Да, во принцип може да има ефект, но не на начинот на кој е наменет обичен димер и во практика најчесто не е правилно решение.
Класичниот димер со тријак не го намалува напонот линеарно, туку ја сече синусоидата и со тоа ја намалува ефективната вредност на напонот на товарот. Од аспект на самиот грејач, не е важно дали напонот доаѓа помеѓу фаза и нула или помеѓу две фази, тој „гледа“ само моментална разлика на потенцијал, така што теоретски фазно сечење може да се направи и помеѓу две фази и ќе има намалување на снагата.
Проблемот е што речиси сите димери се конструирани за работа помеѓу фаза и нула. Нивната електроника ја користи нулата како референца и како напојување, па кога ќе се приклучат помеѓу две фази, нема стабилна референца и најчесто работат нестабилно, неправилно или воопшто не работат. Дополнително, иако велиш да се занемари напонот, во реалноста напонот помеѓу две фази е значително поголем и повеќето димери не се изолирани и не се проектирани за такви услови