Болдираните ти се претпоставки, ти тоа не го знаеш, и да постои бог ти не можеш да кажеш што за него постои и дали е непроменлив, не си му рамен за да го знаеш тоа.
За ваквото знаење ти реплицирав на една друга тема.
Сосема е точно дека не можам никогаш да Му бидам рамен, ниту да Го „осознаам“ и тука веќе настапува големата разлика на источната (апофатичка) мистична и западната (рационалистичка) теологија.
Јас не сум „квалификуван“, ни по образование, ни по спознание да спорам понатаму, но, прифаќајќи го знаењето на оние од пророштвото на Исаија, цитирано погоре, ќе ги спомнам „За Божествените имиња“ - свети Дионисиј Ареопагит и „Правилно исповедање на православната вера“ - свети Јован Дамаскин (и двете ги има на македонски јазик во издание на Табернакул и Икона, соодветно).
Законитостите (научни) ги создале луѓе како мене и тебе, како апроксимации со кои најдобро може да се опише она што е „во времето“, па ќе се осмелам да речам, го конвенционирале и самото време (преку мерки и стандарди). Не гледам како тоа ја исклучува семоќноста и сезнаењето Божјо? Велам само дека, по моето сфаќање, за Некој Кој Е безвремен, знаењето за времето е неспоредливо поинакво од нашето, кои го набљудуваме историското време како време кое тече....Сезнаено битие мора да знае за се, вклучувајќи и за времето, бидејќи тој самот го креирал таквиот универзум во кој времето тече според тие утврдени законитости. Ако не знае, не е бог, туку ситен заебант.