Во ред е душо тоа, но кој е тој вечен живот, како изгледа, што ке правиме...Јас уживам додека ги гушкам моите деца, уживам во убавините на природата, во дружеењето со други луѓе идр..но, ете,повторно прашувам, можеби звучи глупо и досадно...но кој е тој вечен живот, барем малку описно некој нека ни каже?
Вечниот живот подразбира:
1. Второто Христово доаѓање.
2. Општото воскресение.
3. Пресоздавањето на Светов/Вселената.
4. Страшниот Христов Суд, кога Он ќе им суди на сечија душа и на сечие тело, после кој праведните ќе го населат небескиот Ерусалим, а неправедните ќе го населат пеколот.
5. Телото човечко ќе стане фино и продуховено, подвижно, без материјални ограничувања.
6. Праведните ќе продолжат да битисуваат во бесконечниот осми ден, ден без вечер, во близината Христова.
7. Праведните нема да се мажат, женат, множат, боледуваат, плачат, стареат и умираат, туку ќе бидат слични на англеската природа.
8. Праведните ќе ја арчат вечноста во бесконечното нивно осличнување со Христа Спасителот.
9. Не сите праведници ќе ја уживаат близината Божја, туку тоа ќе зависи од нивната лична/поединечна праведност, која ја постигнале уште во овосветовниот живот.
10. Убавините од вечноста се онакви какви окото не ги видело, увото не ги слушнало, умот и зборот не ги опишале...