Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со вакво редукционистичко толкување на втората Божја, радо ќе Те примат у т.н. „христијански центар„ во Дебар Маало...:icon_lol:
--- надополнето: Nov 28, 2011 11:34 AM ---

Ај напрај си го есапо и кажи ми/ни‘, колку пари си поарчил „у грчка„ во „кафиќи„, во дискотеки, за помодни глупости и лудост и тн....А плачеш кога треба да платиш за крштевка или венчавка, или погреб, за кои се плаќа една во животот.

П.С.

Кој го тоа „сотре„ народов? МПЦ? Некој друг?....
А ај ти мене одговори ми на ова.

Нели со крштевањето го прифаќаш христијанството? Е сеа, како тоа треба да платиш за да бидеш христијанин? Кому тоа плаќаш?
 
Нели со крштевањето го прифаќаш христијанството?

Не, со крштевањето се мијат наследените гревови, а пошто крштевањето најчесто се врши на ниска/бебешка возраст, не мора да значи дека бебето го прифатило христијанството. Крштевањето е и стекнување билет за членство во Црквата, кој (билет) не мора и да биде искористен од крстениот-тоа ќе биде негов избор.
--- надополнето: Dec 1, 2011 8:49 AM ---
Е сеа, како тоа треба да платиш за да бидеш христијанин? Кому тоа плаќаш?

Не се плаќа било што, туку му се плаќа на свештеникот, кој ја извршил Светата Тајна крштевање, заедно со миропомазание. Во Црквата, верните им плаќаат на свештениците, а свештениците, кои се повикани да бидат само свештеници и кои не смеат да имаат друга „занимација„, освен да бидат свештеници, живеат само од својот свештенички повик.
 
Не, со крштевањето се мијат наследените гревови, а пошто крштевањето најчесто се врши на ниска/бебешка возраст, не мора да значи дека бебето го прифатило христијанството. Крштевањето е и стекнување билет за членство во Црквата, кој (билет) не мора и да биде искористен од крстениот-тоа ќе биде негов избор.

Дали ако некој што не е крстен, посака да членува во црквата, и при тоа ве излаже дека е крстен, тогаш, имате ли начин да утврдите дека ве излажал, одноно дека не е крстен?

Кај муслиманите ќе го соблечат, ако е сечен, тогаш добро е:P

Тука, како ќе утврдат светите оци дали типот лаже дека е крстен?
 
Секој кој е крстен според црковниот ред, добива и документ од Црквата, т.н. „крштеница„ (и така некако) и тој документ е валиден доказ дека крстениот не лаже.
 
Ова со документот е се разбира библиска традиција. Сигурно некаде во библијата пишува дека треба да постои црква која издава документи, за Бог случајно да не се збуни, па да пушти некој без црно на бело во рајот...
 
Не, со крштевањето се мијат наследените гревови, а пошто крштевањето најчесто се врши на ниска/бебешка возраст, не мора да значи дека бебето го прифатило христијанството. Крштевањето е и стекнување билет за членство во Црквата, кој (билет) не мора и да биде искористен од крстениот-тоа ќе биде негов избор.
--- надополнето: Dec 1, 2011 8:49 AM ---

Не се плаќа било што, туку му се плаќа на свештеникот, кој ја извршил Светата Тајна крштевање, заедно со миропомазание. Во Црквата, верните им плаќаат на свештениците, а свештениците, кои се повикани да бидат само свештеници и кои не смеат да имаат друга „занимација„, освен да бидат свештеници, живеат само од својот свештенички повик.

Пријателе, не се разбираме убаво. Јас знам дека се плаќа на свештеникот, туку друго ми беше поентата. Еве ај да речеме јас имам семејство и ми се родило детенце. Но јас немам пари. Сакам да го крстам моето дете, но свештеникот ми вади ценовник. Како тоа јас треба да платам пари за да моето чедо има „билет“? Кому плаќам јас? На севишниот? Жими ова му требаат него пари ако е севишен. Сеа очекувам одговор од типот „Тие пари се наменети за заедницата“, ама ај кажи ми кој тоа е потпомогнат од заедницата? Свештениците секако, но кој од оние на кои стварно им е потребна помош се помогнати?

(патем, имам примери кои биле одбиени да ги крстат своите чеда поради тоа што немале да платат)
 
Вистинскиот верник не прашува за цена:D однапред се знае и се верува дека цената што ја кажал Божјиот пратеник, во случајов попот со пивски стомак, е таа вистинската.

Те поздрави лицитацијата на лопатите:pos:
За среќниот купувач на лопатата нема ништо подрагоцено и повредно во неговиот живот, од таа лопата :sneaky:
 
Пријателе, не се разбираме убаво. Јас знам дека се плаќа на свештеникот, туку друго ми беше поентата. Еве ај да речеме јас имам семејство и ми се родило детенце. Но јас немам пари. Сакам да го крстам моето дете, но свештеникот ми вади ценовник. Како тоа јас треба да платам пари за да моето чедо има „билет“? Кому плаќам јас? На севишниот? Жими ова му требаат него пари ако е севишен. Сеа очекувам одговор од типот „Тие пари се наменети за заедницата“, ама ај кажи ми кој тоа е потпомогнат од заедницата? Свештениците секако, но кој од оние на кои стварно им е потребна помош се помогнати?

(патем, имам примери кои биле одбиени да ги крстат своите чеда поради тоа што немале да платат)

Види сеа, секогаш кога некој ќе (ми) рече дека родил нов човек, а истовремено е токлу финансиски „утепан„ што ѓоамити нема да плати крштевка, ја на то паѓам на задник, т.е не му верувам. Јас сум сведок на случаи кога свештеници самите изјавуваат дека се расположени да извршат кртевка без плаќање, а Ти ми поставуваш некоја претпоставена ситуација, во која некој си таму „као„ има бебенце а „као„ немал да плати за крштевка. Е ми, што татко (или мајка...) е тој, кој бил свесен дека зачнува нов човек, а не одвоил од џебот и за да го крсти тоа кое го зачнал? Во крајна линија, како мисли таквиот татко да го израсне новиот човек, кога нема да му плати ни за крштевка? :unsure:

Значи, од онаа сума пари, кои верните ја плаќаат до свештениците, таа сума пари се дели за повеќе потреби од Црквата, а дел од тие пари остануваат за самиот свештеник.
 
И пак ме вртиш у круг. Јас се ставив во таа ситуација само за да ти објаснам подобро. Ти кажав дека познавам луѓе кои биле во таква ситуација. Еве да речеме имале убава работа и имале пари кога го зачнале детето, ама им се дешава нешто и завршуваат скоро на улица. И што треба, да го убијат откако ќе го родат?

Не ми беше тоа целта, да не одиме офтопик. Од прегеска ми избегнуваш нешто. Кажи ми како тоа јас ако сакам да се декларирам како верник, треба да платам? Дали кога го крштевале Исус во Јордан, Исус му платил на Јован?
 
Од посланието на апостол Јаков

Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат.
Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.” Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува.
Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами.
Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт.

Имено, кога Бог го создал човекот ја имплементирал и неговата похотност во битието. Тогаш како може да се рече Бог не искушувал?
 
И што треба, да го убијат откако ќе го родат?

Бог да чува од такво нешто...

Во Црквата, верните кои немаат пари за одредена потреба, можат да се обратат кај другите верни, или да позајмат пари или да орагнизираат колективно донирање пари за потребите од некој член од Црквата, значи, решение има...
--- надополнето: Dec 1, 2011 9:39 AM ---
Од прегеска ми избегнуваш нешто. Кажи ми како тоа јас ако сакам да се декларирам како верник, треба да платам? Дали кога го крштевале Исус во Јордан, Исус му платил на Јован?

Веќе посочив за што се плаќа.

Што се однесува до прашањето за крштевањето Исусо во реката Јордан, од Јована Крстителот, ја би Те прашал: а што потреба имаше Христос, за да биде крстен од Јована?

Во времето кога Христос беше крстен од Јована, не постоеше ниту Црквата, а со тоа, не постоеја ниту свештеници црковни, ниту црковните Свети Тајни. Но, до тогаш постоеше т.н. „десеток„. т..е 10% од приходот/имотот, кој јудеите им го плаќаа на своите свештеници.
 
Бог да чува од такво нешто...

Во Црквата, верните кои немаат пари за одредена потреба, можат да се обратат кај другите верни, или да позајмат пари или да орагнизираат колективно донирање пари за потребите од некој член од Црквата, значи, решение има...
--- надополнето: Dec 1, 2011 9:39 AM ---

Веќе посочив за што се плаќа.

Што се однесува до прашањето за крштевањето Исусо во реката Јордан, од Јована Крстителот, ја би Те прашал: а што потреба имаше Христос, за да биде крстен од Јована?

Во времето кога Христос беше крстен од Јована, не постоеше ниту Црквата, а со тоа, не постоеја ниту свештеници црковни, ниту црковните Свети Тајни.
Епа пријателе јас од прегеска прашувам како тоа за да прифатиш верување во Бог треба прво да платиш? За што треба да се плати?
 
Верувањето или не верувањето во Бога, е Твој личен избор или проблем-никој не плаќа за верување или не верување, туку плаќа за извршениот свештено-црковен чин: крштевка, венчавка, погреб, молитва, благословување куќна слава и сл.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom