Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Zivotnite site toptan ke idat u raj i automatski se vaskresnuvaat nego za konjstipi buvi i bubasvabi nema nisto, ne ni uklapaat u estetika i zatoa za niv unistuvanje!
 
И мене ме интересира нешто слично -дали во некоја секуларна држава може да се склопи брак само во една институција (црковна или државна) па документите да се разменат или не. Ако е како кај нас, тоа е малку невообичаено...мислам чудно од повеќе причини па и малку можда непрактично.

Токму затоа го поставив прашањето дали може само една институција да ја заврши работата. Кој сака во црква да се венча, бујрум, негово право, да не мора да оди и во матично. Токму заради практични причини.
 
1.Зошто во црквите се продаваат ланчиња,бројаници и слична бижутерија а во некои цркви дури има отворено мали бутици кога самиот Христа во Ерусалим растури еден таков храм?

2.

Матеј: 5:27 ”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’
5:28 А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.

Марко: 10:11 И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа.
10:12 И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.

Зошто,Македонија како христијанска земја не се придржува кон овие одредби?
 
А што за тие кои нема да ја отврлат? Еве јас го почитувам Луцифер! Што ќе правиш со мене, ако се воведе Православизацијата?

Е сеа и ти! да небеше од прилеп ќе те разберев...ама вака! Како ќе излезеш сеа пред Прилепчани со вакво барање?!

А да прошеташе ти малку низ република Македонија! За тебе едноумието е начин за да се средат работите?!:uvo:

За тебе што го почитуваш луцифер, како например да бидам државник - ќе те ставам во затвор да излежуваш затворска казна против донесениот уставен закон на кои се противиш, се додека не добијам знак од небесата да те пуштам на слобода.
Не се плаши нема да те убијам или запалам зошто не сум римокатолик(римокатолиците ги спалувале неверниците).
Значи ќе те остам во живот за да не ти текни да се покаиш во последниот момент од животот кои ти е даден од Бог да го живееш.

--- надополнето ---

1.Зошто во црквите се продаваат ланчиња,бројаници и слична бижутерија а во некои цркви дури има отворено мали бутици кога самиот Христа во Ерусалим растури еден таков храм?

2.

Матеј: 5:27 ”Сте чуле дека им било речено на старите: ‘Не прави прељуба!’
5:28 А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.

Марко: 10:11 И Тој им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, прави прељуба спрема неа.
10:12 И ако таа го напушти мажот и се омажи за друг, прави прељуба.

Зошто,Македонија како христијанска земја не се придржува кон овие одредби?

Дали ги читаш мојте постови погоре што пишувам јас?
Па дали во Македонија или Србија, Бугарија, Русија и ред со ред други држави, има христијанство?
Дали има вистинска црква каде се спроведува христијанството ( Православието )? Нема.
Затоа и вака ни се случува. Ти зборуваш за што се продавало по Црквите бужутерија, па зар не гледаш дека луѓето влегуваат голи во Црквите, а ти гледаш оти се продавало.
Еве еден пример:
Влегува млада жена вцрква во Св. Благовештение во Прилеп. И се гледаја гајчите на жената. И во моментот се погоди тука т. н. Владика Пелагониски - Петар.
И еден верник му вика на Владиката, абе дедо Владика Петар, дај речии на женава да излези од црквава, вака страмота е да влегува во црква, вака облечена, ја гледаат.
И Владикава Петар му вика, ако тебе и на луѓево ако ви смета да ја гледате, мене не ми смета да ја гледам.
Каде ќе одиме со такви лажни Владици?
 
Ова ви го кажал пред сите таму?
 
Дали Христијаните сметаат дека моралот кој произлегува од оваа философија, треба да го прифатат сите луѓе на планетата?
 
1.Зошто во црквите се продаваат ланчиња,бројаници и слична бижутерија а во некои цркви дури има отворено мали бутици кога самиот Христа во Ерусалим растури еден таков храм?

Затоа што поповите и водачите на МПЦ си тераат бизнис и баш им е гајле што како правел Исус.
 
Дали Христијаните сметаат дека моралот кој произлегува од оваа философија, треба да го прифатат сите луѓе на планетата?
Моралот кој произлегува од Христовата наука е за доброто на човека. Применувањето на христијанскиот морал, го прави човекот исполнет и среќен, свесен за вредностите на животот, а исто така го учи да животот го живее во полнина. Тоа значи да животот го живееш во времето и реалноста која постои, а не во некој имагинарен, замислен простор со претпоставени морални односи.
 
Moралот не произлегува од ниедна наука и не се учи.
Инаку не би имале "срце".
 
Moралот не произлегува од ниедна наука и не се учи.
Инаку не би имале "срце".

„ Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно (расипано)“ (Еремија 17:9, Библијата)
„од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.“ (Ев. Марко 7: 21)

Колку и да звучи тоа неромантично, Бог во Библијата ни објавува дека човековото срце е расипано, болно и извор на сите овие зла што Исус ги набројува. Совеста Бог ни ја дал за да биде нашиот морален водач, но за жал и таа е затапена, расштимана, кај него повеќе, кај некого помалку. Затоа на сите ни е потребно Божјото Слово за да ни каже што е право, а што криво, што е добро, а што е лошо, што е полезно, а што е штетно, што е Богоугодно, а што не. Секако христијаните го имаат и Светиот Дух како придружник и помошник во донесувањето на правилни морални одлуки.

„Твоето слово (Боже) е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.“ (Псалм 119:105, Библијата)
 
Колку и да звучи тоа неромантично, Бог во Библијата ни објавува дека човековото срце е расипано, болно и извор на сите овие зла што Исус ги набројува.

Каков ужас од религија. Каков расипан Бог! Какво болно учење!

Зарем сите христијани на форумов ќе се сложат со ваквата слика за Господ?!?
 
Моралот кој произлегува од Христовата наука е за доброто на човека. Применувањето на христијанскиот морал, го прави човекот исполнет и среќен, свесен за вредностите на животот, а исто така го учи да животот го живее во полнина. Тоа значи да животот го живееш во времето и реалноста која постои, а не во некој имагинарен, замислен простор со претпоставени морални односи.

Не, не, јас не оспорувам дека за Христијаните, моралот кој произлегува од нивната философија, ги прави исполнети и среќни, свесни за вредностите на животот... (те читав некаде, ти ли беше тој што не гледаше смисла во овој живот ако после смртта, се заврши?)

Прашувам, дали и некој кој го прави среќен и сполнет некоја друга философија, го сметате за неправилен и “грешен“?
Т.е. дали секој човек смее сам за себе да си избере што го прави среќен и така да живее?
 
„ Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно (расипано)“ (Еремија 17:9, Библијата)
„од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.“ (Ев. Марко 7: 21)
Зошто тогаш сезнаен и семоќен бог го создал такво човечкото срце? Нели бог знае се што ќе се случи, пред да се случи! Зошто тогаш го создал човечкото срце такво?
 
Кога одам во Црква и кога слушам за тоа, верувам дека така ќе биде, зошто верата е слушнатото да го поверуваш дека така ќе биде.
Да пообјаснам подетално:
Се што правиме во животот, скриено нескријано ќе се разоткрија. На денот кога ќе умриме, по патот не носат Ангели и демони, за да појдиме до целта. А целта е за да ни кажат односно да не одредат кај ќе бидиме, Во Рајот или Пеколот, тогаш не ни се суди. Кога ќе дојди крајот на светот и кога Исус Христос ќе слези од небесата ќе воскреснат сите Мртви.
Последниот ден сите ќе се најдиме на Божјиот суд и таму сето ќе се разоткрија што сне правеле, што сме мислеле. Ќе ни се суди за делата за да се разоткријат и кога тоа ќе се случи повторно ќе одиме кај што сне биле, или во Рајот или во Пеколот.

Дечко молам за одговор на прашањава што ти ги поставив.Благодарам.

Значи ти дечко не веруваш во здравиот разум,туку безрезервно ги голташ приказните од некои свештени лица кои можеби едвај завршиле богословски факс со пријатели.Веруваш дека сите милијарди мртви од постанокот на човекот до денес ќе воскреснеле да им се судело.Алал ти вера!
Да те прашам нешто дечко.
- Значи рајот и пеколот каде што сега се наоѓаат сите мртовци претставува некој вид на притвор од каде што ќе бидат оживеани и вратени пак назад на земјава за да им се суди,а?
- Што ти велат свештените лица?Кога ќе дојде крајот на светот?
- После судењето сите во воз и правец пекол/рај?Животот на Земјата згаснува?
- Дали после Страшниот Суд човекот ќе продолжи да се размножува во рајот/пеколот?
- Што ќе биде со животните и растенијата?Кој е нивниот грев?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom