Не ми е јасно како можеш да веруваш и во Кур'ан и во наука, кога тие си противречат еден на друг? Во Куранот има многу научно котрадиктори изјави како на пример:
- Машкото семе (спермата) излегува од пределот меѓу рбетопт и ребрата
"Па, нека човекот погледа од што е создаден, создаден е од капка семе (сперма) што се исфрла, која излегува меѓу 'рбетот и ребрата." (
Сура 86:5-7, Куран)
-Постојат 7 неба меѓу кои се наоѓаат Сонцето и Месечината, а ѕвездите се наоѓаат во најдолното небо (внимавајте според Куранот ѕвездите се наоѓаат поблиску од Сонцето и Месечината!

)
„Ние, навистина, го разубавивме до вас најблиското небо со ѕвезден накит, и го штитиме од секој шејтан пакосен, за да не го слушнат гласот на возвишените чети кои ги гаѓаат од сите страни. “
(Сура 37:6-8, Куран)
„Да, Ние небото на овој свет со ѕвезди го разубавивме и одредивме да фрла камења по шејтаните.“ (
Сура 67:5, Куран)
Очигледно Мухамед не знаел дека тие светулки што паѓаат од небото се метеори, па согласно тогашното човечко (никако Божјо!) разбирање помислил дека тоа се ѕвезди што паѓаат па умешно нашол и објаснување со која цел паѓаат "ѕвездите".
Слично се вели и во хадисите, цитирам:
„Создавањето на овие ѕвезди е со три цели: да го декорираат небото, како проектили да ги гаѓаат шејтаните (ѓаолите) и како знаци да ги водат патниците. Па ако некој се обиде да побара друго објаснување, тој е во заблуда и залудно губи време. “ (
Bukhari vol.4 book 54 ch.3 before no.421 p.282)
- Исто така пророкот Мухамед не знаел дека Јупитер, Сатурн, Меркур, Марс и Венера се планети и мислел дека се ѕвезди кои се движеле заедно со Сонцето и Месечината, додека сите останати биле неподвижни (а денес се знае дека и другите ѕвезди се движат)
„Пророкот (Мухамед) одговорил: Али, има пет ѕвезди: Јупитер
(al-birjis), Сатурн
(zuhal), Меркyр
(utarid), Марс
(Bahram) и Венера
(al-zuhrah). Овие пет ѕвезди изгреваат и се движат како сонцето и месечината, и се движат заедно со нив. Сите останати
ѕвезди се обесени на небото како што светилките се обесени во џамијата.“
(
al-Tabari vol.1 p.235-236)
Се разбира дека е рефлектирана светлина. Каква врска има прашањево со темата?