Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тибериј умрел на 16ти Март 37год.
Годините на Филип и Тибериј се зависни од годината на смртта на Ирод, така што оваа математика се сведува на вртење во круг. Ако ја поместиш годината на Иродовата смрт 3 години напред, ќе испадне дека Тибериј умрел во 36тата година од новата ера. И кога од 36 ќе одземиш 37, добиваш 1 година пред нова ера. Тогаш умрел Ирод, и према затемнувањето на месечината и према години на владеење на неговиот син наследник.
Не е така пошто се вели Филип умрел по 37 години владеење, во 20 сетата година од владеењето на Тибериј. Тиберијеварта 20 година на власт паѓала во 33та година од новата ера. Тогаш умрел филип после 37 години на престол. 33-37=-4
Значи имаме лунарна еклипса во 4 та година пред нова ера, и Филип умира по 37 годинб владеење (од како го наследил татко му) во 33 та година нова ера. И еклипсата и годините се поклопуваат со 4та година Пред нова ера.
Повели докажи дека Тиберијевата 20та година на власт паѓа во 33та година од нова ера.
Невозможно е затемнувањето на месечината кое што го спомнува Флавиј да е во 4г. ПНЕ затоа што во таа година затемнувањето над Палестина било само 29 дена пред еврејската Пасха и не е возможно сите настани кои што ги опишува Флавиј да се сместат во тие 29 дена. Затоа ти реков проследи го линкот што ти го приложи погоре.
И во 1 г. ПНЕ имало затемнување на Месечината над Палестина. Во 1г. ПНЕ умрел Ирод, а не во 4г. ПНЕ.
За животот, владеењето и смртта на Тибериј, (датуми и години) пишува Светониј, Тацит, Флавиј Касиус. Тој е еден од позначајните римски императори и цели книги се пишувани за него кои и до ден денешен останаа. Детално е опишан неговиот живот, политика, војни, интриги, финансии...... се е познато и која година е роден и на колку години умрел и колку владеел. Не можеш да се вадиш на тоа дека “пред 2000 години римјаните биле неписмени и не знаеле датуми да запишат и не знаеле во која година им умреле или на престол седнувале императорите“
Во 4 та година пред нова ера се случи и затемнувањето на месечината кога према Флавиј умира Херод. Значи со докази и факти можеме од повеќе извори да докажеме дека Херод умира во 4 та година пред нова ера.
Ги разгледав линковите и никаде не најдов историски доказ дека Тибериј умрел во 37та година од новата ера, ниту пак дека Ирод умрел во 4г. ПНЕ. Таков доказ нема. Впрочем, да имаше ти ќе го постираше. Но ти постираш само верзии од толкувања на историјата. Тоа не е факт, ниту доказ. Тоа е вера, која јас ти ја почитувам.
Не протестирам против ништо од тоа што наброја. Протестирам против твоите неосновани тврдења. Приложуваш линкови на кои што пишува "Тибериј умре 37г нова ера" без ниту еден доказ за тоа. Приложуваш линкови на кои што пишува "Ирод умрел 4г. ПНЕ", без ниту еден доказ за тоа. Затемнување на месечината немало само во 4г. ПНЕ, туку имало и во 5г. ПНЕ (и тоа два пати) и во 1г. ПНЕ. Во 1г. ПНЕ затемнувањето друи било и целосно над Палестина, а во 4г. ПНЕ било само делумно.
Јас не сум осамен во моето тврдење. Јас можам да приложам стотици линкови на кои што пишува дека Ирод умрел во 1г. ПНЕ. И шо сеа, кој повеќе линкови ќе наведе, тој има повеќе истомисленици и тој е во право? Од кога тоа мнозинството ја одредува вистината? Знаеш ли какви научни небулози верувало мнозинството низ вековите? Барем ти добро го знаеш тоа, кога веќе бараташ со историјата.

Мислам дека на линкот за Светониј ќе најдеш кога умрел Тибериј.Just sayin...
Ќе можеш ли да ми го цитираш делот од линкот на Светониј каде што пишува дека Тибериј умрел во 37та година?