Прашања за Христијанството I

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
По уренек на темата околу Исламот...еве уште една слична тема..каде ќе можете да поставувате прашања на се што не сте знаеле, ви било нејасно или збунувачко околу христијанството како религија...На тој начин ќе ги избегнеме сите непотребни офтопици кои се јавуваат на подфорумот. Внимавајте при поставувањето на прашањата и на одговорите...
Повелете...
 
Мене ме интересира ИМЕТО НА БОГА. Кое е името на Бога, со кое вие секојдневно му се обраќате, или поконкретно кажано,дали Бог има или нема име.
Благодарам!
 
Мене ме интересира ИМЕТО НА БОГА. Кое е името на Бога, со кое вие секојдневно му се обраќате, или поконкретно кажано,дали Бог има или нема име.
Благодарам!
..кога би го поставил ова прашање би го добил одговорот "јас сум"...или.... Јахве...но има уште многу други..низ целта Библија..еден вид додатоци изведени од името
 
Господ-...Јас Сум Оној Кој Сум, Кој вечно постои...(името)
Бог-беспочетно, бесконечно, бескрајно и неспознатливо (битието).
 
Ме интересира за куќниве слави или имендени...

На пример ако денес е Св. Никола, зошто некои луѓе одат на слава синоќа... значи ден пред празникот вечерта, тоа не ми е јасно...
 
Ме интересира за куќниве слави или имендени...

На пример ако денес е Св. Никола, зошто некои луѓе одат на слава синоќа... значи ден пред празникот вечерта, тоа не ми е јасно...
Од кога се славите дел од христијанството?
 
Сите тие слави се практикуваат како т.н. „трпези на љубовта„, на кои се собираат поедини личности, не заради јадење и пиење, како што е кај нас најчеста пракса, туку заради заедничарење, онака како што тоа го чинеа Апостолите и првопокрстените рисјани. Значи, собирање, заедничарење во име Христово или во името од Светителот на кој му е посветен денот, како можност за меѓусебна непосредна комуникација, богословење и богомудрување, а не јадење и пиење, т.е. цревоугодување, угодување на стомакот.
 
Да....Секогаш кога имам временска можност.
 
Јадиш, пиеш, мезиш...?

Или само заедничариш?
 
Јадиш, пиеш, мезиш...?

Или само заедничариш?

Од се по малку...Фала Богу, за јадење имам и дома, но побитна е средбата со истомислениците, со кои може да се размени некое слово Божјо, а не да се полни стромакот. Не е забрането и јадењето и пиењето, секако, но е од второстепено значење.
 
Никогаш..не одам
Не ти замерил некој досега, не ти рекол каков верник си ти кога недоаѓаш?

Го велам ова знаејќи какви се македонските верници, не велам дека ти незнаеш како треба да се почитува верата или слично...

Онака, дали си имал такви ситуации?


Од се по малку...Фала Богу, за јадење имам и дома, но побитна е средбата со истомислениците, со кои може да се размени некое слово Божјо, а не да се полни стромакот. Не е забрането и јадењето и пиењето, секако, но е од второстепено значење.
значи се побиваш самиот
Значи, собирање, заедничарење во име Христово или во името од Светителот на кој му е посветен денот, како можност за меѓусебна непосредна комуникација, богословење и богомудрување, а не јадење и пиење, т.е. цревоугодување, угодување на стомакот.
 
Не, не се побивам. Ти се обидуваш да ме побиеш. Јас ти ја објаснив логиката од куќните слави и го постави редот од битните и помалку битните работи. Пошто немам секојдневна прилика за разовор на верски теми, славите добро ми доаѓаат. А јадење и пиење имам и дома, но не и можност за богомудрување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom