Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Човек има право на избор. Слобода.
Бог го предвидел гревот и затоа не му се мешал на човекот во слободата на изборот. Бидејќи го предвидел човечкиот пад, затоа и го предвидел (уште пред да го создаде човекот) и неговото спасение, преку очовечувањето на Бог Синот, т.е Христос! Све е предвидено!
Како може се да е предвидено а во исто време да постои слобода на избор? Ако се е предвидено, тогаш која е поентата да суди и казнува, кога самиот тој предвидел да биде така?
 
...
П.С. Интересна психологија е ова кога христијанин зборува за боговите ...
Веруваш во богови? Интересно... старо... поминато...апсурдно!
Гревот постои, има своја форма, а формата му е смрт. Од моментот кога гледаш смрт околу себе, се потсетуваш и на фактот која е причината на таа смрт. Од друга страна, имаш избор на живот, на живот вечен каде таа смрт те води кон Бог кој те создал, кој сака секој еден од нас да го види со него. За таа цел, не го оставил човека да дочека смрт за да го предвкуси рајот, туку му дал (преку крштевањето) и најголем дар - причестување (тука и овде) со ТЕЛОТО И КРВТА ХРИСТОВИ, на секоја Православна Литургија. Тоа е понудата, тоа е вистината и така стојат работите а изборот е секогаш личен![DOUBLEPOST=1470331297][/DOUBLEPOST]
Како може се да е предвидено а во исто време да постои слобода на избор? Ако се е предвидено, тогаш која е поентата да суди и казнува, кога самиот тој предвидел да биде така?
Бог знае и не се меша. Толку едноставно. Знаел дека човекот ќе падне во грев, но му спремил и лек - Христос! Изборот кој секој го прави не е спречен од Бога кој го знаел претходно. Несоодветен но помалку адекватен пример ти е следниов, одиш на квиз каде водителот веќе ги знае одговорите. Тоа ти помага или те оштетува? Претпоставувам ниту едно ниту друго.
 
Последно уредено:
Смртта е другата страна на иста паричка која ја користи секоја христијанска црква во оправдувањето на нејзиното верување.
Гревот е другата.

Големиот страв на обичниот човек од смртта добро се искористи во стариот еон, но денес не оди баш добро сето тоа...

Сеуште туѓа крв и тело ќе отплаќа твои „гревови“ ако ја извршуваш својата волја? НА тоа се надеваш?
Кукавица...

П.С.
Сакаш да кажеш дека смртта е големата порта за да се биде со богот?
Така учи христијанството?
А низ животот? Само верата дека после смртта ќе начекаш бог онаков каков што си верувал дека има?
Тоа е твоја вистина, не е ок да ја презентираш како апсолутна - ќе ти го возгордее срцето и Христос - крц, ќе те прати во втора смрт, бидејќи нели една е малку. :)
 
Водителот не е семоќен, неможе да направи напреварувачот да ги знае прашањата, ниту напреварувачот е креација на водителот.
Зошто да не се меша? Зошто допушта нешто, за кое подоцна ќе суди и казнува, кога самиот велиш дека се е однапред предвидено од негова страна?
 
Веруваш во богови? Интересно... старо... поминато...апсурдно!
Гревот постои, има своја форма, а формата му е смрт. Од моментот кога гледаш смрт околу себе, се потсетуваш и на фактот која е причината на таа смрт. Од друга страна, имаш избор на живот, на живот вечен каде таа смрт те води кон Бог кој те создал, кој сака секој еден од нас да го види со него. За таа цел, не го оставил човека да дочека смрт за да го предвкуси рајот, туку му дал (преку крштевањето) и најголем дар - причестување (тука и овде) со ТЕЛОТО И КРВТА ХРИСТОВИ, на секоја Православна Литургија. Тоа е понудата, тоа е вистината и така стојат работите а изборот е секогаш личен!

Понудата е или си од кај нас или си против нас. Или ќе удоволиш на Аллаха или на Абдуллаха. Ако според природна потреба удоволиш на Абдуллаха грешен си и заслужуваш смрт, ако пак одлучиш да одиш против својата вистинска природа и удоволиш на Аллаха, вечен живот. И многу други монахињи одлучија да му удоволат на Аллаха и одат понизно, но кога ќе слегнат долу в чаршија и порачаат тост или сендвич од сендвичара и некој Абдуллах им го зеде редот тераат у пм (од искуство ти зборувам).
Немало ништо хардкор... :(

П.С реален факт е дека луѓето кои што живеат како целибати, аскети, испоснички умираат на исти начин како што и оние кои што не ја негираат својата природа. Постојат болни монаси и здрави ,,грешници" телесно, а телото беше храм госпотов нели?!

,,Кој е безгрешен нека го фрли првиот камен"

:)
 
Смртта е другата страна на иста паричка која ја користи секоја христијанска црква во оправдувањето на нејзиното верување.
Гревот е другата.

Големиот страв на обичниот човек од смртта добро се искористи во стариот еон, но денес не оди баш добро сето тоа...

Сеуште туѓа крв и тело ќе отплаќа твои „гревови“ ако ја извршуваш својата волја? НА тоа се надеваш?
Кукавица...

П.С.
Сакаш да кажеш дека смртта е големата порта за да се биде со богот?
Така учи христијанството?
А низ животот? Само верата дека после смртта ќе начекаш бог онаков каков што си верувал дека има?
Тоа е твоја вистина, не е ок да ја презентираш како апсолутна - ќе ти го возгордее срцето и Христос - крц, ќе те прати во втора смрт, бидејќи нели една е малку. :)
Одговорив дека низ ЖИВОТОТ човекот не е оставен сам, туку Христос му се дава на секој кој што сака да го прими! Секој има слободна воља да го прифати или да го отфрли. ЗНАЧИ Бог е со секој еден од нас од нашето раѓање па се до нашата смрт, безразлика дали ние сакаме да бидеме со Него или не! Он го чека нашето покајание се до последниот здив! Бог се грижи и го ЉУБИ своето создание мноогу повеќе од еден родител своето дете!
Смртта е последицата на гревот. Поради гревот дојде смртта и темнината која падна на очите на Адам и Ева кои наместо да се покајат си ја префрлуваа вината еден на друг. Преку вистинското покајание Бог му дава на секого право да го отфрли гревот од себе и да почне одново. Христос му дава рака на секого и чека, до последен здив каде смртта ќе го воведе човека или во вечниот оган или во вечната заедница со Бога и со сета Црква![DOUBLEPOST=1470332215][/DOUBLEPOST]
Водителот не е семоќен, неможе да направи напреварувачот да ги знае прашањата, ниту напреварувачот е креација на водителот.
Зошто да не се меша? Зошто допушта нешто, за кое подоцна ќе суди и казнува, кога самиот велиш дека се е однапред предвидено од негова страна?
Бог претходно предупредил! Кој ќе проба од плодот ќе умре! Бог не е лажец, сатаната е. Бог се држи до зборот, но пак не го оставил созданието во немилост туку му подготвил спасение! Семоќта на Бога не ја повредува нашата слободна воља која се ИЗРАЗУВА во правото на избор! Тука се гледа слободната воља!
 
Одговорив дека низ ЖИВОТОТ човекот не е оставен сам, туку Христос му се дава на секој кој што сака да го прими! Секој има слободна воља да го прифати или да го отфрли. ЗНАЧИ Бог е со секој еден од нас од нашето раѓање па се до нашата смрт, безразлика дали ние сакаме да бидеме со Него или не! Он го чека нашето покајание се до последниот здив! Бог се грижи и го ЉУБИ своето создание мноогу повеќе од еден родител своето дете!
Смртта е поселдицата на гревот. Поради гревот дојде смртта и темнината која падна на очите на Адам и Ева кои наместо да се покајат си ја префрлуваа вината еден на друг. Преку вистинското покајание Бог му дава на секого право да го отфрли гревот од себе и да почне одново. Христос му дава рака на секого и чека, до последен здив каде смртта ќе го воведе човека или во вечниот оган или во вечната заедница со Бога и со сета Црква!

А банту црнците, бок никогаш не им се појави на нив. Ниту имаат фејсбук да споделат слика од бокородица за среќа. Што со нив? Чак имаа и секс и славеа други бокови. Ај госпота ќе си каже не им се појавив нема да им судам што не ме славеа мене, но како госпота ќе се справи со фактот дека тие славеа грмотевици и мочуришта и остали бокови?
 
Бог претходно предупредил! Кој ќе проба од плодот ќе умре! Бог не е лажец, сатаната е. Бог се држи до зборот, но пак не го оставил созданието во немилост туку му подготвил спасение! Семоќта на Бога не ја повредува нашата слободна воља која се ИЗРАЗУВА во правото на избор! Тука се гледа слободната воља!
Што е поентата да предупреди, кога однапред предвидел и решил што ќе се случи?! Нели се е однапред предвидено? Како може да постои слободна волја, кога се е однапред предвидено?
И зошто упорно го игнорираш фактот дека не е слободната волја таа што е одлучувачка за изборот, туку особината, мотивот, потребата?
 
А банту црнците, бок никогаш не им се појави на нив. Ниту имаат фејсбук да споделат слика од бокородица за среќа. Што со нив? Чак имаа и секс и славеа други бокови. Ај госпота ќе си каже не им се појавив нема да им судам што не ме славеа мене, но како госпота ќе се справи со фактот дека тие славеа грмотевици и мочуришта и остали бокови?
Во 3та глава од посланието кон Римјаните, апостолот Павле убаво вели дека Бог ќе им суди на сите според законите Божји кои се всадени во срцето на секој човек. Бог ќе им суди според совеста. Денеска малку племиња останале без да ја чујат вистината! Црквата православна има огромна мисија на Црниот континент со нивни епископи, свештеници итд!
 
Гледаш, без проповедање на грев, смрт, страв - немаш цел од христијанството и „спасот“ што го нуди!

Ајде пробај да веруваш дека не постои грев, дека ја знаеш својата волја и што треба да правиш на Земјата - кој бог ќе ти застане на патот?
Исус? Аллах? Озирис? :)
Знам дека вака не можеш да размислуваш ни под точка разно, но ете пробај да видиш која бездна е тоа и која одговорност!

Ти ми прераскажуваш што рекле „светите отци“?
Ти проповедаш... wow :) Е сега се е вистина откако вака напиша :-)
Сето ова што го прераскажа важи само ако си христијанин и веруваш во еврејската традиција како настанал светот...

Пак зборуваш како да си на ТИ, со богот или боговите... а се се темели на верување и догма бидејќи мислам дека црквата строго ти забранува да зборуваш со богот...

Твојата интерпретација на човечкиот живот е ограничување и не се сложувам со истата... како и многу други.
Затоа и дискутираме тука...

Секој мора да прави што му е волја и тука нема никаква улога никаков бог, ниту твојот, ниту на муслиманите, ниту на хиндусите ниту мојот ниту ничиј...
Доста барате авторитет од богови и казни од истите бидејќи сте несигурни кои сте и што правите на Земјата.

Не постои смрт за човекот. Физичка да, но смрт каква што се заплашува обичниот мирјанин нема. Можеби има заборав, не знам... :) Заборавам :)

Може да зборуваш колку сакаш како во Библијата има ова или она, но за човек што не е христијанин - што вредност има Библијата? Литературна можеби?
 
Што е поентата да предупреди, кога однапред предвидел и решил што ќе се случи?! Нели се е однапред предвидено? Како може да постои слободна волја, кога се е однапред предвидено?
И зошто упорно го игнорираш фактот дека не е слободната волја таа што е одлучувачка за изборот, туку особината, мотивот, потребата?
Се е познато за Бога, не и за човекот. Никој од нас не знае што ќе се случи со секој еден од нас. Ти знаеш? Не. Јас? Не. Само одредени главни настани во иднината се откриени на човекот преку Светото Писмо. Бог знае и не се межа. До тебе е да си одлучуваш дали сега ќе одиш да се измочаш или по пет минути. На тебе е одлуката, незнам зошто не можеш да го сфатиш. Не е како кај вас, кога кармата ви е предодредена и мислите дека све си тече. Секој човек може да го смени текот на настаните со секоја своја одлука. Одлуките самиот човек ги снесува, не му се предодредени од Бога. Он само ги познава, не ги предодредува!
 
Смртта е последицата на гревот. Поради гревот дојде смртта и темнината која падна на очите на Адам и Ева кои наместо да се покајат си ја префрлуваа вината еден на друг. Преку вистинското покајание Бог му дава на секого право да го отфрли гревот од себе и да почне одново. Христос му дава рака на секого и чека, до последен здив каде смртта ќе го воведе човека или во вечниот оган или во вечната заедница со Бога и со сета Црква!
То со гревот е сумњива работа, како шо знаеме сите Адам и Ева кога живееа во градината беа лишени од познавање на добро и зло. Не знаеа ни дека постои ни која е разликата помеѓу нив. Кога змијата им понуди да каснат од плодот на дрвото на познавањето, тие не знаеа дали прават зло или добро. А госпот ги казни заради тоа. То е чисто иживљавање и хистерисување.
Грешката е кај госпот, тој или требал да ги научи Адам и Ева шо е добро а шо зло па сами со своја воља одлучат и изберат меѓу едното и другото па после ако згрешат свесно - да ги казни или дрвото да си го заштитеше ако веќе му беше од стратешка важност со не знам некои змејови или чудовишта или стално да имаше ангели кај дрвото кои ќе спречаваа да му се приближат неовластени лица.
Кога Адам и Ева ја послушаа змијата тоа за нив беше сеедно, без никаква мисла или помисла или знаење дека е тоа зло или не е зло.
Така да госпот изрече погрешна казна и еден ден и тој ќе одговара за тоа пред повисоките богови.
Можеби веќе и го казнија и госпот ради тој негов пропуст или злоупотреба на власта пошто нели како шо сите знаеме тој повеќе никаде не се појавил иако ило ветено дека пред 2000 години пак ќе дојдел и ќе воспоставел кралевство божје на земја али тоа не се случи така да е сосем веројатно дека му се одземени силите и власта и е прогнан од небото и од собранието на боговите кое се споменува во Библијата.
 
Во 3та глава од посланието кон Римјаните, апостолот Павле убаво вели дека Бог ќе им суди на сите според законите Божји кои се всадени во срцето на секој човек. Бог ќе им суди според совеста. Денеска малку племиња останале без да ја чујат вистината! Црквата православна има огромна мисија на Црниот континент со нивни епископи, свештеници итд!

Да бе, има и светци јапонци и црнци, тоа кул не викам не... оп најдат некое црнче во архива, аха, овој живеел вака, вака, вака и вака ајде ќе му направиме малку ремикс на житието ќе го ставиме светија да биде на овие племиња тука. :pos:
Многу многу одамна, иако се сомневаш во моето познавање за православието, читав житие за многу кинески православни маченици кои биле измачувани од будистите и некое си дете му ги пресекле екстремитетите, а тоа викало ,,чест ми е да страдам за Христос" чисто се сомневам дека будистите оделе со катани да сечат екстремитети поради тоа што луѓето не го прифаќаат будизмот, ова католичката црква е нели?! А после тоа житие уште толку се прашувам, зошто Христос не беше таму да ги спречи тие брутални настани, туку остави своите следбеници да бидат маченици и жртви, какви што и ги познаваме од секогаш и засекогаш! :)
Свашта човек може да прочита по премин портал и остали сајтови, touchy приказни кои ќе успеат да го стопат срцето на секоја емпатична жена во Македонија.

П.С и методистите и католиците и ЈХ имаат свој мисии. И за тоа постои одлична изрека...

quote-when-the-missionaries-came-to-africa-they-had-the-bible-and-we-had-the-land-they-said-let-us-desmond-tutu-274309.jpg
 
Ајде пробај да веруваш дека не постои грев, дека ја знаеш својата волја и што треба да правиш на Земјата - кој бог ќе ти застане на патот?...
Ма неможам од моментот кога гревот ПОСТОИ! Мојата ВОЉА е изразена во свесно верување Во Христа, следење на Неговите заповеди и живеење СО НЕГО уште овде на земјата!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom