскиот Месија, па затоа евангелистите не велат дека Христос Е роден во таа и таа година, туку наведуваат период на владеење на личности кои навистина постоеле и преку чие (вистинско и историски потврдено) постоење, денес, 20 векови подоцна, можеме да бидеме сигурни дека еванглистите пишувале за вистинити настани.
Евангелистите секако дека не го користеле римско-јулијанскиот календар, затоа што еврејскиот се разликува од јулијанскиот.
На пример, симболот од верата исто така наведува историски вистинит лик, а тоа е Понтијскиот Пилат, во чие владеење со Ерусалим Христос беше распнат, но не наведува и која година Господ беше распнат.